Како практично учиме графички дизајн

Нашите студенти на студиската програма по UX/UI и графички дизајн учат преку практична работа во најпознатите дизајн алатки.
posteri-studenti | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Постојаното следење на трендовите и потребите на индустријата се тоа што го прават Brainster Next College чекор пред другите факултети. Со континуираното развивање на технологијата и иновациите, креирањето на врвно, практично образование е една од најважните работи за создавање на квалитетна иднина. Првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College, е тука да ги подготви младите за најбараните ИТ-професии на глобално ниво.

Практична студиска програма за UX/UI и графички дизајн

Студиската програма на Brainster Next College, UX/UI и графички дизајн е единствената програма која го комбинира изучувањето на информатичката технологија и UX/UI и графичкиот дизајн. Креирана е со цел да ги подготви студентите за кариери во ИТ-индустријата или други улоги во технолошката индустрија кои вклучуваат создавање на дигитални производи што се прифатливи и визуелно привлечни за корисниците.

Оваа практична додипломска студиска програма ги опфаќа и UX/UI дизајнот и графичкиот дизајн како комплементарни области, се фокусира на софтверските алатки и примената на информатичка технологија во овие делови. Ова е најдобриот спој на теоретски и практични вештини што ќе создаде дипломирани студенти полни со знаење и компетенции кои се барани на домашниот и светскиот пазар на труд. Сето ова ја прави оваа студиска програма единствена и уникатна, односно на нашиот пазар нема уште еден ваков тип на практична додипломска студиска програма која ќе ги подготви идните студенти за работа во дизајн светот.

Подготовката за идната работа е на практичен начин преку здобивање на вештини за работа на повеќе видови софтвери во делот на UX/UI дизајн, графички дизајн, анимација, 3D моделирање, како и изучување на Front-End прогрaмски јазици и технички вештини кои компаниите ги бараат во огласите за работа за графички и UX/UI дизајнери, не само во Македонија туку и глобално.

Како ни поминува првата година од студиите?

Во првата година од студиите на студиската програма по UX/UI и графички дизајн, фокусот е ставен на изучување на графичкиот дизајн, односно студентите учат предмети и софтвери кои се адаптирани на потребите на индустријата и компаниите што вработуваат вакви кадри. Затоа, покрај предметите со кои се опфаќа теоријата која е неопходна за понатамошно квалитетно практично учење, студентите учат и како да работат во Adobe Illustrator во делот на векторска графика. Потоа, фокусот преминува на растерска графика во Adobe Photoshop, како и компјутерска подготовка на печатени и дигитални медиуми во Adobe InDesign.

Практичноста на дело

Првата средба на нашите студенти со практична алатка за дизајнирање ја разбуди креативноста во нив. За време на првиот блок предмети, на предметот Векторска графика во софтвер, студентите го совладаа софтверот Adobe Illustrator. Софтвер, кој заедно со Adobe Photoshop се меѓу најкористените и најомилените помеѓу дизајнерите ширум светот. Иако овие два софтвери често одат еден со друг, уникатноста на Illustrator е тоа што тој е векторска алатка која користи математички равенки, форми, точки и линии за креирање на дела кои се чисти, односно, поедноставно кажано – она што го дизајнираме можеме да го зголемуваме бесконечно без да изгуби квалитет.

Студентите без претходно искуство со дизајнерски алатки се соочија со предизвикот да го совладаат својот прв софтвер. Но, тие не само што го совладаа, туку и по само 5 недели посветени на предметот Векторска графика во софтвер, успеаја да нè изненадат со изработка на одлични дизајнерски дела. Водени и менторирани страна на Зоран Кардула, професор на предметот, нашите студенти успешно ги стекнаа своите први практични вештини со кои го градат својот пат кон успешни UX/UI и графички дизајнери.

Што ни споделија студентите за предметот и професорот?

„Професорот е одличен! Ова беше најинтересниот предмет што некогаш сум го имал во животот“, сподели Матеј Јанковски.

Давид Симонов се надополни со голема благодарност до професорот за сите вештини што ги стекнал под негово менторство. Сподели дека професорот Зоран Кардула оставил голем импакт во неговото студентско искуство, ми ја поттикнал креативноста и способноста за решавање на проблеми.

„Многу ми се допаѓа практичната работа. Професорот воспоставува одлична комуникација со студентите и со одлично темпо и начин го пренесува неговото знаење. Практичниот дел од предметот не само што ми го направи учењето поинтересно, туку и ми помогна да се стекнам со значајни практични вештини“, изјави Баже Радев.

И студентките Лилјана Краљева и Ивана Неделковска се придружија со пофалби кон професорот и предметот.

„Многу корисен предмет каде што особено ми се допаѓаат практичните вежби. Одлично, интересно и забавно. Секој час нова и уште поинтересна вежба“, рече Ивана.

„Методите за предавање на професорот се одлични и тоа може да се забележи и кај крајните резултати“, ни дополни Баже.

Да ги видиме дизајните што студентите ги сработија на крајот од овој предмет.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Нашите студенти се исклучителни, не само што посветено учат, туку и ја градат иднината.
Тие се иноваторите, упорните, сонувачите, оние што се потсмеваат на „невозможното“ и напредуваат со многу труд и отворен ум. Тие сакаат да го променат светот со помош на технологија и дизајн. Затоа, Brainster Next College не е за секој!

Приемниот упис за нашиот факултет ќе се отвори наскоро, па ако се препозна како наш иден студент што максимално ќе се посвети на факултетот, те охрабруваме да ни се придружиш.


Доколку и ти сакаш да учиш практично и да ги стекнуваш најбараните дизајн вештини преку работа на реални проекти, дознај повеќе за студиската програма, и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!