Студентите од Brainster Next College што сакаат да го променат светот!

Ова не се типични студенти! Тие се водени од неверојатна страст и желба за навистина да направат значајна промена на светот во коj живееме.
studenti_sonuvaat_da_go_promenat_svetot | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Образованието во Brainster Next College не е „спорт за гледачи“, тука се случува вистинска револуција и борба за знаење! Мислењето на студентите и нивните идеи не ги фрламе под тепих, тие се уважуваат. Тука, исклучителните студенти не само што учат, туку ја градат иднината. 
Тие се иноваторите, упорните, сонувачите, оние што се потсмеваат на „невозможното“ и напредуваат со многу труд и отворен ум. Љубопитен?

Кога сме мали најчесто кажуваме дека сакаме да бидеме лекари, полицајци, пожарникари…
Дали мислиш дека ова е случајно? Секако дека не! Едноставно е! Децата, со сета добрина што ја носат во душите природно избираат професии кои му носат добро на светот, како на пример овие што играат клучна улога во спасувањето на човечки животи. Друга е приказната како понатаму, оваа желба се губи и поради безброј причини забораваат дека од нив зависи позитивната промена во светот, па се задоволуваат со просечното. 

Токму затоа, ние во Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) нашите студенти ги охрабруваме да се сетат на соништата од детството, дека иако се возрасни може повторно да почнат да сонуваат за тоа како може да го променат светот. И тоа со помош на технологија и дизајн!

На нашиот факултет, може слободно да заборавиш на старите денови во образованието, кога учеше само од учебници и следеше предавања со фронтален тип на настава.
Тука, не само што ќе учиш, ќе учиш многу, но тоа знаење ќе можеш и да го употребиш.


Запознајте ги идните changemakers на Brainster Next College

За да ти доловиме што реално се случува на Brainster Next College и зошто е ова местото во кое ги поддржуваме „сонувачите“, седнавме со неколкумина наши студенти кои ни раскажаа како размислуваат на овие теми и ни ги открија смелите идеи што се развиваат во нив.

Матеа Николовска и Марко Станиновски се прва година на нашата додипломска студиска програма UX/UI и графички дизајн и имаат многу напредни идеи со кои се надеваат дека ќе придонесат при решавањето на многу општествени проблеми.

Матеа сонува со сето знаење што го стекнува на Brainster Next College да помогне при справувањето со еден од најголемите предизвици со кои се соочува светот – животната средина.

„Како личност што живее во еден од најзагадените градови, би размислувала во која насока преку користење на дизајнот и технологијата, да се изнајде решение кое би имало влијание на подигање на свеста кај луѓето. Би сакала да напоменам дека дизајнот е една моќна алатка за пренесување на важна порака за позитивни промени, но и спречување на негативни случувања во светот. Како ќе се дизајнира, на кој начин ќе се пренесе и како ќе привлече внимание дизајнот, е многу важно“, вели Матеа.

Таа како и сите нејзини колеги од колеџот е свесна за придобивките од современата технологија. Да се допре, буквално до секоја точка во светот во една секунда, а тоа е токму она што ни е потребно за да пренесеме некаква порака со помош на дизајнот.

„Стекнатите вештини ни овозможуваат изразување на нашата креативност, како и индивидуален приказ на „приказната” која сакаме да ја пренесеме преку слика односно визуелно. Мојата цел е да креирам дизајни со кои ќе го привлечам вниманието на публиката и ќе ја доловам точно онаа порака која сакам да ја пренесам, а уште поголем успех за мене претставуваат позитивните промени кој ќе произлеат од тој дизајн“, вели Матеа.

И Марко има многу слично размислување како неговата колешка Матеа. За него, еден од најголемите проблеми во светот е подигањето на еколошката свест кај човекот, но исто така и начинот на кој се справуваме со загадувањето и преголемата количина на отпад која ја произведуваме во светот. Тој е оптимист и дека вештачката интелигенција може многу да ни помогне во овој дел. 

„Со помош на технологијата и нови иновативни дизајни тие проблеми може да се намалат значително, но исто така и да се решат потполно. Иако, според голем број на поединци вештачката интелегенција може да замени значителен број на работни места, јас сепак сметам дека е многу корисна алатка која нема целосно да го замени човечкиот фактор во работата, туку ќе придонесе за инспирација, но и олеснување на задачите“, вели Марко.


Доколку си спремен да им се придружиш, предизвикај се и пријави се на листата на чекање за последниот уписен рок на Brainster Next College!


Софтверските инженери се новите херои

Примерите за тоа како технологијата го менува светот на подобро и што може да придонесе за здравството, образованието, економијата немаат крај. Нашите студенти од програмата по Софтверско инженерство и иновации добиваат предизвици токму во оваа насока, како на пример, Марија Котеска и Стефан Петров. Тие се втора година на оваа студиска програма и веќе добро почувствуваа како софтверските инженери со технологијата може да направат значајни промени и да помогнат при решавањето на проблеми што го мачат секојдневието.

Пред да се запише на Brainster Next College, Марија не ни помислувала дека ќе биде дел од заедница која на ваков начин прави трансформација на високото образование во Македонија.


„Секогаш замислував дека мојата професија ќе биде поврзана со технологија. И воопшто не сум згрешила, зашто еве после речиси 2 години на Brainster Next College не можам ниту да замислам дека со часови може да седам над книга и да учам теорија. А дека софтверските инженери може да имаат таков импакт врз општеството не ни помислував. Како што навлегуваме во учењето и практичното искуство, сфаќам што може да постигнам во иднина, а тоа е многу, ни раскажа Марија.


Учеството на хакатони со проекти што прават добро за заедниците, за неа се најдрагоценото искуство досега. Организацијата Ways2Help заедно со Women in tech Macedonia организираа хакатон чија главна цел беше користење на технологијата во функција на хуманост. Нашите студенти се натпреваруваа во 2 тима, а тимот на Марија работеше на креирање на платформа за собирање на средства за луѓе на кои им е потребно лекување во странство. 
Идејата за платформата е луѓето да се претплатат и месечно да донираат средства кои ќе се акумулираат на едно место. Па, кога ќе се јави потреба за лекување во странство, средствата ќе бидат веќе собрани наместо допрва да се собираат. За Марија било фасцинантно, тоа што имала шанса да види толку добри идеи од другите тимови што навистина може да направат промени.

И за Стефан, главна мотивација му е откако ќе дипломира, но и додека учи, да биде дел од некоја заедница што технологијата ќе ја користи за подобрување на состојбите во повеќе сфери. 

„Ако вистински се посветиш на студиите и учењето, резултати ќе има. Токму тоа го правам јас. А можев и да го покажам на големиот AirCare хакатон на кој со мојот тим ја креиравме апликацијата Breathe.mk за пријавување загадување на воздухот во Скопје, која во иднина ќе ја користат граѓаните. Иако со мојот тим сме победници на овој хакатон, сите понудија многу добри решенија и научив многу од секој од нив. Сметам дека програмирањето е доста интересна сфера за студирање затоа што никогаш не може да знаеш сè, со секој нов проект учиш нешто ново, вели Стефан“.

Како ги поддржуваме нашите амбициозни студенти?

Поддршката што ја имаат нашите студенти од професорите, од посветените Student Success координатори и практичната програма, им овозможува да останат мотивирани да ги решат и најгорливите проблеми на општеството.

Матеа вели дека Brainster Next Collеge одлично ја подготвува слободно да си ја изразува својата креативност, што од друга страна ѝ овозможува лесен пристап кон стекнување и совладување на нови знаења и вештини.

„Brainster Next College е одличен избор за секој што сака да се реализира во светот на индивидуалната креативност со целосен личен и слободен пристап. Од голема важност за мене претставува и самиот пристап на професорите, односно посветеноста, соработката и неформалниот однос што го практикуваат кон нас. Тука би посочила дека за мене голема инспирација е самиот начин на предавање кој е важен елемент во едукација на студентите“, објаснува Матеа.

За Марко е важно и тоа што тука се негува тимскиот дух и соработката, но исто така и упорноста како една од најважните особини потребна при решавање на сложени проблеми.

„Професорите нѐ инспирираат на повеќе начини. Според мене најважно е нивното искуство и нивната позиција во оваа област, но исто така и со нивниот начин на работа, желбата за соработка и нивната заложба за наше лично подобрување“.

Марија пак додава дека во Brainster Next College, најмногу учи и за тимската работа и смета дека кога се работи на овој начин, се постигнува и најневозможното.

studenti_sonuvaat_da_go_promenat_svetot | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Стефан Петров и неговиот тим победија на Air Care хакатонот

Ако не си спремен за ова, аплицирај на друго место!

Дали си подготвен да им се придружиш на овие наши changemakers? Сакаме само да потенцираме дека Brainster Next College не е за секој, туку за оние што копнеат по извонредното, што прифаќаат предизвици и сонуваат да остават свој белег во светот. 

Покрај иновативните студиски програми за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн, ќе имаш можност да развиваш дигитални продукти на 48-часовни хакатони, да учиш од експерти од ИТ-индустријата, да работиш реални проекти за компании и да одиш на летна пракса кај нив.


Доколку си спремен да им се придружиш, предизвикај се и пријави се на листата на чекање за последниот уписен рок на Brainster Next College!


Ако ова звучи како тебе, тогаш отфрли го „просечното“. Веќе ги запишавме студентите од првите 2 групи во првиот уписен рок. Но, приемниот тест со кој ќе добиеш шанса да им се придружиш на нашите студенти што прифаќаат да го менуваат светот e повторно отворен. Процесот на селекција на нашите идни студенти е малку поинаков. И не е лесен!
Само оние што ќе го поминат приемниот тест кој се состои од 40 логички прашања ќе добијат можност да студираат на Brainster Next College и да го искористат финансискиот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“.

studenti_sonuvaat_da_go_promenat_svetot | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Марија на хакатон

Ти треба дополнителна мотивација за да ја направиш твојата најважна одлука во животот?
Еве, што дополнително порачаа нашите студенти:

„Секој во себе има нешто што го прави посебен и креативен на свој начин. Сметам дека соништата може да се оставарат со труд, работа и посветеност. Да го работиш она што го сакаш преставува големо задоволство во животот. Никогаш не треба да се откажеме од она што го посакуваме, вредно работејќи, мотивирано и со позитивна мисла за конечен успех и реализација“, порачува Матеа. 

Марко пак вели дека самодовербата е една од најважните лични особини која би ни овозможила да преминеме многу пречки при нашето патување. 
„Вреди и да се спомне дека секој од нас има свој поглед на нештата и дека токму тоа треба да го искористиме најмногу што можеме, за да може да се истакнеме пред другите“.

Марија во почетокот на студиите често се прашувала дали ќе успее, особено кога паднала на првиот испит. Но, никогаш не се откажала.
„На сите би им кажала да не се откажуваат од соништата. Мене ми помогна тоа што верував во себе и што имав поддршка од професорите. Тие предизвици пред кои нѐ исправаат секојдневно се клучот за нашиот успех“. 

Ова се само неколкумина од нашите инспиративни умови во Brainster Next College. Нивните патувања се единствени, но нивната дестинација е заедничка – кон промена на светот.


Доколку си спремен да им се придружиш, предизвикај се и пријави се на листата на чекање за последниот уписен рок на Brainster Next College!


Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!