Search
Контакт

Уметноста е лек, но и двигател на позитивните промени

Илијана Иваноска, матурантка од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ смета дека уметноста е главниот двигател на позитивните промени во општеството.
zapoznaj-gi-studentite-ilijana-Ivanoska | Graficki i UX/UI dizajn | Brainster Next College
Share

Црта уште од мала, но во последно време почнува да навлегува во дигиталниот креативен свет, па одлуката да се запише на факултет на кој ќе може да си го оствари својот најголем сон била прилично лесна. 

Илијана Иваноска, матурантка од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ се запиша на нашиот факултет во првиот уписен рок. Таа реши да студира на нашата уникатна студиска програма UX/UI и графички дизајн и со нетрпение чека да дојде октомври, кога ќе започне со своето ново академско патување.

За своето средно образование вели дека било прилично интересно. Забележува дека имало и нереално оценување, па затоа една од нејзините најголеми желби за промена на едукативниот систем во иднина е знаењето да биде повеќе ценето и врз база на тоа да се добиваат реалните оценки.

Запознајте ја Илијана и прочитајте што има да каже за нејзините планови поврзани со образованието и зошто се одлучи да студира UX/UI и графички дизајн!

Што всушност те привлече кон Brainster Next College и светот на UX/UI или графичкиот дизајн?

– Уште од мала сакам да цртам, но од скоро почнав да навлегувам во тој „digital art“ – свет кадешто премногу се пронајдов. И поради мојата посветеност кон уметноста сакав да го одберам вистинскиот факултет што мене најмногу ми одговара. Според тоа што имам слушнато и видено за Brainster Next College, решив дека токму тука припаѓам. Најмногу ме влечеше фактот дека има премногу позитивна атмосфера, исто така и фактот дека има пракса и не е само теорија.


Ако сакаш да учиш во креативна средина и со помош на експерти од индустријата, пријави се на листата на чекање за последниот уписен рок!


Ако треба на некој што не знае ништо за ова, да му објасниш што е UX/UI, што би му кажала?

– Како почетник што се задлабочува во овој дел од уметноста и колку што имам читано и учено досега би рекла дека UI конкретно значи User Interface. Тоа значи креирање на некаков  производ, но дизајнерот е должен да направи производ што ќе биде лесен за користење, да биде убаво среден (врз база на style, looks, etc ). Фокустот кај UI е насочен кон само дигитални производи, и тука е битна типографијата, боите, копчињата и слично. 

Додека UX или User Experience, претставува процес во кој дизајнерот или тимот е должен да создаде нови производи што на корисниците би им обезбедиле значајни и релативни искуства. Конкретно тука ни е вклучен целиот процес на создавање на производите, како и брендирањето, дизајнот, употребата и слично. Битно е да се спомне за UX дека тука фокусот е насочен и кон дигитални и кон физички производи. 

Кои се твоите долгорочни цели во кариерата во областа на UX/UI дизајн или графички дизајн? Што би сакала најмногу да постигнеш во твојата идна кариера?

– Најмногу би сакала да се подобрам и усовршам во сите аспеките од графичкиот дизајн. Да имам свој уникатен арт-стил кој би бил привлечен и интересен. Нормално, една од битните особини што треба според мене да се поседуваат во областа на графички дизајн и во глобала во уметноста е знаењето да се привлечат компании и клиенти и самата уникатност на артистот. Исто многу мене ми е битно давање на емоции на продуктот на кој се работи. Ќе биде потребно да се подобрам и навикнам да ги стасувам барањата и проектите на време.

Ни спомна дека сакаш многу да црташ, дека веќе креираш и постери. Дали веќе имаш некој специфичен стил на дизајн кон кој гравитираш?

– Сѐ уште пробувам да се пронајдам во конкретно која област на дизајнот се наоѓам. Секогаш сум цртала слободно, но во последно почнав да забележувам дека најмногу цртам и ме влечи surrealism-от, реализмот како и графити.

Како црпиш инспирација, што правиш кога си во некаква фаза кога не ти оди со креативноста? Како планираш да останеш инспирирана и да ја развиваш твојата креативност во текот на твоето идно образование?

– Инспирацијата ми доаѓа многу често, некогаш ми се случува да нацртам некој мал sketch во кој понатаму гледам потенцијал и го пренесувам или на платно или дигитално конкретно на Procreate. Кога ја губам инспирацијата свесна сум дека се јавил некој проблем кај мене или па само сум уморна, и гледам во најбрзо време да го решам тоа.

Каква улога игра дизајнот во решавањето на социјалните прашања или промовирањето на позитивни промени?

– Уметноста како целокупност е лек и начин на позитивни промени. Сите знаеме дека многу полесно би сфатиле нешто или би ни било попривлечно доколку нештото има боја, добар избор на фонт, начинот на кое е прикажано, а не само да е монотоно и едноставно со букви. 

Која е твојата пасија надвор од учењето и дизајнот? Каков ангажман обично ти помага да се опуштиш, или едноставно ти помага да можеш успешно да функционираш со секојдневните обврски? Ни спомна дека скејташ, свириш гитара…

– Имам повеќе пасии што ме исполнуваат и прават среќна. На најпрво место би го ставила излегувањето со моите пријатели кои ме прават да се чуствувам како себеси кога не сум во најдобра форма. Исто така многу ми дава мотивација слушањето на музика ( конкретно метал и рок), како и пеењето, свирењето на гитара, скејтот. Тука мора да ја спомнам и медитацијата и вежбањето кои ми помагаат многу да се опуштам при стресни ситуации.


Ако сакаш да учиш во креативна средина и со помош на експерти од индустријата, пријави се на листата на чекање за последниот уписен рок!


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!