Brainster Next College – Highlights 2022

Како што деновите од новата година почнаа да се нижат, навраќајки се на најважните моменти од претходна година се спремаме за уште поголеми успеси.
highlights-2022-godina | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin


Во годината кога Brainster – лидерот во неформалното образование во Македонија го слави својот 7-ми роденден, го отвори Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) – првиот акредитиран практичен ИТ факултет кај нас. Brainster, од организација со само неколку вработени во 2015 година, денес е компанија со 50+ full time вработени и 150+ соработници, обединети од интелектуална љубопитност и пасија за креирање на квалитетни образовни продукти. Една од најважните цели на Brainster е да обезбеди висококвалитетно образование за професиите од 21-от век и денес, после 7 години постоење, низ академиите и курсевите имаат поминато над 11.000 студенти од 4 држави од кои на повеќе од 80%, Brainster им има помогнато да ја лансираат посакуваната кариера. А, со долгогодишното искуство и примената на најдобрите научени практики на Brainster Next College, се стремиме за остварување на уште поголеми успеси во иднина.

Со започнувањето на новата година, сакаме да го издвоиме овој момент и да се навратиме на најважните 10 моменти по кои ќе ја паметиме 2022!

studiraj-sega-plakjaj-po-vrabotuvanje-summer-edition | softversko-inzenerstvo | brainster-next-college
  • Успешно го реализиравме проектот „Студирај сега, плаќај по вработување!“

Brainster Next College инвестираше 2.5 милиони евра за да им овозможи на идните студенти пристап до квалитетно високообразование и го креираше проектот „Студирај сега, плаќај по вработување!“ Главниот мотив зад оваа инвестиција на Brainster Next College и отпочнувањето на овој проект беше да помогне во оттргнување на примарната грижа на студентите и нивните родители при одлуката за избор на студии – а тоа се финансиите. Овој фактор при изборот на факултет и областа на студирање е оној кој најчесто ги одвлекува студентите од посегнување по квалитетните и напредните програми. Преку проектот Студирај сега, плаќај по вработување!, Brainster Next College ја дава можноста и сигурноста овој фактор повеќе да не претставува проблем. Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува. 

karieren-otvoren-den-studenti | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Ги одржавме првиот Отворен и Кариерен ден

На 25-ти август го одрджавме првиот Отворен ден на Brainster Next College, а на крајот од настанот резултатот беше пополнета прва група студенти и резервирани места за следните! На Отворениот ден присутните имаа можност да ги пратат интерактивните практични предавања на дел од професорите на првиот практичен ИТ-факултет кај нас и со тоа да добијат увид во начинот кај којшто би се одвивале и предавањата на самиот факултет.

А, пак, на Кариерниот ден, студентите имаа можност да се запознаат со Јана Тодоровска – team lead на Partnership тимот на Brainster и Brainster Next College – главниот „виновник“ за 300+ вработувања на студентите од Brainster академиите само во 2022 година. Со голем ентузијазам и одредено неочекување да им помогне на сите студенти на Brainster Next College да го започнат своето прво кариерно искуство, Јана им ги објаснуваше сите успеси коишто досега сме ги постигнале и кои практики ни го овозможиле тоа. Во кариерната работилница се вклучија и Петар Ниновски – основач на Brainster и Brainster Next College, како и дел од професорите, а на крајот од денот, насмевките и задоволствата на лицата на студентите и родителите ни дадоа уште поголем мотив за труд и фокус да го подобруваме образованието.

prv-akademski-cas-studenti-softversko-inzenerstvo | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Ја започнавме студиската програма по Софтверско инженерство и иновации со 46 студенти

Во месец октомври ги отвориме вратите од нашиот факултет за првата генерација студенти на првиот акредитиран практичен ИТ факултет кај нас. Им посакавме добредојде на сите 46 студенти кои довербата за своите студии и иднина ни ја доверија нас, а ние ветуваме дека ќе ги исполниме нивните очекувања!

ВалериаВељкоДавидМаркоАтанасијаВладимирФилипВикторМилицаСергејЛеонидНиколаПетар и Стефан во текот на тригодишните студии ќе се стекнуваат со најпотребните ИТ знаења и вештини преку технологии кои ќе им ја отворат вратата кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет, на студиска програма која е практична, акредитирана и пред сè, креирана според реалните потреби на пазарот за труд.

prv-akademski-cas-studenti-softversko-inzenerstvo | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Го одржавме првиот академски час на Brainster Next College

На 5-ти октомври 2022, Светскиот ден на учителите, започнавме нова образовна приказна и нашата прва генерација студенти за првпат седна во студентските клупи. Срамежливи, возбудени, со мала доза на трема, но сепак насмеани и пресреќни што почнуваат нова животна авантура, која ќе ги однесе кон сигурен и успешен пат. Првите впечатоци беа одлични и денот беше исполнет со многу совети за полесно поминување на студентските денови и охрабрување да дадат сè од себе за совладување на сите препреки коишто ќе се појават пред нив во текот на овие 3 години, а и во иднина. А, студентите на Brainster Next College добија значајни и корисни совети и од алумни студенти на Brainster кои со голема пасија и деталност им го објаснија нивното искуство со Brainster и како истите практики ќе им помогнат и на нив при стекнување на нови вештини движејќи се сè поблиску до посакуваната кариера. Прочитај повеќе како си поминавме на првиот академски час на Brainster Next College!

bilten-oktomvri | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Започнаа првите предавања и бевме сведоци на продуктивната соработка помеѓу студентите и професорите

Една од најважните работи за успехот на студентите е да имаат одлични професори и ментори коишто ќе бидат со нив во текот на целиот процес и ќе им пружаат помош и поддршка во секое време. Поведени од фактот дека професорите се најважниот дел од една високообразовна институција, професорскиот тим на Brainster Next College го создадовме од врвни професионалци кои покрај екстензивното теориско познавање, имаат и значително искуство од работа во реалниот ИТ-сектор. Дополнително, студентите за време на студирањето од професоритe во континуитет ќе добиваат менторска поддршка со цел да го утврдат и применат знаењето кое го стекнуваат и да развиваат дополнителни вештини како: решавање на проблеми, критичко размислување, агилност и адаптибилност и способност за работа во тим. Прочитај повеќе за Ивица ПешовскиПетар ЈолакоскиНикола КусибојовскиМартина МицГорјан ПоповскиДамјан ОбалТоми БошковскиДарјан Раденковиќ – дел од академскиот кадар на Brainster Next College.

prv-prakticen-it-fakultet-aleksandar-klasninovski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Ги издвоивме петте принципи коишто го прават Brainster Next College поинаков од останатите

1. Прв применет (практичен) ИТ факултет во Македонија

Наставната програма на секој од предметите е создадена на начин при што прво се определува што треба практично да знае студентот по положување на испитот, па потоа со reverse engineering метод се креира програмата при што 50-70% од истата е практична (вклучувајќи ги и испитните задачи).

2. Професори со академска позадина и искуство од индустријата од земјата и странство

Покрај македонските професори, дел од нашиот професорски тим се и странски професори и предавачи, и гостински предавачи – експерти и професионалци од најголемите глобални ИТ компании како Meta (Facebook), Alphabet (Google), Apple, Amazon, Netflix.

3. Методологија на учење базирана на работа во мали групи и индивидуален и менторски пристап

Практичниот начин на учење на Brainster Next College изискува работа во мали групи и тимови сè со цел подобро стекнување на знаењата предвидени со секој предмет и успешно имплементирање и завршување на реалните проекти.

4. Student Success тим наместо класична студентска администрација

Една од главните цели на Student Success тимот ќе биде и кариерното насочување на студентите кое ќе го прават заедно со целокупниот професорски тим како и лидерскиот тим на колеџот, сè со цел овозможување на студентите да се пронајдат во ИТ кариера која ќе е соодветна на нивните силни страни и преференци за тоа каде се гледаат во иднина.

5. „Студирај сега, плаќај по вработување“ – единствен ваков проект во целиот регион, а можеби и во Европа

Целта на овој модел на студирање е да овозможиме на најдобрите студенти без разлика на финансиските можности да добијат пристап до квалитетно и практично ИТ образование. Овој модел ја демонстрира и довербата што ја имаме не само во нашите студенти туку и во квалитетот на сопственото образование бидејќи сме сигурни дека сите студенти што ќе успеат да дипломираат на Brainster Next College и се здобијат со звање Дипломиран инженер по информатички технологии, ќе бидат вработени пред или веднаш по дипломирањето. 

Прочитај повеќе за принципите на Brainster Next College.

najpopularnite-vebinari-Ivica-Damjan-Nikola-Grojan | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Ги издвоивме најпопуларните вебинари на професорите на Brainster Next College

Ивица ПешовскиНикола КусибојовскиГорјан Поповски и Дамјан Обал се едни од професорите коишто предаваат на првата генерација студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College – првиот практичен ИТ факултет кај нас. Нивните вебинари ги опфаќаат темите:

– Frontend VS Backend – A Beginner’s dilemma

– Напиши го твојот прв код во JavaScript

– Дали Data Science е кариерата за тебе?

– Design Experiences For The New Normal

Погледни ги целосните вебинари.

web-aplikacii-odblizu-so-nikola-kusibojoski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Го започнавме серијалот Предметите одблизу

Еден од главните предизвици на образованието денеска е да биде агилно во прилагодувањето кон новите вештини, алатки и методологии на работа кои со мошне динамично темпо се развиваат во рамки на дигиталните индустрии. Ние во Brainster Next College, на располагање имаме повеќе механизми за обезбедување на агилност во курикулумот, но многу важен аспект се предметите и она што го изучуваат нашите студенти што студираат Софтверско инженерство и иновации. Со цел детално да ги опишеме предметите и како учат нашите студенти го создадовме серијалот Предметите одблизу.

Еден од предметите без кои не може да се замисли студиската програма на Brainster Next College е Веб апликации. Професорот Никола Кусибојоски нѐ запознава одблизу со сето она што се изучува на овој предмет.

Покрај редовните професори, експертите од индустријата од земјава и од странство, нашите студенти ќе имаат шанса да учат и од гостинските предавачи по одредени предмети, кои се докажани професионалци во своите области. Тие на практичен начин ќе им ја приближат теоријата на студентите и ќе ги подготват за најбараните вештини на пазарот на труд.

Еден од нашите гостински предавачи со кој нашите студенти навистина уживаа е Горјан Јовановски, креаторот на познатата апликација Мој воздух, еко-активист и софтверски инженер.

Прочитај повеќе за искуството на Горјан Јовановски како гостински предавач по предметот Веб апликации на Brainster Next College.

Линеарна алгебра е предметот кој го предава Петар Јолакоски и со кој нашите студенти веднаш се запознаваат уште во првиот семестар. Совладувањето на сите поединости на оваа математичка гранка е од особена важност за идниот процес на учење и способноста за решавање проблеми, што на нашите студенти од Brainster Next College ќе им биде важно за понатамошниот кариерен равој.

karieri-vo-IT-softversko-inezerstvo | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Го креиравме серијалот Кариери во ИТ – Deep dive

Со сигурност можеме да кажеме дека во ИТ-светот се „кријат“ најпопуларните и најпросперитетните кариери во денешницата. Со цел да ги претставиме сите кариерни можности коишто им се достапни на нашите студенти по дипломирање на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College го креиравме серијалот Кариери во ИТ – Deep dive каде што ги опфативме областите на:

– Software Testing
– Data Science
– Програмирање
akademii-brainster-sertificirani | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Brainster академиите добија дополнителна вредност – сертифицираност од Brainster Next College – првиот практичен ИТ факултет во Македонија

Kако прв практичен ИТ-факултет во нашата држава, Brainster Next College, покрај 3-годишната додипломска студиска програма по софтверско инженерство и иновации, која е главно наменета за матурантите и сите оние што се заинтересирани да поминат низ формалниот високообразовен процес, влезе во партнерство со Brainster. Иновативните образовни програми на Brainster, кои на илјадници поединци им овозможија подготовка на кариерен развој, преку совладување дигитални и други вештини релевантни во новиот работен свет, добија уште една голема вредност – сертификација од првиот акредитиран практичен ИТ-факултет – Brainster Next College. Отсега, по успешно завршување на Brainster академиите, студентите ќе добиваат два сертификати – еден од Brainster и еден од Brainster Next College, што Brainster академиите стануваат единствени академии во Македонија што се сертифицирани од ИТ-факултет, односно високоoбразовна институција. Прочитај повеќе за сертифицирањето на академиите на Brainster од Brainster Next College!

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи информативна средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Нова студиска програма на Brainster Next College!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!