Brainster Next College, првиот практичен акредитиран ИТ-факултет ги слави оние што размислуваат различно! Нашите студенти учат во средина што ги инспирира, предизвикува, мотивира…
Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) e место во кое никој не се грижи дали ќе се вклопи, тука се добредојдени оние што се фокусирани на напредокот и се трудат да најдат решение за предизвиците. Но, зошто е важно да се размислува поинаку?
Низ нашата историја има безброј примери кои покажуваат колку е важно различното мислење. Замислете што ќе се случеше ако Александар Флеминг не направил апсолутно ништо кога за првпат ја видел мувлата што растела на садот која после некое време почнала да го запира растот на бактериите. Додека другите можеби веднаш би го отфлиле експериментот како контаминација, Флеминг го препознал потенцијалот на мувлата и го изолирал пеницилинот, првиот вистински антибиотик. Додуша, велат дека не бил педантен, не си ги чистел садовите, па затоа увидел дека нешто интересно се случува со мувлата. Како и да е, сепак неговото „различно“ набљудување на нештата доведе до медицинска револуција, спасувајќи безброј животи.
Примерот со Стив Џобс и корисничкото искуство е исто така вреден да се спомне, бидејќи и тој се осмели да биде поинаков. Наместо само да се фокусира на спецификациите и функционалноста, тој обрна внимание на корисничкото искуство – дизајнирање интуитивни, елегантни интерфејси и ставање приоритет на леснотијата на користење. Резултат на ова „различно“ размислување се iMac, iPod, iPhone и iPad.
Како размислуваат нашите студенти?
Во нашите редови во Brainster Next College имаме многу студенти со уникатен начин на размислување. Нивните приказни се многу различни, но и исти, бидејќи сите се дел од заедница во која предизвикот е норма и сите се стремат да остават свој отпечаток во овој динамичен свет.
Ти звучи примамливо? Затоа, ти ги претставуваме нашите студенти кои не се плашат од невозможното и чии умови веќе размислуваат како да ги решат проблемите за кои никој не се осмелува да ги решава. Умови што мислат поинаку.
Првиот практичен ИТ-факултет во Македонија е местото каде различното мислење ќе ти биде моќно оружје со кое навистина ќе можеш да направиш промена.
Таква е приказната на Сара Киселовска која студира на нашата студиска програма UX/UI и графички дизајн.
Сара од нејзиното раѓање била малку поразлична од другите девојчиња. Сакала повеќе да се дружи со нејзиниот постар брат и неговите другари отколку да игра со девојчињата на нејзина возраст. Од 4 годишна возраст успешно тренирала карате освојувајќи медали во детска конкуренција на државни, европски и светски првенства.
Не е сигурна дали е поради спортот со кој се занимала или тоа е вродено, но Сара сфатила дека многу полесно ги разбира нештата и ги меморира ако ги прими визуелно, отколку да чита или да слуша за тоа. Уживала да гледа реклами на телевизија и уште во петто одделение си рекла: ,,Кога ќе пораснам ќе правам реклами и спотови’’. Нејзините родители ѝ излегувале во пресрет и ѝ овозможувале да посетува разни IT курсеви.
Вредноста на тоа да се биде уникатен
Нејзиниот колега Драган Стојчевски кој е прва година на нашата студиска програма Софтверско инженерство и иновации, пак вели дека моментот кога сфатил дека размислува поинаку од другите било за време на една дискусија која ја имал со пријатели на една спорна тема.
Неговата единствена перспектива при решавање на проблемите и справување со предизвиците е тоа што гледа на проблемите на различен начин и се труди да користи поинакви методи за да најде решение.
Тими Трајковски, кој на Brainster Next College студира UX/UI и графички дизајн не се смета за некој што мисли премногу различно од другите, ама размислува на начин што според него е логичен, едноставен и ефикасен.
Додека сите други се труделе да се “fit in the crowd”, Анастасија Василева, наша студентка од студиската програма Софтверско инженерство и иновации вели дека си одела по свое.
Анастасија вели дека дури и за 90% од нејзините идеи добива одговор дека се „луди“, но тоа ја мотивира дури и повеќе за да го докаже спротивното.
Таа ги обожава новите предизвици, па само поради таа причина често има некое ново хоби или интерес. А, кога ќе најде нешто што ќе ѝ се допадне, не престанува дури не го усоврши до максимум.
Професорите нѐ поттикнуваат да размислуваме самостојно и критички
Ако ги прашате нашите студенти зошто избрале да се запишат на Brainster Next College, повеќето го даваат истиот одговор, уникатна студиска програма, многу пракса, работа на реални проекти…Токму во оваа насока е и одговорот на Сара:
И таа, веќе ги применува знаењата во пракса.
За Драган, посветеноста и учењето се клучни фактори за успех. Вели дека студентите кои се посветени на учењето покажуваат подобри резултати и секогаш времето одвоено на учење е наградено.
За Анастасија, одлуката да се запише на Brainster Next College е една од најдобрите што ги донела досега.
Тими кој претходно учел на друг факултет, ни сподели дека едно од најдобрите нешта за него е тоа што нашите студенти имаат поддршка од професорите кои им даваат задачи, совети и активности за да се чувствуваат охрабрени да го искористат сиот потенцијал.
Совети за оние што не се вклопуваат во традиционалниот калап?
Сара, во иднина себеси се гледа како дизајнер кој ќе креира оригинални решенија кои ќе бидат уникатни, ќе привлекуваат внимание, ќе сугерираат, инспирираат и насочуваат. Нејзиното мото e: „Избери ја работата која ја сакаш, и нема да мора да работиш ни еден единствен ден во твојот живот’’. Confucius
„На сите кои чувствуваат дека не се вклопуваат во традиционалниот калап, а при тоа ги поседуваат основните човечки вредности како добрина, чесност и трудољубивост, им порачувам да не се грижат тие се во предност затоа што се издвојуваат од масата и полесно ќе бидат видени“.
Драган додава дека доколку некој не се чувствува како да се вклопува би му укажал дека секоја личност е уникатна и тоа не смее да претставува пречка.
„Различните гледишта придонесуваат кон поголеми успеси. Треба да верува дека неговиот уникатен пристап може да направи позитивна разлика. Да ги развива своите уникатни вештини кои може да донесат значајно влијание во различни области. Секогаш да биде спремен да започне нови работи и да тестира нови вештини различни од оние кои ги користел до сега“.
Тими пак верува дека тимската работа и соработката, односно идеите на другите лица и твоите „различни мисли” комбинирано би имале многу големо влијание на решавањето на некој предзвик.
„Мислите комбинирани од повеќе луѓе се решението на секој проблем“, вели тој.
За Анастасија, важно е да се разбере дека различноста и индивидуалноста се вредности кои денеска се најважни и смета дека нема подобра работа од тоа да си автентичен.
„Океј е да имаш свој карактер кој не секогаш ќе се вклопи во традиционалниот калап, бидејќи не мора да се вклопи“, вели таа.
Пријави се на листата на чекање за упис
Ако веќе се предизвика себе си и сакаш да учиш во средина во која студентите се среќни со нивниот уникатен начин на размислување и на место во кое ова се смета за силна страна, те охрабруваме да станеш дел од оваа заедница.
Но, сакаме да ти кажеме дека нашиот факултет не е за секој! Односно дека е за млади луѓе кои не се плашат да учат, сакаат да постигнат високи цели, да го менуваат светот, за оние што сакаат да водат, не да следат.
Пријавувањето на листата на чекање за последниот уписен рок е отворена, а со тоа ќе добиеш можност и да ја искористиш шансата за финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“. Во прретходниот уписен рок ги пополнивме сите групи.
Уписот на нашиот факултет е малку поинаков и селекцијата на нашите студенти е построга, бидејќи сакаме да сме сигурни дека во своите редови ги имаме студентите што се доволно храбри да прифатат да размислуваат поинаку и со задоволство да ги прифаќаат предизвиците.