Вистинскиот избор на студии е клучен за успехот

Дознајте кои се главните 3 причини зошто изборот на најдобрата високообразовна институција за вас е клучно за успехот во иднина.
pricni-zosto-izborot-na-studii-e-vazen | Spftversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Понекогаш во животот од луѓето се бара да донесат одлуки кои потенцијално би можеле да влијаат на нив до крајот на нивниот живот. Одлуките влијаат на секој дел од луѓето, како ментално, така и емоционално и физички. Еден од важните моменти во животот на еден човек во кој треба да донесе клучна одлука е последната година од средното училиште. Тоа е моментот каде што секој од нас се соочува со предизвикот на избор на високо образование. 

Средношколците не само што треба да се грижат за постигнување на добри оценки и резултати за крајот на своето 4-годишно искуство, туку треба и да посветат големи напори и време при изборот на високото образование каде што ќе продолжат да ги надградуваат своите знаења. 

Изборот на високообразвона институција е стресна тема за речиси секој средношколец. Одлуките што сега ги носат средношколците би можеле да го променат животот, на подобро или пак на полошо. Веројатно сте го слушнале досега ова, но тоа е вистината – изборот на факултет е една од најважните одлуки што ќе ги донесете во вашиот живот и таа ќе има трајно влијание врз вашиот личен и професионален живот.

Во продолжение, 3-те најважни причини зошто правилниот избор на високо образование е една од клучните одлуки во животот

1. Правилниот избор на високото образование ги определува идните кариерни можности

Годините поминати како студент се важна фаза во животот на секој човек. Тие години му служат на студентот како подготовка за неговата иднина. Исто така, тој на многумина им ја дава нивната прва можност во реалниот свет. Изборот на високо образование кое најдобро ви одговара е императив и може да влијае на вашето ниво на подготовка за професионална кариера. Вашиот избор ќе влијае на квалитетот на образованието што ќе го добивате и ќе ја обликува вашата независност. 

Несомнено, за секој иден и сегашен студент целта на запишување на високообразовна институција е стекнување на компетитивни знаења и вештини кои по завршувањето на студиите ќе му овозможат да се вработи и да лансира кариера којашто ќе го исполнува и ќе му ги задоволи работните очекувања. Затоа, еден од факторите коишто секој иден студент треба да ги земе предвид при изборот на високото образование е дали истото нуди помош и поддршка при вработување или пак лансирање на свој бизнис кои би биле од клучна важност по завршувањето на додипломските студии.

Пробајте да ја пронајдете високообразовната институција која ќе ви помогне да ги подобрите вештините и да најдете можности за работа и запрашајте се дали високообразовната институција има програми за соработка кои ќе ви помогнат да ги истражите опциите за кариера.

На Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџот) преку студиската програма за Софтверско инженерство и иновации, студентите ќе успеат да се стекнат со голем број на ИТ вештини и технологии, отворајќи им ја вратата кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет како програмери на различни видови на софтвер и апликации, тестери или аналитичари на софтвер, софтверски инженери за бази на податоци и слично.

Воедно, како дел од нашата цел и мисија е на нашите студенти да им овозможиме целосна поддршка при барање на нивното прво работно место. Brainster Next College соработува со повеќе од 100 партнерски компании кои се подготвени со задоволство да ја понудат својата експертиза во рамки на гостински предавања, овозможување на истражувања, пракси и проекти, како и можности за идно вработување на нашите студенти.

2. Правилниот избор на високо образование значи квалитетно вложено време и средства

Неретко во денешно време се соочуваме со студенти коишто по неколку години од своите студии одлучуваат дека направиле грешка при изборот на високообразовната институција и се спремни да направат промена или пак целосно да се откажат од студиите. Сето тоа резултира со залудно потрошени парични средства и вложено време и труд што ни го потврдува фактот дека пред да се донесе одлуката за избор на високо образование е потребно да се размисли на многу детали.

Цената на високото образование може да има долгорочни импликации врз вашиот живот, па затоа е важен фактор што треба да се земе предвид при неговиот избор. Меѓутоа, не дозволувајте фиксната школарина да ве предомисли од аплицирање на високообразовната институција од вашите соништа. Повеќето високообразовни институции доделуваат стипендии за најквалитетните студенти или пак нудат одредени поволности при плаќањето на школарината.

Дополнително, важно е да се запамети дека изборот на високообразовната институција претставува можност и инвестиција во иднината на луѓето. Главната цел и мисија на Brainster Next College е да го подобри образованието за вие да го подобрите светот. Со тоа, сакаме да обезбедиме висококвалитетно образование на што поголем број на лица кои веруваат и сакаат да ја остварат оваа мисија заедно со нас. Поради тоа, овозможуваме голем број на финансиски поволности и олеснувања за овозможување поголема пристапност до нашите студиски програми.

Еден од ваквите поволности коишто ги презема Brainster Next College е всушност и финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување!“ којшто им овозоможува на сите средношколци и идни студенти да започнат со студии на колеџот оваа есен, а за целокупните студии да ги отплаќаат по вработувањето.

Ова е уште една потврда на сигурноста на Brainster Next College во способноста да ја даде целата помош и поддршка при вработување на своите студенти.

Финансискиот модел може да се освои преку решавање на тест за компетенции составен од 40 прашања поврзани со решавање на проблеми, логички и нумерички задачи, логички игри и прашања од општо знаење, а во зависност од резултатите ќе бидат насочени кон втората фаза за запишување на колеџот – интервју со комисија сочинета од директорот на колеџот и членови на академскиот и административниот тим или пак onsite тестирање.

Дополнително, ова е единствениот финансиски модел за запишување на високообразовна институција кај нас кој не се базира на претходни успеси и оценки, туку компетенциите, аспирациите и желбата за напредок и успех на идните студенти.

Всушност, изборот за високо образование е инвестиција во вашата иднина. Земајќи ги предвид просечните плати во секторите во кои е предвидена кариера по завршување на нашите студиски програми, ќе можете да направите поврат на вашата инвестиција за просечно 1 до 2 години по вработувањето. 

3. Студиската програма и наставниот кадар на високообразовната институција се појдовна точка за иден успех

Како надоврзување на претходно кажаното, едни од причините поради коишто студентите сфаќаат дека донеле погрешен избор на високообразовна институција се токму студиската програма и наставниот кадар. Постоењето на блиски односи меѓу професорите и студентите е важно за иднината на секој студент. За многу студенти, професорите стануваат доживотни ментори и застапници. 

Професорите треба да се стремат да го извадат најдоброто од учениците и да ги инспирират да се стремат кон постигнување на големи работи и успеси. Студентите се сметаат за иднината на нацијата и човештвото, а професорот се верува дека е веродостоен водич за нивниот напредок. Покрај родителите, токму професорот е тој што треба да пренесува знаење, добри вредности, традиција, современи предизвици и начини за нивно решавање кај учениците. 

Во денешно време, постои јаз меѓу информациите и знаењето, вистинското образование. Со цел да се намали овој јаз, професорите треба да се подготват за да им помогнат на студентите да ги разберат знаењата и концептите надвор од класичните учебници и книги. Што повеќе професорите ќе комуницираат со учениците со остварливи, реални примери и инциденти, студентите ќе имаат подобро разбирање и поголема свест за предметот. Со примери и практична работа од реалниот живот, тие можат да ги применат своите лекции на многу предмети.

Статистиките покажуваат дека кога професорите се повеќе достапни за студентите и им посветуваат поголемо внимание, поголема е веројатноста студентот да покаже подобри резултати за време на предавањата и во иднина. Затоа на Brainster Next College целиме кон квалитет наспроти квантитет на кадарот којшто го создаваме и со цел секој студент да го добие потребното внимание воведовме мали квоти со што на студентите ќе им биде многу полесно да се поврзат и помеѓу себе и со професорите. Воедно, наставниот кадар е соджан од голем број на домашни и странски експерти во својата област коишто имаат големо искуство кое со задоволство ќе го пренесуваат на генерациите на Brainster Next College.

Дополнително, на Brainster Next College студиските програми се создадени според потребите на индустријата. Бордот од индустријата е надворешно консултативно тело во кое членуваат лидери од IT индустријата и од други индустрии, претставници на релевантните стопански комори, истражувачи и експерти докажани во релевантните области, како и професорскиот кадар и дел од менаџментот на Brainster Next College.

Главната цел на Бордот е да ја осигура цврстата поврзаност на наставните програми со потребите на индустријата, преку разгледување и прилагодување на програмите, дефинирање на изборот на технологии, менторирање на студентите, обезбедување проекти, истражувања и практична работа за нив, и активно учество во носењето на најважните одлуки поврзани за идниот развој на институцијата.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата се ограничени, затоа закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      |

      Онлајн Q&A сесија на 12-ти април,  19:00 часот!

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“  👉

       

      |

      Онлајн Q&A сесија

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ 👇

       

      12-ти април,  19:00 часот!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!