4 чекори за креирање на работните места од иднината

Јазот помеѓу побарувачката и понудата на работна сила е директна последица на образовниот систем кој само парцијално ги подготвува луѓето за работните места од иднината. Вештачката интелигенција ни покажа дека треба да бидеме флексибилни и со отворен ум да ги имплементираме сите новини. Но, како да се направи тоа?
cekori-za-kreiranje-na-rabotni-mesta-od-idninata | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Порано, кога индустриите беа релативно стабилни и предвидливи, градењето на идната работна сила беше едноставно прашање на обука и преквалификација на луѓето со потребните вештини за да се пополни побарувачката за работа. 

Но, овие методи повеќе нема да ја задоволат побарувачката, бидејќи предвидувањето на техничките вештини, па дури и на работните сектори кои ќе бидат потребни во иднина, е голем предизвик за секој образовен систем.

На кој начин може образовниот систем да се трансформира во полза на потребните работни места од иднината?

kreiranje-rabotni-mesta

Извор: www.pexels.com

1. Со поттикнување на процесот за доживотно учење

Поради начинот на кој светот се развива поради технологијата, повеќето работни места нема да постојат или ќе се модифицираат драстично во период од неколку години.

Со цел да се надмине јазот во побарувачката и понудата на работната сила, образованието треба да се фокусира на меките вештини како: 

  • Љубопитност
  • Истражување
  • Приспособливост
  • Флексибилност
  • Решавање проблеми
  • Претприемништво

Овие меки вештини се одлична основа без разлика кои технички квалификации ќе бидат потребни во иднина.

Целта е младите да го напуштат училиштето со љубопитност за да го истражат светот и да не престанат да се едуцираат, иако повеќе не се во школските клупи. 

2. Преку инволвирање на целото општество

За да се катализира оваа радикална промена, образованието треба да соработува со партнери од бизнис светот, организациите и локалните заедници.

За решавање на кризата со вештини што зема сè поголем замав, најдобрите идеи може да се донесат на маса, единствено со инволвирање на сите засегнати страни и со поттикнување на овие разговори.

Целта е – покрај учеството во образовниот систем, младите да бидат поврзани со организации и компании, коишто ќе ги користат како заеднички ресурси, за да го покажат своето знаење во пракса.

kreiranje-rabotni-mesta

Извор: www.pexels.com

3. Адаптирање на наставните програми

Со цел да се реши кризата за работни вештини, сега и во иднина, образованието треба да подготви адаптирана наставна програма со фокус на меките вештини.

Поголемиот фокус на меките вештини, отколку на техничките способности ќе им помогне не само на младите, туку и на секој дел од екосистемот – наставниците, локалните работодавци и креаторите на јавните политики, во насока за да се приспособат кон радикално поинаква работна иднина.

4. Правејќи поголем екосистем на едукатори

Наставниците треба да бидат директно инволвирани во овој процес. Нивната експертиза и професионална проценка ќе биде одличен ресурс во секој чекор од процесот. 

Во една типична училница ширум светот, обично има само еден наставник. Споредете го тоа со здравствениот систем каде што имате лекар, медицинска сестра и лабораториски техничар – има многу поголем екосистем на професионалци околу пациентот, отколку околу ученикот. 

На овој начин, не само што ќе се зголеми работната сила во образованието, туку и ќе се зголеми бројот на професионалци коишто ќе работат со учениците и ќе им ги пренесат своите размислувања на најразлични теми.

За да дознаете повеќе како организации како Global Business Coalition for Education прават трансформација во образовниот систем – https://www.forbes.com/sites/charlestowersclark/2021/12/07/building-skills-friendly-cities-to-prepare-for-the-future-of-work/



Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Нова студиска програма на Brainster Next College!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!