Со бесплатниот онлајн курс Математика во Python им помагаме на средношколците да ги подобрат математичките вештини

Курсот е единствен од ваков тип кај нас, содржи повеќе од 13 часа снимен материјал на македонски јазик и чини 700 евра, но корисниците го добиваат бесплатно.
matematika-vo-python | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас, Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) бесплатно го нуди онлајн курсот Математика во Python за да ги поттикне учениците да ја искористат моќта на програмирањето при справувањето со математичките предизвици, но и да им помогне да ги подобрат математичките вештини и способностите за решавање проблеми. 

Курсот е единствен од ваков тип кај нас, содржи повеќе од 13 часа снимен материјал-124 видео лекции на македонски јазик во кои се обработуваат повеќе математички области со помош на најпознатиот програмски јазик Python. Креиран е од страна на Петар Јолакоски, професор на факултетот и помлад истражувач во Центарот за компјутерски науки и информатички технологии во МАНУ.

За кого е наменет бесплатниот онлајн курс Математика во Python?

Овој курс е наменет за средношколци, за сите што имаат основно разбирање од математиката стекнато во средно образование, но и за оние што сакаат да го користат Python како алатка за продлабочување на нивното разбирање на математички концепти. Дизајниран е за почетници кои сакаат да учат математика и програмирање истовремено, но и за оние што веќе имаат одредено математичко знаење и сакаат да ги подобрат своите вештини со помош на Python.

„Овој програмски јазик им овозможува на луѓето да ги надминат границите на традиционалното математичко образование преку можноста за експериментирање. Тој нуди основа каде математичките идеи оживуваат преку визуализација, интерактивни симулации и динамични истражувања. Со ова се овозможува истражување, анализирање и изразување математички концепти во опиплива форма“, вели Јолакоски.

Што стекнуваат сите што ќе го поминат курсот?

Ќе развијат солидна основа за математички концепти и методи, а ќе се стекнат со вештини во алгебра, калкулус, линеарна алгебра и веројатност – потребните математички вештини за понатамошни студии во STEM (Science, Technology, Engineering & Mathematics) областите. 


Brainster Next College, кој на своите студенти им овозможува современа практична настава преку индивидуален пристап, учење од професори – експерти од индустријата, работа на реални проекти, учество на хакатони е во постојана потрага по нови образовни иницијативи што го откриваат целосниот потенцијал на студентите. Така и се роди идејата за овој иновативен курс кој чини 700 евра, но ние го нудиме бесплатно, поради тоа што веруваме дека квалитетното образование треба да биде достапно за сите и иновативните пристапи за учење можат значително да влијаат на успехот на учениците и студентите.

„Со овој бесплатен курс сакаме студентите да стекнат вредни математички вештини, додека го негуваат нивниот интерес за технологијата и страст за учење“, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на факултетот.

Инспирацијата за да го создадаме курсот Математика во Python ја добивме од првата генерација студенти на студиската насока Софтверско инженерство и иновации бидејќи забележавме дека предметот Линеарна алгебра се појави како најтежок и со најмала проодност, а воедно вакви информации добивме и од студенти што студираат на другите технички факултети.

„Затоа и решивме да креираме курс што на идните студенти, како и на сите што се заинтересирани за тоа како математиката е поврзана со ИТ, на интересен и целосно практичен начин да им помогнеме да научат како математичките принципи директно да ги имплементираат во програмски јазик. Така, не само што подобро ќе се подготват за ваков предмет во иднина, туку и ќе откријат како математичката логика им помага да бидат подобри програмери и софтверски инженери“, вели Клашниновски.

Овој курс ќе се користи и како подготвителна програма за сите запишани студенти на факултетот чии уписи се во тек. Сите заинтересирани за курсот потребно е само да се регистрираат на платформата https://platform.next.edu.mk/ и бесплатно да почнат да учат.

Бесплатниот онлајн курс Математика во Python е креиран од Петар Јолакоски, професор на Brainster Next College, со цел да им овозможиме на сите идни студенти да добијат подобра математичка основа за на факултет и брзо и лесно совладување на математички предизвици.

Почни со учење сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!