Brainster Next College: Новости / јануари 2023

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас. Дознај за сите новости кои го одбележаа месец јануари 2023.
bilten-januari-2023 | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Почетокот на Новата Година го прославивме навраќајки се на сите успеси кои ги постигнавме во минатата година, а оваа дефинитивно ја започнавме уште повеќе мотивирани и посветени да го промениме образованието, за вие да го промените светот – со лансирање на нова уникатна студиска програма на првиот акредитиран практичен ИТ-факултет – Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

Па така, новостите од месец јануари се однесуваат на лансирање на втората уникатна студиска програма, Примена на ИТ – UI/UX и графички дизајн, причини зошто да научиш UI/UX дизајн, предметот Професионални вештини одблизу, совети за подобар избор на студии и правилен избор на кариера, водичи за ИТ-кариери и најважните 10 моменти по кои ќе ја паметиме 2022!

Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College

nova-studiska-programa | UI/UX i graficki dizajn | Brainster Next College
  • Нова и уникатна студиска програма на Brainster Next College – Примена на ИТ – UI/UX и графички дизајн

На 24-ти јануари, токму на Светскиот ден на образованието ја лансиравме новата студиска програма. Покрај веќе познатата студиска програма Софтверско инженерство и иновации, од октомври оваа година, на матурантите ќе им биде достапна нова уникатна додипломска програма која ги опфаќа и UI/UX дизајнот и графичкиот дизајн како комплементарни области. Оваа програма која се фокусира на софтверските алатки и примената на информатичка технологија во овие области, ќе им овозможи на дипломираните студенти да поседуваат знаење и компетенции кои се барани на пазарот на труд, не само во Македонија туку и глобално. Новата студиска програма на Brainster Next College – Примена на ИТ – UI/UX и графички дизајн е уникатен производ кој е единствен од овој тип во Македонија.

„Ова е единствена и уникатна додипломска студиска програма кај нас бидејќи во својот курикулум содржи предмети од областа на графичкиoт дизајн, UI/UX дизајнот, фронтенд програмирање, 3Д моделирање и анимации кои како вештини и компетенции се барани од страна на компаниите. Ние сме и практичен ИТ-факултет, што значи дека овие предмети ќе се изучуваат практично, преку работа на реални проекти, решавање на практични предизвици и работа со мали групи на студенти. Секако дека нема да ја занемариме и теоријата, меѓутоа таа е во служба на праксата на нашиот колеџ“, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на Brainster Next College.

5-pricini-zosto-da-naucis-ui-ux-dizajn | UI/UX i graficki dizajn | Brainster Next College
  • 5 причини зошто да научиш UI/UX дизајн

Дали знаеш дека 94% од првиот впечаток на еден корисник се базира на дизајнот и искуството што го има со одредена веб-страница или апликација?

Од таа причина, денес компаниите во фокус го земаат искуството и задоволството на корисникот, па затоа меѓу една од најпопуларните професии денес се вбројува UI/UX дизајн, за кој побарувачката на висококвалитетни кадри постојано расте.

UI/UX дизајнот е една од најбрзорастечките професии во светот. И, не е тешко да се види зошто: сега, повеќе од кога било, потрошувачите комуницираат со онлајн продавниците и побаруваат услуги првенствено преку нивните мобилни и десктоп уреди.

Бројките зборуваат сами за себе – побарувачката за UI/UX дизајнери се зголемува за 5 пати секоја наредна година. Но, ова е само една од главните причини зошто треба да размислиш за учење на UX/UI дизајн токму сега.

Па, доколку размислуваш за додипломски студии за UI/UX дизајн, прочитај ги овие 5 причини и дознај зошто треба да почнеш да учиш UI/UX дизајн оваа година.

Profesioanlni-vestini-odblizu-so-Anja-Makeska | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Зошто е важно да се учи предметот Професионални вештини на еден ИТ-факултет

Академскиот и бизнис-светот е едногласен дека меките вештини, особено интерперсоналните, се критични за градење на успешни, динамични, меѓусебно поврзани и флексибилни тимови. Затоа, на Brainster Next College, студентите учат Професионални вештини.

„Формула за градење успешни компании кои ќе можат да се спротивстават на несигурност и промените кои ги живееме, но и успешно постојано да се трансформира и иновира, веќе не е само технички добро подготвен тим. Академскиот и бизнис-светот е едногласен дека меките вештини, особено интерперсоналните вештини се критични за градење на успешни, динамични, меѓусебно поврзани и флексибилни тимови. Добрата вест е дека меките вештини се учат и тренираат, па тоа и беше идејата за вклучување на овој предмет во курикулумот на Brainster Next College“, вели Анја М. Макеска, професор на Brainster Next College.

5-soveti-za-podobar-izbor-na-studii
  • Совети за…
– 5 совети за подобар избор на студии

Се приближува периодот од годината кога идните студентите почнуваат да размислуваат за нивните идни студиски планови. Оваа одлука со себе си носи голема тежина и важност и за многумина се вбројува во една од најважните одлуки во својот живот. Па, доколку си непосредно пред изборот на додипломски студии, овој блог пост е наменет токму за тебе!

Доколку се чувствуваш донекаде исплашено поради мешавината на чувството на одредена носталгија од напуштање на средношколските клупи и чуството на паника и возбуда од започнувањето на новото поглавје во својот живот – не грижи се! Ова чуство е многу нормално, а ние ќе се обидеме да ти помогнеме при избирањето на насоката за студии.

Разложувањето на процесот на чекори може да помогне да се отстрани дел од тој стрес. Ние ќе се обидеме да ти помогнеме да откриеш која кариерна патека е вистинскиот избор за тебе. Затоа запомни дека изборот на што да студираш е првиот чекор во твоето академско патување и постигнување на твоите афинитети и желби. Прочитај ги овие 5 совети коишто ќе ти помогнат да одлучиш што сакаш да студираш!

– 7 совети како да ја одбереш правилната кариера

Колку пати си ја слушнал реченицата „Ако го работиш она што го сакаш, нема да работиш ниту еден ден во животот“?

Една од главните причини зошто е важно да се направи вистинскиот кариерен пат е тоа што може да доведе до задоволство од работата. Секоја личност која е задоволна од направениот кариерен избор има поголема веројатност да биде ангажирана, мотивирана и продуктивна. Тие, исто така, ќе имаат поголема веројатност да почувствуваат чувство на исполнетост и цел во нивната работа. Ова може да биде особено важно за луѓето кои поминуваат значителен дел од својот живот работејќи, бидејќи може значително да го подобри нивниот севкупен квалитет на живот.

Доколку сакаш да ја избереш вистинската кариера за тебе, многу е важно да одвоиш време и да размислиш на твоите интереси, силни страни и вредности. Треба да размислиш што ти е важно на работното место и во каква работна средина сакаш да напредувааш. Истражувањето различни кариери и индустрии, исто така, може да биде корисно за донесување информирана одлука. Исто така, при донесување одлука за кариера, можеби ќе сакаш да ги земеш предвид и другите фактори како што се локацијата, рамнотежата помеѓу работата и животот и безбедноста на работното место.

Да се ​​направи вистинскиот кариерен пат е една од најважните одлуки во животот и понекогаш оваа одлука е навистина предизвикувачка. Затоа, со цел да ти помогнеме при носењето на оваа одлука, ги издвоивме најважните 7 совети како да ја одбереш правилната кариера за тебе!

uloga-na-data-analyst | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Водичи за ИТ-кариери
– Data Science

Ако идејата да ги претвориш податоците во акција ти звучи интересно, тогаш Data Science можеби е вистинскиот кариерен пат за тебе!

Бројките само го потврдуваат тоа. Пазарот на труд за Data Science професионалци се прошири за 35% оваа година. Со ваков брз раст, замисли што ќе се случи за само неколку години.

Добрата вест е дека понудата на Data Science професионалци сè уште не е во чекор со побарувачката. Ова значи дека сега, повеќе од кога било, е совршено време да почнеш да се стекнуваш со вештините потребни на овој брзорастечки пазар на труд. Прочитај го овој водич кој ќе ти помогне да разбереш што точно претставува data science и што сè треба да знаеш пред да почнеш со изучување на оваа област.

– Software Testing

Неминовен е фактот дека светот постојано се менува, а главен виновник за тоа е брзиот развој на технологијата. Дигиталната револуција носи со себе многу промени, а исто така и многу позитивни можности кои го подобруваат и олеснуваат животот на луѓето. Тестирањето на софтвер станува сè попопуларна професија помеѓу младите, доказ за тоа е што денес, како едно од најчестите прашања кое се забележува по ИТ-форумите е „Како можам да започнам кариера како софтвер тестер?“

Тестирањето на софтвер е мошне интересно, но исто така и предизвикувачко поле. Автоматизацијата и технолошката револуција направија сѐ повеќе луѓе да сакаат да се насочат кон оваа професија.

Доколку полето на Software Testing ти звучи интересно и размислуваш за ИТ-студии, прочитај го овој водич и дознај како до кариера како софтвер тестер.

– Data Analyst

Анализата на податоците напредуваше како резултат на напредокот на компјутерите и постојаното поместување кон технички методи и форми. На широка база на податоци, Data Analyst-от собира, обработува и спроведува статистичка анализа. Неговата работа е да ги користи податоците за да најде решенија за предизвиците и да ги реши проблемите.

Од болнички објекти и стоковни куќи и ресторани за брза храна, Data Analyst-от има способност да ги поддржува компаниите во речиси секој сектор. Работодавците кои сакаат да разберат повеќе за своите клиенти имаат голема корист од перспективите на еден Data Analyst.

Доколку комбинацијата на податоци и технологија ти звучи интересно, дознај која е улогата на еден Data Analyst.

highlights-2022-godina | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Brainster Next College Highlights 2022

За крај, како што деновите од новата година почнаа да се нижат, се навративме на најважните моменти од претходна година и со сигурност се спремаме за уште поголеми успеси! Прочитај повеќе за најважните 10 моменти по кои ќе ја паметиме 2022!

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации, и UI/UX и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      |

      Онлајн Q&A сесија на 12-ти април,  19:00 часот!

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“  👉

       

      |

      Онлајн Q&A сесија

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ 👇

       

      12-ти април,  19:00 часот!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!