Неминовен е фактот дека светот постојано се менува, а главен виновник за тоа е брзиот развој на технологијата. Дигиталната револуција носи со себе многу промени, а исто така и многу позитивни можности кои го подобруваат и олеснуваат животот на луѓето. Тестирањето на софтвер станува сè попопуларна професија помеѓу младите, доказ за тоа е што денес, како едно од најчестите прашања кое се забележува по ИТ-форумите е „Како можам да започнам кариера како софтвер тестер?“
Тестирањето на софтвер е мошне интересно, но исто така и предизвикувачко поле. Автоматизацијата и технолошката револуција направија сѐ повеќе луѓе да сакаат да се насочат кон оваа професија.
Што е Software Testing?
Тестирањето на софтверот се состои од широк спектар на активности кои имаат за цел да проверат дали вистинските резултати на софтверскиот систем се совпаѓаат со очекуваните. Другата цел на софтверското тестирање е да се осигура дека решението е ослободено од грешките или дефектите. Тестирањето на софтверот е од суштинско значење за секој продукт бидејќи преку него се идентификуваат грешките, се бараат недостатоците и се решаваат празнините и дефектите во барањата. Сето тоа може да се изврши мануелно или со помош на автоматски алатки.
Тестерите на софтвер играат суштинска улога за време на развој на апликациите. Тие се експерти кои треба да го обезбедат бараниот и очекуваниот квалитет, преку тестирање на нови дигитални производи, со цел да се осигураат дека немаат грешки, да ги елиминираат лошите перформанси и да се ослободат од проблемите кои можат да се јават со интерфејсот.
За да го направат тоа, тестерите вршат различни видови на активности, како што се: тестови во различни фази на животниот циклус на софтверот, стрес тестови, испитување на перформансите и функционалноста, приспособливоста и прифаќање од страна на корисникот.
Платите на софтвер тестерите се далеку повисоки од било која друга индустрија во земјата, работните услови се неспоредливи со било кое друго работно место во државава. Отидете до канцеларија на било која ИТ-компанија или startup кај нас и ќе имате впечаток како да сте поминале низ некаков портал и сте влегле во паралелна димензија.
За жал, не можат сите да станат програмери. Едноставно немаат сите интерес или желба да учат некој програмски јазик. Сепак, во ИТ-секторот сè повеќе се бараат и луѓе кои не се програмери. Па, како една од професиите во tech индустријата која е без програмирање и е погодна за сите оние кои имаат „фобија“ од пишување на код е тестирањето на софтвер. Quality Assurance (QA) или Software Testing е една од моментално најбараните професии, а овој водич ќе ти помогне да разбереш што всушност подразбира работа на еден софтверски тестер.
QA vs. QC vs. Software Testing
Квалитет е главна цел при развивање на било кој софтверски продукт. За компаниите да се осигураат дека финалниот производ ќе биде со висок квалитет се користат различни методологии и техники за тестирање и планирање. Иако овие методологии и техники доста често се употребуваат во ист контекст и за иста работа, сепак постои одредена хиерархија помеѓу нив. На врвот на пирамидата се наоѓа QA (Quality Assurance) чија главна цел е да воспостави процес на проценка на квалитет. QC (Quality Control) дава спецификации за имплементација на QA процесите додека пак Software Testing помага да се соберат информации за квалитетот на софтверот.
Технички вештини
Фактот дека не треба да си експерт во програмирање не значи дека не треба да имаш одредени технички вештини кои мораш да ги совладаат за да станеш добар софтверски тестер. Не сите работи од листата се неопходни за да почнеш кариера во оваа професија, но добро е да имаш барем солидно познавање од сите.
- Основно познавање на датабази
Софтверски продукти доста често работат со датабази во позадина. Како софтверски тестер ќе бидеш доста често во ситуација да ги валидираш истите. Во такви ситуации ќе треба да знаеш како да направиш едноставни или комплексни SQL queries, за да можеш да провериш дали податоците се соодветно запишани во базите.
- Test Management Tools
Kако на пример Testlink, може да го користиш за следење на сите тест сценарија креирани од твојот тим. Она што всушност една ваква алатка го прави е менаџирање на артефакти произлезени од тестирањето на софтверот. Потребно е основно познавање на барем неколку вакви алатки како на пример: qTest, PractiTest, Zephyr, TestFLO for JIRA, TestRail…
- Defect Tracking Tools
Ова е еден од најважните аспекти на тестирање на софтвер бидејќи овозможува соодветно следење на дефектите и нивно систематизирање. Ова е неопходен чекор бидејќи овозможува на целиот тим, од програмерите до менаџерите, да знаат точно кои работи не функционираат како што треба. Најпопуларни алатки се: Bugzilla, Mantis Bug Tracker, The Bug Genie, BugHerd, DeBugMe…
- Performance Test Tools
Овој вид на тестирање се прави за да се има увид во брзината, стабилноста и скалабилноста на софтверот. Со овој вид на тестирање може да се утврди дали софтверот работи подеднакво ефикасно на различни платформи, дали на неговата брзина влијае бројот на активни корисници и слично. Постои голем број на алатки за тестирање на перформанси и изборот која од нив ќе ја користи некоја компанија зависи од многу фактори како на пример цена на лиценца, поддржани платформи, поддржани протоколи и слично. Моментално најпопуларни се: HP LoadRunner, LoadNinja, Jmeter…
Кариера како софтвер тестер
Еден ден во животот на софтверскиот тестер вклучува состаноци со членови на тимот, читање на документацијата и разбирање на барањата што треба да има и како треба да функционира целиот продукт. Тестирање на сценарија, пишување извештаи и повторно тестирање. Може на прв поглед да делува здодевно, но тоа може да биде само ако истите работи ги повторуваш на ист начин. Во случај кога се работи за QA, клучната работа е да смислуваш нови начини за тестирање на истите функционалности.
Почетна плата во Македонија за софтверски тестер изнесува околу 500 евра, а freelance софтверски тестери можат да заработуваат и повеќе. После 2-3 години работно искуство во оваа професија веќе може да се ставиш во senior категорија или да почнеш да работиш автоматизирано тестирање, а после 5-6 години може да станеш координатор на QA тим.
Со цел да им овозможиме на идните генерации да се стекнат со вештини од Software Testing, и општо со ИТ-вештини, го создадовме првиот акредитиран практичен ИТ-факултет во Македонија – Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). Една од кариерите којашто им е достапна на нашите студенти по дипломирање на Brainster Next College е токму Software Testing. Ова го овозможуваме преку студиска програма креирана според методологија на учење која е применета на најдобрите универзитети во светот, професори – експерти во својата област и гостински предавачи од светски реномирани компании како Google, Apple и Facebook.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
За повеќе информации, закажи средба сега!