Search
Контакт

Студенти од Brainster Next College полагаа испит во компанијата Intertec

По 7 неделните предавања од експертите од Culturetec, стартап што работи во рамки на ИТ-компанијата Intertec, нашите студенти полагаа испит во нивните канцеларии
polaganje-ispit-vo-intertec | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Сиот труд што го вложија во изминатите недели, учејќи директно од експерти од ИТ-индустријата, нашите студенти го покажаа пред нивните ментори и вработени во една од најголемите ИТ-компании кај нас Intertec.

„Не спиевме, работевме со денови, беше возбудливо, интересно, невообичаено, научивме многу! Ова се најчестите коментари што ги добивме од нашите студенти од втора година од студиската програма Софтверско инженерство и иновации, на финалните презентации на проектите со кои практично го полагаа Предметот од индустрија.

Изминатиот период за нив беше возбудлив, напорен, но и бескрајно испиративен бидејќи директно беа изложени пред компанија и црпеа практично знаење од експерти од стартапот Culturеtec, кој е основан од глобалната компанија Intertec.

Тамара Димитрова го отвори настанот


7 недели, 7 експерти, 7 тимови, 7 креирани апликации, ГОЛЕМА ВРЕДНОСТ

Ако треба најкратко да го опишеме овој значаен предмет што е дел од нашата методологија на учење уникатна и достапна само на првиот практичен ИТ-факултет, Brainster Next College би било вака:

7 недели, 7 експерти од ИТ-компанија, 7 тимови составени од неколку студенти, 7 креирани апликации наменети за истражувања и една цел – практично учење… 

Апликациите што ги изработија нашите студенти ќе може да се користат за анкети врз база на отворени одговори, но иновацијата во овој пристап се базира на сентиментална психологија, осносно со помош на машинско учење се проценува дали одговорот на испитаникот е позитивен или негативен.

Тамара Димитрова, лидер на тимот на Culturetec која работеше како ментор на нашите студенти сподели како течела наставата на факултетот и дека со нив работеле на најдобрите практики што ги користат тие во секојдневната работа. Со нивна помош, студентите практично го поминале целиот процес на продуктно инженерство.

„Овие типови на соработка се многу важни и за нас затоа што се дава реално знаење, се споделува што се работи во самите компании со образовните институции, со цел да знаат студентите што ги очекува кога ќе дипломираат и најважно да бидат подготвени со новите технологии што се користат во секојдневната работа“.  

Димитрова ни појасни и зошто избрале за работа за задача за студентите токму ваков проект и во што се состои иновацијата.  

„Креираа апликација за анкети која содржи исклучиво прашања со отворен одговор. Се задржавме на ова, не само за да сфатат каде ова може да се користи, туку како да го издизајнираат, да ги развијат функционалностите. Денеска нема апликација што излегува и успева, а да не содржи нешто од машинско учење и вештачка интелигенција внатре. Отворените прашања беа одбрани токму со таа причина, бидејќи врз нив може да се применат техники од AI“, вели таа.

Посочува дека не е баш едноставно да се направи ваква апликација бидејќи иако има многу системи за анкетирање, ретко која користи сентименална анализа. 

„Овие апликации прават и ваков тип на анализа, и со ова сакавме да им дадеме до знаење на студентите дека прават нешто навистина ново и значајно. Според одговорите може да се добие таа сентиментална анализа, осносно да дознаеме веднаш дали има негативна или позитивна афекција кон она што го кажале“, вели Тамара.

Александар Клашниновски, генералниот менаџер на Brainster Next College истакна дека една од целите што сакаме да ги постигнеме со факултетот е индустријата да ја донесеме во образованието, а студентите во компаниите уште за време на студиите.

„Знам дека студентите се соочија со многу предизвици, знам дека беше тешко, но така функционира реалниот живот. Секогаш ќе имате проекти што не одат според планот, кадешто се бара големо вложување од ваша страна. Но, затоа ова искуство што го имавте за време на овој предмет е како реално се функционира во компанија. Благодариме и на Intertec и на Culturetec за сѐ што направија за студентите“.

Работа во тим, нови технологии и многу труд!

Поделени во 7 тимови, нашите студенти ги презентираа финалните презентации пред вработени во компанијата Intertec кои потоа им поставуваа прашања, бараа одговори како се справувале со предизвиците и на кој начин ги решавале проблемите при градењето на апликацијата. Нивните ментори од Culturetec, будно ги следеа за време на излагањата и ги бодреа да покажат што научиле.

Првиот тим составен од студентите Кире Јорданов, Филип Ѓоргичков и Костадин Веселинов ја имаше можеби најтешката задача бидејќи прв се соочи со прашањата од ИТ-експертите, но одлично се снајдоа и покажаа што научиле досега и како добивале поддршка од менторите. Студентите истакнаа дека се соочиле со многу предизвици, машинско учење, но беа горди бидејќи апликацијата ја изградиле и со помош на технологии со кои првпат се запознале како на пример Next.JS.

Филип Ѓоргичков ни изјави дека сиот вложен труд на крај вредел бидејќи увиделе како реално се работи во нивното поле. 


„Видовме дека нема секогаш да имаме само една позиција и дека ќе треба да бидеме таму за останатите колеги, без разлика дали тоа е наше поле на експертиза. На пример јас никогаш не сум сакал да работам Front-End, но конкретно за овој проект, морав да научам. И го направив тоа за кратко време. Од самиот предмет се стекнавме со многу искуство, од тоа како да се организираме како тим, да си поставиме guidelines и сами да си поставиме рокови за да продложиме да се буткаме. Со цел да ги завршиме работите и да имаме време и за ревизија. Во смисла дали сѐ сме изработиле, до каде сме и дали ни треба помош“, вели Филип.

Филип Ѓоргичков

За него ова било и најпредизвикувачки предмет што досега го имал, бидејќи имало многу аспекти со кои за првпат се сретнале.

„Ни требаше малку повеќе време да добиеме real feel за самата материја, што се изработува во таа област, како се прават некои работи, кои се принципите до кои треба да се придржуваме. Направивме и многу жртви периодов, број 1 социјалниот живот. Немаше време за излегување. Но, направивме компромис, една област мораше да трпи, за да успееме во ова“, ни објасни Филип.


И вториот тим составен од Давид Петковски, Марко Велиновски и Владимир Гелов  покажа дека одлично си ја завршиле работата.

Давид Петковски

Студентот Давид Петковски истакна дека е особено благодарен на можноста да биде дел од ваков проект и да учи од менторите од Culturetec, но и на факултетот што им овозможува ваков тип на настава.

„Најголемата вредност за мене и моите колеги е тоа што се соочивме со учење на нови технологии и алатки. Тоа беше истовремено и најпредизвикувачки и секако дека немаше да постигнеме успех без поддршката од нашите ментори“.  

Лео Новкоски, Стефан Петров, Сергеј Бојковски и Димириј Петрески беа студентите од Тим 3.  Во својата презентација истакнаа дека се соочиле со доста нови работи, но успешно се потрудиле да ги надминат со помошта на менторите. За нив, особено интересно било кога се соочиле со делот машинско учење.

Тим 4 го сочинуваа Леонид Марковски, Никола Јованов и Јован Бошковски кои кажаа дека се тимски играчи и дека како тим се поддржувале, верувале во себе и се бодреле, па затоа и ја постигнале целта.

Леонид Марковски

Што вели Леонид за целокупното искуство:

„Завршувањето на оваа задача беше збогатувачко искуство што ми овозможи да го покажам моето разбирање за принципите на софтверското инженерство во практично опкружување. Дизајнирањето и имплементирањето на апликација за истражување опфаќаше различни аспекти на развој на софтвер, од анализа на барања до тестирање и распоредување. Тоа не само што го засили моите технички вештини, исто така ја нагласи важноста на дизајнот и итеративниот развој кој  е фокусиран на корисникот. Генерално, овој проект беше непроценлива можност да се примени знаењето од факултетот на сценарија од реалниот свет, подготвувајќи ме за идните предизвици во областа на софтверското инженерство“.

Во тимот 5 одлично се покажаа и нашите студенти Мартина Соколеска, Мартин Цветкоски и Петар Ѓорѓиоски.

„Имавме насоки кои ни ги дадоа менторите кои многу ни помогнаа. Досегашните наши искуства од факултетот ги искористивме максимално и сето знаење го употребивме и во овој проект“, рече Мартина.

Мартина Соколеска

Тим 6 беше составен од Марија Котеска, Атанасија Ѓорѓиевски и Ѓорге Стојменов, а во последниот, тим 7 беа студентите Стефан Хаџи-Ефтимов, Дамјан Петрушевски и Јелица Спасова.

Во својата презентација, Марија ги истакна сите уникатности на нивната апликација и беа пофалени за дизајнот. Стефан Хаџи-Ефтимов со неговиот тим ја имаа задачата да го затворат настанот, а тие како и останатите тимови презентираа штпо и како направиле, кои алатки и технологии ги користеле и секако, не заборавија да им се заблагодарат на менторите од Culturetec.


Ако си подготвен уште за време на студиите да работиш на вакви проекти и да се запознаеш со компании додека учиш, закажи информативна средба за уписoт на Brainster Next College.


Менторите будно ги следеа студентите


Во изминатиот период 7 tech-експерти од Culturetec работеа со нашите студенти, секој во специфичната област што ја работи секојдневно. И додека нивните колеги од Intertec ги испрашуваа и оценуваа, тие будно следеа како перформираат нивните студенти.

Кој им помагаше на нашите студенти Product Engineering и предметот од индустрија?

  • Тамара Димитрова, team lеаd на Culturetec
  • Бојан Спасовски, Back-End програмер
  • Симеон Коруноски, Front-End програмер
  • Андреј Манев, Front-End програмер
  • Бјанка Калајџиска, машинско учење
  • Дејан Божиновски, JavaScript developer 
  • Кристијан Милошевски, Software Testing  
  • Лара Георгиевска, UX/UI дизајнер

Бојан Спасовски кој со задоволство ги следеше презентациите на студентите ни сподели дека се чувствува многу убаво бидејќи кај дел од решенијата на студентите го препознал материјалот и „финтите“ што ги споделил со нашите студенти.

Бојан Спасовски ги следи студентите

„Работев со нив на претставувањето на најдобрите практики во софтвреско инженерство, дизајн патерни, како се гради еден софтвер од почеток, како се собираат анализи и нивно имплементирање. Работев главно со нив на BackEnd во Next.js и ги правеме основните карактеристики за одговарање на survey како и креирање на самиот survey. Целото искуство и за мене беше одлично и сум среќен што им помогнав да научат нешто што ним многу ќе им значи за понатаму“, ни изјави Бојан.

Кој ги оценуваше нашите студенти?

Тим од глобалната ИТ-компанија Intertec ја оценуваше секоја задача на тимовите и буквално ги „бомбардираше“ со прашања. Како се организирале како тимови, со какви предизвици се соочиле, зошто се одлучиле да ја користат конкретната технологија?…Сериозноста со која пристапија испрашувачите беше голема, покажаа почит кон сработеното, им даваа совети како да се подобрат. Имаше и многу смеење и симпатични моменти кога студентите пробуваа да се „извадат“ за ситните грешки во апликациите. 

Кој беше тимот што ги оценуваше студентите?

  • Велимир Граоркоски Software Engineer and Lead of the AI workgroup
  • Марко Тренковски Senior DevOps Engineer at Intertec.io
  • Андреја Димитровски Automation Developer at Intertec.io
  • Горан Крстевски Tech Expert | Software Engineer at Intertec
  • Дарко Пецевски Senior Front-End Engineer 

Александра Велева, head of HR во Intertec, после презентациите на нашите студенти ни раскажа дека соработката со образовни институции и нивната компанија, датира од почетоците. Според неа, ваквиот тип на вмрежувања се неминовност.

„Она што увидовме, но и е нешто што е факт е оној јаз помеѓу вештините и она што нуди образованието и она што го бараат компаниите, како за техничките, така и за оние меки вештини. Прво, луѓето вкучително и секој од нас, без оглед на студиите, чувства дека е недподготвен за која било работа само врз база на факултетот. Мое лично искуство е дека теоријата што се учи на факултетите е многу далеку од реалноста, затоа е добро рано да се изложат студентите на контакт со компаните“.

Од нивното досегашно искуство со студенти таа е убедена дека после пракса или некој тип на intership, дури и во почетокот на студиите, кај студентите делува многу позитивно и им го менува пристапот кон учењето. 

„Ние добиваме многу од студентите исто така, можност да влијаеме на курикулумот, добиваме избор на кандидати за вработување, но и свежа перспектива кон нештата. Контактот е хранлив обострано, како за компаниите така и за студентите“, вели Александра.

Токму затоа и е креирана нашата уникатна практична образовна методологија која се базира и практикува и од најголемите европски практични факултети. Таа овозможува да се надмине најголемата слабост на дипломците од традиционалните универзитети – јазот помеѓу теоретското образование базирано на застарени концепти и реалните потреби на ИТ-индустријата

Нашите две студиски програми, Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн се иновативни, up-to-date, уникатни и вистински предизвик за студентите. Целосен фокус ставаме на праксата со цел студентите да се здобијат со практични вештини кои ги бараат ИТ- компаниите.

Предмет од индустрија е уникатен концепт кој е само дел од нашата практична методологија. Ние сме единствен факултет кај нас кој во својот курикулум има предмети што ги предаваат експерти од ИТ-компаниите и чиј силабус е дизајниран врз основа на технологиите и методологијата која овие професионалци ја користат во нивната секојдневна работа. 


Ако си подготвен уште за време на студиите да работиш на вакви проекти и да се запознаеш со компании додека учиш, закажи информативна средба за уписoт на Brainster Next College.


Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Psst...😎 Првиот уписен рок заврши!

      Група 1 и група 2 се
      пополнети и веќе им
      кажавме welcome на
      новите студенти.

      Приемниот тест е отворен до 1 април!
      Не е шега 🤯

      Регистрирај се на листата на
      чекање за следниот уписен рок!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!