Search
Контакт

По фармација, софтверско инженерство. Зошто да не?

Матурантот Петар Ацевски ни се приклучи во Brainster Next College уште во првиот уписен рок, на студиската програма Софтверско инженерство и иновации.
Share

Иако средното образование целосно го посветил на медицината, односно фармацијата, матурантот Петар Ацевски својата кариера ќе ја гради во сосема друга насока – Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

Toa што учел фармација, не значи дека нема вештини и за ИТ.  Напротив, вели дека продолжува во оваа насока под влијание на посветеноста кон компјутерите, видео игрите и откривањето на тоа како работи целиот систем уште во раното детство, кога имал  8 години. Одлуката му ја зацврстил и неговиот татко кој учи за софтвер тестер на академијата во Brainster.

„Секако дека и тој имаше мал удел во донесувањето на оваа одлука, односно трансферот од фармацијата во програмирањето. Најмногу ми значи тоа што според него, не гледал друга работа што би ми прилегала повеќе од програмер“, вели Петар.

Ајде да го запознаеме подобро!

Во какво сеќавање ќе ти остане средното училиште „Д-р. Панче Караѓозов“. На кој начин те обликуваше во она што си денеска?

– Тоа е местото на кое запознав многу пријатели, ме направи многу поуспешна личност, ме научи за тимска и самостојна работа и најважното, а тоа е да не се откажувам во исполнувањето на моите цели. Практичната настава која се изведуваше во фабриката за лекови „Алкалоид“, исто така ме подготви во сферата на комуникација со други лица, упорноста и снаодливоста.

Петар во Brainster Next College

Дали мислиш дека учењето треба да се ограничи само во училница или може да се научат вредни лекции и надвор од формалното образование?

– Според мене учењето не може да биде ограничено во училница поради фактот што работата како вистински и професионален програмер мора да вклучува повеќе практична настава, работа на реални проекти, соочување со вистински проблеми и најважното е примањето и споделувањето на знаење.


Ако сакаш да учиш софтверско инженерство и иновации практично, отворена е листа на чекање за последниот уписен рок на Brainster Next College.


Зошто го избра Brainster Next College за твоето образование кон софтверското инженерство?

Brainster Next College го избрав најпрвин за посветеноста и професионалниот однос од професорите кон студентите, односно посветеноста кон секој студент. Исто така и поради организираноста, условите за работа и можностите за работа коишто Brainster Next ги нуди после студирањето.

Кои се твоите долгорочни цели за кариерата во областа на софтверското инженерство?

– Долгорочни цели ми се да бидам многу професионален, добар problem-solver и спремен за извршување на повеќе задачи од една работна позиција, подобрувајќи се од ден во ден. Поконкретно се гледам себе си како DataAnalyst/DevOps Engineer.

Кои се некои од најновите трендови во софтверското инженерство што го предизвикуваат твојот интерес, што мислиш за A!?

– Мојот интерес најмногу го предизвикува ChatGPT 5.0 кој сѐ уште е во развој. Во кратки црти, ме интересира што стои во позадината на таа апликација. За вештачката интелигенција сигурен сум дека со тек на време ќе ја замени професијата на некои програмери коишто на крај ќе останат без работа.

Како го замислуваш користењето на софтверското инженерство за позитивно влијание во општеството?

– Креирање на многу нови работи, коишто би им го олеснил животот на луѓето, креирање на некои нови апликации и софтвери за минимализирање на правењто на човечки грешки.

zapoznaj-gi-studentite-petar-acevski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Како да си го организираш времето ефикасно? Како приоретизираш таскови и активности за да посветиш време на учење, задачи и одмор?

– Организирањето ми се дели на два дела – грубо и фино организирање. Грубото се однесува на креирање на активностите 7 дена однапред, односно од недела до недела. Додека пак финото се однесува на креирање на активностите во текот на денот. На прво место ги ставам задачите и тасковите за исполнување и остатото време е за одмор и дружба.

Која пасија или активност те исполнува, има ли нешто друго освен интересот кон технологијата што ти ги полни батериите?

Пасија ми се автомобили, активност-возење автомобили, хоби-работа околу автомобили. Полнењето на батериите ми се одвива најчесто со собирање со пријателите во гаража, опколени со нашите миленичиња (автомобилите). Во кратки црти работење на нив со цел да ги доведеме до совршенство што никогаш не може да биде. Исто така батериите ми ги полни и пиење на квалитетно кафе на некое отворено мирно место, опколен со најблиските.


Ако сакаш да учиш софтверско инженерство и иновации практично, отворена е листа на чекање за последниот уписен рок на Brainster Next College.


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!