Несомнено е дека е-учењето станува поконкурентно секој ден. И навистина не е лесно да ги најдете сите информации што сакате да ги вклучите во вашата домашна задача, есеј или проект. Опасноста да земете туѓ труд, а и да не сте свесни дека ги кршите правилата исто така е присутна. Но, многу е поефикасно и полесно ако ги знаете и ги почитувате правилата.
Добивањето информации од друг извор и нивното вклучување во вашата работа може да биде прималиво на краток рок, но на долг рок остава многу последици кои во иднината може да ве чинат и кариера. Со многуте податоци достапни онлајн, лесно може да се најдете во замка и да „позајмите“ туѓи мисли и решенија за оценка плус. Но, важно е да знаете дека правилата мора да се почитуваат и дека плагијатот е кривично дело.
Секако дека може да се послужите со нечие туѓо дело, но само ако соодветно го цитирате и му дадете признание на оној што се потрудил.
Плагијатортсвото е всушност исто како кражба, но можеби не сте свесни дека го правите тоа. Копирањето туѓо дело без признание може да има катастрофални последици. Постојат неколку чекори што можете да ги преземете за да го избегнете овој проблем и лоша навика. Откако ќе ја разберете потребата зошто треба да избегнувате плагијат, поголема е веројатноста да ги правите сите чекори кои ќе ви помогнат воопшто да не се најдете во таква сутуација.
За некои студенти, пишувањето на задачи значи недели и недели истражување и преиспитување на напишаното. Но, за жал за голем голем број студенти, материјалот за задачата и сите податоци се добиваат само со одење на Google и користење на CTRL + C и CTRL + V. Во некои случаи, студентите можеби и не се свесни дека прават нешто погрешно или никогаш не ги научиле правилните практики за цитирање.
„Плагијат е користење или кражба на зборови, мисли, идеи, делови од напишан материјал или каков било вид на контент материјал од други, без правилно да се идентификува името или изворот на оригиналниот автор. Плагијат може да биде намерно крадење на нечија работа, но може да се случи и ненамерно, поради невнимание или несвесност“.
Кога се пишува некаков академски текст, се користат и многу други извори или докази базирани на работата на другите. Но, овие извори мора на правилен начин да се инкорпорирани во текстот за да се избегне плагијаризам.
Подолу ви претставуваме неколку совети со кои може да се осигурате дека вашата задача, есеј или труд на крајот нема да биде плагијат.
Следете ги изворите наведени во истражувањето
- Парафразирајте или цитирајте го изворот (и додајте ги твоите концепти).
- Вклучете го оригиналниот автор во листата на цитати и референци во текстот.
- Уверете се дека користите некоја алатка за проверка на плагијат пред да ја испратите задачата или да објавите нешто.

Ви издвојуваме уште неколку совети кои студентите и истражувачите најчесто ги користат за да го избегнат плагијаторството во нивните задачи и трудови.
1.Почнете со правилно истражување
Лесен метод за спречување на плагијатот е да си обезбедите доволно време додека го пишувате вашиот труд и задача. Нормално е да правите грешки кога сте во брзање. Но, ако имате доволно време да го направите вашето истражување правилно, и ако посветите целосно внимание на содржината, тоа сигурно ќе ви помогне. Кога сте под каков било ментален притисок, поголема е веројатноста да направите грешки. Затоа, потрудете се да си дадете време, кога имате товар на грб, или каков било ментален притисок, голема е веројатноста дека ќе направите грешка.
2.Соодветно наведете извор
Наведувајќи ги изворите правилно е најважното нешто што секој студент мора да го има на ум додека пишува. Погрижете се да ги дознаете стандардите со кои работите и да ги применувате прецизно. Дури и ако се обидувате да ја направите вистинската работа, сепак можете да цитирате погрешно, ако не ги следите упатствата за цитирање.
3.Читајте темелно
Проверувањето на целиот материјал внимателно додека пишувате е нешто што мора да го правите, но исто така може да ви користи и да избегенете плагијаторство. Не треба да ви треба многу време за да го поминете целиот материјал темелно за да се уверите дека сте ги навеле сите извори што сте ги искористиле. Оваа процедура е лесна за примена и дава резултати.
4.Цитирање
Употребувајте цитати кога цитирате некој директно. Само ако го цитирате изворот директно нема да направите плагијат.
5.Парафразирање
Парафразирањето или повторното преформулирање на зборовите навистина функционира добро кога треба да прераскажете нешто, без да се изгуби значењето. Но, мора да имате на ум кога парафразирате дека е потребно да го напишете она што сакате да го кажете со свои зборови. Не е дозволено само да смените збор-два и да дадете впечаток дека се работи за ваша мисла или откритие.
6.Зголемете ја вредноста
Никогаш не се обидувајте да ги земете сите информации и материјали кои можете да ги најдете од еден извор. Обидете се да ја зголемите вредноста на материјалот на темата со внесување на нешто ваше, нешто што и самите сте го искусиле или научиле претходно. Вака сигурно ќе добиете подобри оценки. Тоа покажува дека сфаќате за што пишувате. За да го направите ова, треба да направите некое поопширно истражување додека не ги разберете сите информации, па дури потоа да почнете со пишување.
7.Проверка на плагијати
Постојат неколку алатки за проверка на плагијати. Со користење на овие алатки, вие ќе може да проверите дали има елементи на плагијаторство во вашите документи и задачи. Оваа алатка дефинитивно ќе ви помогне да го избегнете плагијатот, а не е потребно многу време за да се направи проверката. Сите вакви алатки се базираат на истиот принцип на работа. Потребно е само да ја закачите вашата задача или напис и системот ќе провери дали има совпаѓање со базата. Резултатот го добивате веднаш. И нашето министерство за образование и наука има систем за проверка на плагијати кој е задолжителен за сите докторанди и магистранти чии трудови мора да се внесат елекстронски.
8.Список на референци
Дополнителен метод за избегнување на плагијат е да се вклучи листата на референци на крајот од вашиот труд или задача. Само додавајте референци на оваа листа како што го правите вашето истражување и како што цитирате извори додека пишувате. Така, нема да пропуштите ниту еден извор.
9.Консултации со професорот
Останете и после часот ако е потребно и разговарајте за задачата со вашиот професор и погрижете се да ги добиете сите насоки за задачата на која работите. Понекогаш само барање од професорот за совет за некоја стратегиија може да ви заштеди многу време. Прашајте дали ви треба цитат на страницата за референци или во текстот. Ова ќе ви овозможи да ја започнете задачата подготвени и точно ќе знаете што треба да направите.
10.Интернетот е извор
Во ова време, интернетот е одличен ресурс за брзо наоѓање на добар материјал за вашата задача. Но, исто како што ви помага книгата, тоа не значи дека можете да ја користите информацијата без цитат. Истите правила важат и за интернет изворите, бидејќи и ова е нечија работа и труд. Треба да го цитирате онлајн изворот кој сте го користеле. Тоа што некој напишал нешто што и вам ви треба на блог, не значи дека е напишано за вас и дека можете да го користите за ваши цели кога сакате.
Секој студент треба да има на ум дека плагијатот може да има сериозни последици. Затоа, морате да ја проверите вашата задача пред да ја испратите кај професорот со помош на неколкуте совети. Со препроверката на материјалот може да идентификувате каде сте заборавиле да ставите цитати, каде погрешно сте ги замениле цитатите или каде сте внесувале парафразиран материјал кој е премногу блиску до оригиналниот текст. Само вака може да избегнете потенцијален плагијат кој на долг рок може да ви донесе многу повеќе штета отколку добивка.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
За повеќе информации, закажи средба сега!