Дали знаеш дека 94% од првиот впечаток на еден корисник се базира на дизајнот и искуството што го има со одредена веб-страница или апликација?
Од таа причина, денес компаниите во фокус го земаат искуството и задоволството на корисникот, па затоа меѓу една од најпопуларните професии денес се вбројува UI/UX дизајн, за кој побарувачката на висококвалитетни кадри постојано расте.
UI/UX дизајнот е една од најбрзорастечките професии во светот. И, не е тешко да се види зошто: сега, повеќе од кога било, потрошувачите комуницираат со онлајн продавниците и побаруваат услуги првенствено преку нивните мобилни и десктоп уреди.
Бројките зборуваат сами за себе – побарувачката за UI/UX дизајнери се зголемува за 5 пати секоја наредна година. Но, ова е само една од главните причини зошто треба да размислиш за учење на UX/UI дизајн токму сега.

5 причини зошто да почнеш да учиш UI/UX дизајн:
1. Креативна професија со многу кариерни можности
UI/UX дизајнот се вборјува во листата на најбараните професии на денешницата. Тоа е професија која ќе ти отвори широк спектар на начини како да ги изразиш своите вештини и креативност, а ќе ти овозможи и многу кариерни можности и работни позиции. UI/UX дизајнерите можат да работат во голем број на различни индустрии, па затоа верувај дека никогаш нема да ти биде здодевно.
Еве дел од најбараните работни позиции како UI/UX дизајнер:
- UX дизајнер;
- UI дизајнер;
- UX истражувач;
- UI истражувач;
- Тестер за употребливост;
- UX архитект;
- UX аналитичар;
- UX инженер;
- Визуелен дизајнер.
2. Компаниите се фокусираат кон искуството на корисниците
Водени од новото правило во продажбата – ,,Продавајте искуства, а не производи”, компаниите се насочуваат кон создадање на искуства надвор од нивните производи. Тие сè повеќе и повеќе почнуваат да ја разбираат важноста на искуството на корисниците и се фокусираат на креирање на дигитално искуство што ќе резонира со нив. Епа, за таа задача се задолжени токму UI/UX дизајнерите, што ги прави исклучително значајни на пазарот на труд.
3. Една од најпопуларните професии денес
Од досега кажаното може да се извлече еден многу јасен заклучок – UI/UX дизајнот е една од најпопуларните професии денес! Тоа е професија којашто е исполнета со многу кариерни можности и потребниот кадар за оваа професија секојдневно расте. Воедно, UI/UX дизајнот е и една од најплатените професии на денешницата. Сепак, пред да зборуваме за бројки, имај на ум дека платата на UI/UX дизајнерите може да варира во зависност од тоа каде се наоѓаш, кое е твоето ниво на искуство и дали работиш со полно работно време или пак како freelancer.
4. Решавање на проблеми кои го подобруваат животот на корисниците
Главната задача на секој UI/UX дизајнер е да ги решава проблемите на корисниците со што ќе им овозможи пријатно искуство на веб-страницата и апликацијата, а со тоа и можност за подобри продажни резултати на компанијата. Поголемиот фокус кон UI/UX дизајнот води до многу подлабоко разбирање на потребите и желбите на корисниците, а со тоа компаниите се во многу подобра позиција да создаваат производи што одговараат на нивните потреби.
Уште не си доволно убеден? Еве неколку конечни статистики за тоа зошто компаниите предводени од UI/UX можат да се издвојат од конкуренцијата, да генерираат повеќе среќни клиенти и да успеат да ги претворат таквите среќни клиенти во повторливи клиенти:
- Пресудите за кредибилитетот на веб-страницата се 75% врз основа на целокупната естетика на страницата;
- 88% од онлајн потрошувачите имаат помала веројатност да се вратат на страницата по лошо искуство;
- Првиот впечаток е 94% поврзан со дизајнот.
5. Профитабилна професија со постојано зголемување на побарувачката на глобално ниво
UI/UX дизајн индустријата е една од најбрзо растечките индустрии во светот. Интересно за оваа индустрија е тоа што секоја година расте со стапка од минимум 17%. Во последниве години на пазарот е застапена зголемена побарувачка за UX дизајнери бидејќи бизнисите сè повеќе ја препознаваат важноста од обезбедување на добро корисничко искуство. Како резултат на тоа, многу компании сега инвестираат многу во оваа област.
Брзиот раст на дигиталниот свет создаде голема побарувачка за UX дизајнери, кои се способни да ги користат своите вештини за да го подобрат начинот на кој луѓето комуницираат со технологијата. UI/UX дизајн индустријата моментално вреди 180 милијарди долари и се очекува да порасне на 250 милијарди долари до 2024 година.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации, и UI/UX и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
За повеќе информации, закажи средба сега!