Имаш толку многу корисни работи што треба да ги направиш, но повеќе би сакал да излезеш на прошетка со пријателите и постојано ги одложуваш задачите?
Неодамнешните студии покажаа дека луѓето повеќе жалат за работите што не ги направиле отколку за работите што ги направиле. Покрај тоа, чувствата на жалење и самообвинување кои произлегуваат од пропуштените можности имаат тенденција да останат присутни кај луѓето многу подолго.
Понекогаш се чини дека сите наши можности се на дофат на раката, но се чини дека не можеме да ги достигнеме. Кога одложуваш, губиш време коешто би можел да го инвестираш во нешто многу значајно и паметно. Ако успееш да го надминеш овој жесток непријател, ќе можеш да постигнеш повеќе и со тоа подобро да го искористиш потенцијалот и можностите што ти го нуди животот.
Со сите дистракции коишто ни се достапни во денешно време, борбата против одложувањето ни станува уште потешка. Затоа, доколку се потрудиш да научиш неколку клучни работи и да воведеш промени во својот живот, биди сигурен дека ќе се стекнеш со едни од најважните вештини што можеш да ги научиш.
Навики
Вообичаена теорија е дека одложувањето е резултат на недостаток на дисциплина. Одложувачите избираат слободно време и забава наместо напорна работа. Помодерна варијација на ова објаснување е дека тие немаат добри системи и навики. Повеќекратните студии покажаа дека силните навики ја намалуваат нашата потреба за самоконтрола. Тие го олеснуваат задржувањето на желбата за работа и напредок и ги блокираат одложувањата и дистракциите. Но, процесот на воспоставување навика што дава такви придобивки обично трае неколку месеци.
Запрашај се: Кои навики ги имам за да се справам со моите најважни задачи? Ако не можеш да си најдеш конкретен одговор на ова прашање, обиди се со овие пристапи:
Креирај deep work слотови
Креирај си слотови каде што ќе ги исклучиш сите дистракции и ќе се фокусираш само на обврските. Со тоа ќе креираш долгорочни добри навики. Навиките ги прават секвенците на однесување поавтоматски. Размисли на ова исто како кога веќе не си возач почетник. За разлика од почетниците коишто се премногу свесни и размислуваат за начинот на којшто возат, оние коишто веќе подолго време се зад воланот не размислуваат толку свесно што прават секогаш кога ќе седнат зад воланот на автомобилот. Покомплексните навики како одење во теретана или учење јазик исто така можат да станат поавтоматски. Тоа се случува преку повторување и изговарање. Затоа, не треба да се обидуваш да работиш deep work во 11:00 часот наутро еден ден и во 3:00 часот попладне следниот ден. Или пак, доколку ова е потешко изводливо за тебе, обиди се да ги извршуваш обврските секој ден пред или после доручек или ручек. И така создаваш одредена секојдневна навика дека еден до два часа пред или по ручекот ќе учиш или пак ќе ги завршиш другите потребни обврски.
Создади систем за започнување нови задачи
Што е со одговорностите и обврските со кои се соочуваш за првпат, а се чувствуваат надвор од твојата веќе воспоставена дневна рутина? Голема е веројатноста дека сè додека не создадеш систем за започнување на нови задачи ќе ги одложуваш. Додека пак, помала е веројатноста да ги одложиш новите задачи ако имаш главен систем за пристап до нив. Чекорите што ќе ги преземеш кога ќе наидеш на нешто ново ќе станат нивен тип на навика, што ќе го намали заморот од одлучување за тоа како да започнеш.
Како можеш да развиеш сопствен систем? Направи обратно инженирање (reverse engineering): Помисли на пример за предизвикувачка задача што си ја завршил успешно и идентификувај ги чекорите што си ги користел за да ја постигнеш истата. Креирањето на сопствен систем би дал подобри резултати отколку да преземеш метод на други луѓе којшто не знаеш дали ќе биде конзистентен со твојата природа и твоите силни страни.
Емоции
Имаме тенденција да избегнуваме задачи што предизвикуваат негативни емоции. Луѓето кои се справуваат со стресот користејќи тактики на избегнување се поранливи на депресија, анксиозност и нарушувања во исхраната, а тоа станува маѓепсан круг. Кога нивното ментално здравје се влошува, се влошува и зголемува и нивното одложување.
Но, дури и луѓето кои само понекогаш се чувствуваат тажни, несигурни и вознемирени за својата работа – или не можат да ја толерираат досадата или стресот што ги предизвикува – имаат тенденција да избегнуваат задачи што предизвикуваат такви емоции. Овој одговор е зголемен за време на периоди на несигурност. Кога луѓето се чувствуваат преоптоварени, поголема е веројатноста да одолговлекуваат. Во оваа состојба, дури и наједноставните задачи може да изгледаат застрашувачки.
За да дознаеш дали твоите моции се главната причина поради што ја одложуваш работата, запрашај се: Какво е моето ментално здравје? Дали задачите што ги избегнувам инспирираат одредени емоции? Дали ме прават да ми е досадно, да сум лут или вознемирени, а потоа пробај ја следнава стратегија:
Контролирај ги твоите чувства
Прецизното идентификување на твоите емоции, нешто што психолошките истражувачи го нарекуваат емоционална грануларност, ќе ти помогне да управуваш со нив. Кога станува збор за одложување, исто така е корисно да се анализира колку секоја емоција влијае на твојот став кон задачата. На пример, може да откриеш дека учењето пред важен тест ти предизвикува вознемиреност на ниво од 8 на скала од еден до 10 и досада на ниво од 4. Откако ќе го утврдиш тоа, потоа можеш да се осврнеш на емоциите поединечно. Системот за оценување ќе ти помогне да оцениш колку си ефективен во нивното минимизирање.
Кога некоја задача ќе ти здодее, креирај си награда за тоа што ќе ја завршиш или пак најди начин да ја направиш на позабавен начин – на пример, договори се да учиш со најдобриот пријател на кој одлично му иде тој предмет.
Кога некоја задача ти предизвикува чувство на нервоза или пак си помислуваш „Зошто сега морам да го учам баш ова?“, помисли на тоа што навистина цениш во извршувањето на обврската. Можеби се нервираш дека денот пред тестот мораш да учиш наместо да искочиш на дружба со пријателите, но знаеш дека навистина ќе го цениш тоа кога целиот труд ќе излезе на виделина и ќе ја добиеш највисоката оцена и пофалба од професорот.
Кога некоја задача те прави вознемирен, почни со елементите од неа што те прават најмалку загрижен и напредувај оттаму. Ова е терапија со експозиција: постепено достигнувајќи го она што најмногу те плаши. Она што првично изгледа невозможно, ќе го смени својот изглед откако ќе почнеш успешно да ги извршуваш полесните чекори.
Модели на размислување
Ако си добро дисциплиниран во многу области, но имаш големи потешкотии во други, за ова може да бидат виновни специфичните шеми и модели на размислување. Некои когнитивни фактори вклучени во одложувањето се прилично универзални – на пример, повеќето од нас ја потценуваат сложеноста на задачите кои имаат долги рокови – додека други се длабоко персонални.
За да откриеш дали твоите когнитивните пречки придонесуваат за твоето одложување, запрашај се: Со оглед на моите вештини, дали задачата се чини потешка од што чекорите навистина се? Дали навистина уживам, или барем добивам чувство на задоволство од задача штом ќе ја започнам? Ако одговорот е да, тоа имплицира дека имаш тенденција да размислуваш за работата на начин што прави да изгледа понепријатна отколку што всушност е. Обиди се со оваа стратегија за да се движиш покрај твоите когнитивни пречки:
Обратно бреинстормирање
Кога се применува за одложување, обратното бреинстормирање вклучува размислување што би направил за да ја направиш твојата задача неверојатно тешка или нешто што навистина би сакал да го избегнеш. Откако ќе ги добиеш тие одговори, тогаш доаѓаш до нивните спротивности, што ќе те помогне да се чувствуваш помотивиран за извршување на задалите.
На пример, задачата може да изгледа неостварлива ако замислиш дека мораш да ја направиш совршена првиот пат или пак дека мораш да ја направиш на ист начин како колегата на кој му се восхитуваш. Другата страна на ова е дека задачата ќе изгледа полесна доколку прифатиш дека на патот до нејзинотот остварување ќе се појават грешки и несовршености и дека треба да пристапиш на свој начин, искористувајќи ги сопствените сили.
Повеќе на оваа тема можеш да прочиташ тука.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
За повеќе информации закажи средба сега!