Што сè можеш да работиш како научник за податоци по дипломирање на Brainster Next College

Data Science е една од најпопуларните професии во денешницата. Дознај што сè можеш да работиш како научник за податоци по дипломирање на Brainster Next College.
karieri-vo-IT-data-science | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Нема сомнеж дека науката за податоци ја обликува иднината. Како што бизнисите стануваат сѐ повеќе дигитализирани, улогата на Data Science станува сѐ поважна.

Data Science се занимава со процеси кои ги извлекуваат информациите од податоците. Спој на математика, статистика и компјутерски науки, со цел да се анализираат големи количини на податоци кои ќе овозможат подобро донесување на одлуки.

Целта на Data Science е да им овозможи на организациите да донесат подобри одлуки за тоа како и каде да ги распределуваат своите ресурси, како да оптимизираат деловни процеси, а воедно и да го подобрат искуството на своите клиенти.

На студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, студентите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) ќе имаат можност да се стекнат со знаења и вештини од Data science сферата преку предметот Податочна наука кој го предава професорот Горјан Поповски.

Креирана по најсовремени стандарди, програмата на Brainster Next College ќе им овозможи на студентите да се стекнат со најбараните вештини во денешницата коишто ќе им ги отворат вратите кон многубројни работни професии.

Во продолжение, ги издвоивме 7-те најпопуларни Data Science професии

1. Data Scientist

Пронаоѓа, филтрира и организира податоци за компании. Основната работа на научникот за податоци е да решава деловни проблеми со решенија добиени од анализа на податоци и нивна обработка. Научниците за податоци потребно е да се способни да анализираат големи количини на сложени и необработени податоци за да пронајдат шеми и предвидувања кои ќе бидат од корист за организацијата при нејзиното донесување на стратешки деловни одлуки. 

Проценетa годишна плата според Glassdor изнесува: $119,856

2. Data Analyst

Како што сугерира и самиот назив на позицијата, основната одговорност на аналитичарите за податоци е трансформирање и манипулирање со големи збирки на податоци за да одговараат на посакуваната анализа за компаниите. За многу организации, оваа улога може да вклучува и следење на веб аналитиката и анализа од А/Б тестирање. Аналитичарите на податоци, исто така, помагаат во донесување одлуки со подготовка на извештаи за лидерите на организацијата, кои ефективно ги комуницираат трендовите и сознанијата добиени од нивната анализа.

Проценета годишна плата според Glassdor изнесува: $95,194

3. Machine Learning Engineer

Инженерите за машинско учење создаваат инки за податоци и испорачуваат софтверски решенија. Тие обично имаат потреба од напредни статистички и програмски вештини, како и познавање на софтверско инженерство. Покрај дизајнирањето и изградбата на системи за машинско учење, тие се одговорни и за извршување на тестови и експерименти за следење на перформансите и функционалноста на таквите системи.

Основната задача на инженерот за машинско учење е да креира програми и алгоритми кои овозможуваат машините да преземаат активности без да бидат насочени. Тие овозможуваат компјутерите да учат автоматски и да продолжат да импровизираат од искуство, без да бидат рачно програмирани.

Проценета годишна плата според  Glassdor изнесува: $123,929

4. Data Architect

Архитектот на податоци е ИТ професионалец кој е одговорен за политиките, процедурите, моделите и технологиите што треба да се користат при собирање, организирање, складирање и пристап до информации за компанијата. Задачата на архитектите на податоци е да осигураат дека решенијата за податоци се изградени на тој начин што базите на податоци можат лесно да се интегрираат, централизираат и да се заштитат со најбезбедни мерки. Тие исто така, гранатираат дека инженерите за податоци ги имаат најдобрите алатки и системи за работа.

Проценета годишна плата според Glassdor изнесува: $134,605

5. BI Developer

BI девелоперите дизајнираат и развиваат стратегии за да им помогнат на деловните корисници брзо да ги пронајдат информациите што им се потребни за да донесат подобри деловни одлуки. Тие се data-savy, користат BI алатки или развиваат сопствени аналитички апликации за BI, со цел да го олеснат разбирањето на нивните крајни корисници.

Проценета годишна плата според Glassdor изнесува: $114,210

6. Statistician

Статистичарите работат на собирање, анализа и интерпретација на податоци со цел да се идентификуваат трендовите и односите што може да се користат за информирање на организацијата. Дополнително, тековните обврски на статистичарите често вклучуваат дизајнирање на процеси за собирање на податоци, соопштување на наодите до засегнатите страни и советување на организацискиот тим.

Проценета годишна плата според Glassdor изнесува: $98,848

7. Data Engineer

Инженерите за податоци градат и тестираат скалабилни екосистеми за Big Data, така што научниците за податоци можат да ги извршуваат своите алгоритми на податочни системи кои се стабилни и високо оптимизирани. Инженерите за податоци, исто така, ги ажурираат постоечките системи со понови или надградени верзии на тековните технологии за да ја подобрат ефикасноста на датабазите.

Проценета годишна плата според Glassdor изнесува: $117,219

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.


За повеќе информации, закажи средба сега и регистрирај се на листата на чекање за следниот уписен рок!


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!