Search
Контакт

Почна уписот на Brainster Next College! Студирај за 0 денари, плаќај по вработување

И оваа година Brainster Next College вложува 1.2 милиони евра во финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување“.
studiraj-za-0-denari-se-do-vrabotuvanje | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki | Brainster Next College
Share

Приемниот тест за годинешниот упис на првиот практичен ИТ-факултет Brainster Next College, со кој може да се добие и можноста за бесплатни студии сѐ до вработувањето е отворен и ќе трае до крај на март.

И оваа година Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) вложува 1.2 милиони евра во финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување“, кој им овозможува на идните студенти целосно да го завршат факултетот без да платат ниту денар, а да почнат да плаќаат по вработување или дипломирање на бескаматни рати.

Целта на овој модел на студирање е да им овозможиме на најдобрите студенти без разлика на финансиските можности да добијат пристап до квалитетно и практично ИТ-образование. Овој модел ја демонстрира и довербата што ја имаме не само во нашите студенти туку и во квалитетот на сопственото образование, бидејќи сме сигурни дека нашиот уникатен практичен модел на образование ќе резултира со дипломирани студенти опремени со релевантно знаење за потребите на ИТ-индустријата.

Што претставува моделот „Студирај сега, плаќај по вработување“?

Станува збор за флексибилен модел на финансирање на студиите кој започнува со вработување на студентите – во која било фаза на времетраење на студиите или пак по нивното дипломирање и нуди флексибилност во однос на исплаќањето на школарината.

Оваа финансиска поволност, прва и единствена од ваков тип кај нас, им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации или на UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College и да ги поминат 3 годишните студии без финансиско оптоварување и дополнителни трошоци сè додека не дипломираат или не се вработат, и тоа со план за отплаќање на школарината до 36 бескаматни рати.

Нашата примарна цел е најамбициозните студенти, без разлика на нивните финансиски можности, да добијат прилика за врвно апликативно образование кое ќе води кон сигурно вработување и кариера од иднината.


Приемниот тест за годинешниот упис Brainster Next College, со кој може да се добие и можноста за бесплатни студии сѐ до вработувањето е отворен и ќе трае до крај на март.


Ако си матурант, сакаш да го промениш факултетот на кој си запишан, или пак едноставно токму сега се наоѓаш непосредно пред одлуката за избор на твоите идни студии, и имаш желба да работиш во динамичната ИТ-индустрија, за првпат во земјава имаш можност да се запишеш на високообразовна институција и да не потрошиш ниту денар за тоа додека учиш.

За да студираш на Brainster Next College потребно е да се регистрираш на Generation Next и да го решиш приемниот онлајн тест составен од 40 прашања, за 45 минути. 

Критериумите за добивање на можноста за искористување на финансискиот модел при упис на факултетот се: 

  • Кандидатите да имаат остварено над 50% поени на тестот и успешно да го поминат интервјуто кое следи.
  • Кандидатите да имаат остварено над 30% поени на тестот и успешно да го поминат второстепеното тестирање и техничко интервју.

Главниот мотив зад оваа инвестиција и поволност е да помогнеме во оттргнување на примарната грижа на студентите и нивните родители при одлуката за избор на студии – а тоа се финансиите.

„Ние цврсто веруваме дека со цел да ја оствариме нашата мисија и да овозможиме квалитетно образование, потребно е да сме на иста линија со очекувањата, способностите и афинитетите на нашите студенти”, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на факултетот.


Но, Brainster Next College не е за секој!


Нашиот факултет функционира сосема различно од типичните традиционални високообразовни институции кај нас. Заборави на учење само теорија, на досадни предавања без практична употреба на знаењето. Ние сме сосема поинакви!  

Нашите две студиски програми, Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн се иновативни, up-to-date, уникатни и вистински предизвик за студентите.

Фокусот е на праксата со цел студентите да се здобијат со практични вештини кои ги бараат ИТ и технолошките компании. Тоа не значи дека не се учи теорија, туку дека теоријата е во контекст на практичниот дел во кој се изучуваат најновите технологии и се употребува најнова литература.

Работа на реални проекти за компании, пракса во ИТ-компании, целосно имплементиран предмет во соработка со компанија партнер од индустријата, учество на хакатони на кои за 48 часа ќе правиш апликации… Многу, многу труд и учење. Ова се предизвиците пред кои се исправени нашите студенти додека студираат.

Оваа образовна методологија креирана согласно потребите на глобалната ИТ- индустрија бара строги стандарди при нејзината имплементација. 

Не се запишувај на Brainster Next College ако не си подготвен за интензивна и динамична образовна средина која константно ќе те предизвикува и турка да го остваруваш „невозможното“, која побарува редовно присуство и интеракција со ментори и професори и заради која ќе имаш многу непроспиени ноќи поминати во кодирање и дизајнирање.

Brainster Next College е за оние што размислуваат различно, што сакаат да решаваат проблеми за кои другите сметаат дека се нерешливи. За оние што сакаат да водат, не да следат, што сакаат да менуваат, не да прифаќаат. За оние кои сакаат да создаваат и се љубопитни. Кои сакаат да кршат правила и да создаваат нови. За оние што сакаат да го променат светот и не се плашат да бидат exeptional. 

Ако сметаш дека си up for the challenge, сигурно ќе бидеш нашиот следен студент што ќе го менува светот!


Приемниот тест за годинешниот упис Brainster Next College, со кој може да се добие и можноста за бесплатни студии сѐ до вработувањето е отворен и ќе трае до крај на март.


Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Psst...😎 Првиот уписен рок заврши!

      Група 1 и група 2 се
      пополнети и веќе им
      кажавме welcome на
      новите студенти.

      Приемниот тест е отворен до 1 април!
      Не е шега 🤯

      Регистрирај се на листата на
      чекање за следниот уписен рок!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!