Што сè можеш да работиш како UX/UI дизајнер по дипломирање на Brainster Next College

Побарувачката за UI/UX дизајнери бележи вртоглав. Дознај што сè можеш да работиш како UI/UX дизајнер по дипломирање на Brainster Next College.
najpopularni-profesii-vo-UX/UI-dizajn | Graficki i UX/UI dizajn | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Зад секој успешен производ стои UX/UI дизајнер кој го создал изгледот на производот, како и чувството кое произлегува од истиот.

Корисничкото искуство (UX) и корисничкиот интерфејс (UI) се неверојатно важни, бидејќи не постои човек кој сака да користи непривлечни или тешки продукти за навигација.

Од таа причина, побарувачката на пазарот на труд за UX/UI дизајнери бележи вртоглав раст и овој тренд ќе продолжи да расте и во иднина.

Сè повеќе бизниси нудат конкуретни плати со цел да најдат проактивен и посветен дизајнер кој ќе се грижи за нивниот софтвер или веб-апликација.

Како UX/UI дизајнер имаш можност да работиш од дома и да бидеш поврзан со луѓето од целиот свет. Можеш да работиш и дополнително како фриленсер, а со тоа ќе имаш флексибилни работни часови и баланс помеѓу социјален и професионален живот.

Во продолжение, ги издвоивме 7-те најпопуларни UX/UI Design професии

UX Designer

UX дизајнерот е човек кој го разбира начинот на размислување на клиентот и дизајнира производи според неговите потреби. Неговата примарна цел е да го подобри корисничкото искуство земајќи ги предвид чувствата и ставовите на личноста која ќе го користи тој продукт. Како главни задачи кои ги има се: истражување на корисниците и конкурентите, интервјуирање и разбирање на потребите и желбите на корисниците, креирање прототипови на производи, како и развивање и тестирање на истите.

Проценета годишна плата според Glassdor: $102,662

UI Designer

Додека UX дизајнерот е одговорен за целокупниот изглед и чувство на производот, UI дизајнерот е одговорен само за интерфејсот. Интерфејсот е точката каде што корисникот и продуктот се среќаваат и стапуваат во интеракција. Работата на овој тип дизајнер е да создаде интерфејс кој е лесен за користење и разбирање. Тој го постигнува тоа со импресивна комбинација на копчиња, менија, search bars и сл.

Проценета годишна плата според Glassdor: $100,425

Visual Designer

Визуелните дизајнери се креативни уметници кои се занимаваат со естетиката која ја гледаме на екранот. Тие не се одговорни за тоа како корисникот стапува во интеракција со интерфејсот. Нивниот фокус е типогафија, боја, графика, визуелни ефекти и визуелно обликување на страницата. Сето тоа го постигнуваат со креирање на mood boards, изработка на дизајни со совршени пиксели, визуелни елементи и сл.

Проценета годишна плата според Glassdor: $104,063

Motion Designer

Анимацијата игра голема улога во создавање на трајно корисничко искуство. Додека визуелните дизајнери се одговорни за статичните елементи, motion дизајнерите се занимаваат со динамично искуство. Motion дизајнерот создава анимирани ефекти кога корисникот е во интеракција со екранот.

Проценета годишна плата според Glassdor: $93,336

UX Research

UX истражувачот има за цел целосно да ги разбере желбите и потребите на корисникот. Тој спроведува темелни истражувања за да добие корисни сознанија за начинот на којшто размислуваат клиентите. Зкалучоците се претставуваат на дизајнерскиот тим за да помогнат при донесување на информирани одлуки за тоа како треба да изгледа производот и кое е чувството при негово користење.

Проценета годишна плата според Glassdor: $98,761

UX Architect

Целта на UX архитектот е да ја развие структурата и протокот на дигиталното решение, без разлика дали станува збор за веб страница, апликација, софтвер, мобилна верзија итн. Архитектот спроведува истражување, интервјуа, анкети, а потоа тие информации ги преведува во sitemaps, wireframes & prototypes. Архитектот ги поставува системот и процесот што ќе се користат за дизајнирање на финалниот производ.

Проценета годишна плата според Glassdor: $130,778

UX Strategist

Главната одговорност на UX стратегот е да ги разбере потребите на корисниците и да ја направи работата со другите тимови функционална со цел да се дизајнираат и имплементираат производи и услуги насочени кон корисниците. Од спроведување на корисничко истражување до оценување и тестирање на концептите за дизајните, UX стратегистите даваат вредни информации и предлози за клучните деловни одлуки со начин на размислување насочен кон корисникот.

Проценета годишна плата според Glassdor: $124,400

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации, и Графички и UX/UI дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      |

      Онлајн Q&A сесија на 12-ти април,  19:00 часот!

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“  👉

       

      |

      Онлајн Q&A сесија

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ 👇

       

      12-ти април,  19:00 часот!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!