Search
Контакт

Најпопуларните вебинари на професорите на Brainster Next College

Во оваа објава ќе можеш да дознаеш повеќе за програмирањето од вебинарите на професорите Ивица Пешовски, Никола Кусибојовски, Горјан Поповски и Дамјан Обал.
najpopularnite-vebinari-Ivica-Damjan-Nikola-Grojan | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Ивица Пешовски

Ивица Пешовски е еден од професорите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), а воедно и CTO (извршен технички директор) во Brainster (Бреинстер) – основачот на Brainster Next College, кој по неговото доаѓање преминува од компанија исклучиво за едукација во компанија за едукација и технологија (edtech компанија).

Неговото широко познавање и долгогодишното искуство во областа на програмирањето го пренесува и на студентите на Академијата за Full Stack програмирање на Brainster каде што за кратко време стана омилен инструктор помеѓу студентите.

Повеќе за Ивица Пешовски можеш да прочиташ тука.

Frontend VS Backend – A Beginner’s dilemma

“Frontend” и “backend” се два збора убедливо најприсутни и најупотребувани во програмерските кругови, до степен што се buzzwords и речиси пречесто ги слушаме. Најбитно од сѐ е што овие два збора можат да ја диктираат твојата кариера како програмер, технологиите со кои ќе работиш, па во некои ситуации дури и надоместокот кој ќе го добиваш за твојата работа. На ова предавање, Ивица, ја решава дилемата на сите оние кои сакаат да учат програмирање, но се неодлучни во која насока да се насочат.

Сеопфатната студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College ќе ти овозможи да се стекнеш и со вештините од Front-end и од Back-end програмирање, а познатата T-shaped методологија за учење што ја применува Brainster Next College ќе ти овозможи да станеш експерт во оној дел од програмирањето во којшто ти најмногу се пронаоѓаш.

Никола Кусибојовски

Никола Кусибојовски е е искусен и мотивиран веб девелопер, особено умешен во Backend технологиите. Тој е уште еден професор што ја обучува првата генерација студенти на првиот практичен ИТ факултет, Brainster Next College каде што го предава предметот веб апликации.

Воедно, Никола е исто така инструктор на Академијата за Full Stack програмирање на Brainster на модулот JavaScript.

„Од 2019 до денес имав можност да се запознаам и да едуцирам повеќе од 200 луѓе кои ги посетувале Академиите на Brainster што ме прави особено среќен и горд. Како програмер во Brainster, креатор сум на повеќе веб-апликации, но најдрага ми е платформата за учење, students.brainster.co, која навистина им помогна на студентите со учењето во периодот на пандемијата“, вели Никола.

Повеќе за Никола Кусибојовски можеш да прочиташ тука.

Напиши го твојот прв код во JavaScript

Најдобар начин да се запознаеш со програмирање и да го надминеш иницијалниот страв од истото е да седнеш и да почнеш да пишуваш код. Ова предавање има токму таа цел, да те запознае со JavaScript преку практична, едночасовна работилница.

JavaScript на сајтот му додава функционалности, а со негова помош можеш да создадеш и доста основни веб апликации. Без разлика дали сакаш да станеш frontend, backend или full stack девелопер ова е еден од основните програмски јазици кои мораш да ги совладаш доколку размислуваш да станеш програмер. Една од веб апликациите коишто се изучуваат на предметот веб апликации е токму JavaScript, а со ова предавање ќе можеш да добиеш увид во нејзиниот начин на работење.

Горјан Поповски

Горјан Поповски е уште еден од професорите што ќе предаваат на првата генерација студенти, а неговото долгогодишно искуство во областа на Data Science ќе го пренесува на предметите по Податочна наука и Алгоритми и сложеност. Импресивно за Горјан е тоа што неговиот татко, инженер и математичар го вовел во математиката кога Горјан имал само 9 години, а во програмирањето кога имал 12. Оттогаш нема престанато да го проширува своето знаење во овие области, кое го надградува и со природната љубопитност кон науката.

„Бидејќи претходно имав работено и публикувано трудови, завршив две академски години во една, така што потоа почнав со моето патешествие со докторски студии. Моментално имам над 25 трудови со над 270 цитати. Се надевам со текот на наредните 2-3 години тоа ќе порасне уште повеќе. Во меѓувреме, се префрлив на работа во индустрија“, вели Горјан. 

Повеќе за Горјан Поповски можеш да прочиташ тука.

Дали Data Science е кариерата за тебе?

Доколку те влече оваа област и се сметаш себеси за Data Science ентузијаст, ова предавање е за тебе. Дознај што во основа претставува Data Science и како и зошто оваа област успеа да достигне толкав раст на пазарот. Дознај зошто оваа професија е една од најбараните на пазарот на труд, каква е моменталната побарувачка, кои се проекциите за во иднина и дали оваа професија е вистинската кариера за тебе.

Студирањето на Brainster Next College ти овозможува да се стекнеш со најдобрите вештини за Data Science и програмирање преку практична настава и работа на реални проекти со што веднаш по дипломирањето ќе бидеш компетитивен и вработлив во областа која припаѓа во топ 6 дејности со најголем пораст, 56% раст во бројот на отворени работни места како и просечна плата од $130k на глобално ниво.

Дамјан Обал

Дамјан Обал е еден од професорите на Brainster Next College кој своето богато работно и истражувачко искуство од областа на интерактивен графички UX дизајн и компјутерски науки ќе им го пренесе на нашите студенти што ќе изучуваат Софтверско инженерство и иновации. Дамјан Обал живее и работи во Норвешка и има над 20 години работно и истражувачко искуство во областа на интерактивен графички и UX дизајн во Западна Европа, и два докторати од реномирани светски универзитети.

Повеќе за Дамјан Обал можеш да прочиташ тука.

Design Experiences For The New Normal

Дамјан Обал беше еден од говорниците на конференцијата за Deep Dive into UX/UI во 2020 година. Настаните Deep Dive организирани од Brainster се собири за глобалната технолошка заедница која вклучува компании, истражувачи, претприемачи, дизајнери, мисловни лидери, студенти и креатори на политики. На овој вебинар ќе можеш да дознаеш повеќе за начинот на кој се поместуваат KPI’s (Key Performance Indicators), кои се основните потреби на кои треба компаниите да се фокусираат со цел да бидат во тек со трендовите и како да ги следат нивните промени од година во година и дали иднината е онлајн или офлајн и како ќе навлезеш подлабоко во начинот како да креираш добро корисничко искуство.

Ивица Пешовски, Горјан Поповски и Дамјан Обал беа дел од првиот Отворен ден на Brainster Next College – првиот акредитиран практичен ИТ факултет кај нас, каде што имаа можност на присутните да им покажат што всушност значи практичен ИТ факултет преку давање на кратко интеркативно и практично предавање. Интерактивните предавања на нашите професори предизвикаа голем интерес, а повеќе за тоа можеш да прочиташ тука. Додека пак, професорот Никола Кусибојовски беше дел од првиот Отворен кариерен ден на Brainster Next College каде што на присутните им ја раскажа својата успешна програмерска приказна и целокупниот кариерен пат и професионално искуство во светот на програмирањето и ИТ индустријата. Повеќе за тоа како се одвиваше Отворениот кариерен ден можеш да прочиташ тука.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Psst...😎 Уписниот рок се затвара наскоро!

      Студирај за 0 денари,
      а плаќај по вработување!

      Приемниот тест е отворен до 1 април!
      Не е шега 🤯

      Првата група е веќе пополнета!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!