Запознај ги професорите – Никола Кусибојовски

Никола Кусибојовски се приклучува на тимот наставен кадар што ќе ја обучува првата генерација на првиот практичен ИТ факултет, Brainster Next.
zapoznaj-gi-profesorite-nikola-kusibojovski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Никола Кусибојовски е искусен и мотивиран веб девелопер, особено умешен во Backend технологиите кој со задоволство сите свои знаења и вештини ќе ги пренесува на студентите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

Во 2012 година ги започнал додипломските студии на ФИНКИ – Скопје. Во 2016 има учествувано на меѓународниот хакатон Codefest во Охрид, каде што заедно со тим од уште 3 колеги го зазеле првото место во повеќе категории. Тоа му овозможило уште во своите помлади години да се вклучи во стартап екосистемот во Македонија, како еден од креаторите и сопственици на стартапот Резервирај.мк.
Креирањето и водењето на стартап го издвојува како најдраг дел од кариерата, затоа што токму тоа му има помогнато да научи многу бизнис, но и животни лекции. Во 2017 ги завршува додипломските студии на ФИНКИ, во областа на веб-апликации на тема „Изработка на веб- апликација за претставување на домашни миленици – Petbook“ и станува дипломиран софтверски инженер во областа на компјутерските науки.
Истата година, започнал со работа во фирмата DoXteam како backend девелопер. Работејќи во DoxTeam се стекнал со одлични знаења од областа на микросервисната архитектура и со сервисите на AWS.
Паралелно со работата во оваа компанија, започнал со хонорарни part-time ангажмани како full-stack девелопер и консултант, со што се стекнал со многу значајно знаење и искуство во креирање на големи ERP системи.
Кон средината на 2018, започнал со работа во американска банка „Amerbank“, што всушност било неговото прво искуство во интернационална компанија, но и прво искуство во светот на финансиите.

„Морам да напоменам дека додека бев дел од оваа fin-tech компанија беше навистина возбудлив период исполнет со многу предизвици и новитети за мене“, ни кажа Кусибојовски.


Од 2019 година до денес, работи во „Лока“ – фирма од Силициумската долина, како full-stack програмер. Како еден од првите вработени во оваа компанија која денес брои повеќе од 150 луѓе ширум светот, Никола имал прилика во целост да ги примени своите знаења од веб програмирањето во изградба на неколку значајни проекти. „Лока“ има навистина посебно место и значење во досегашна кариера на Никола.


Исто така, од 2019 година тој започнува и соработка со Brainster (Бреинстер) како предавач на Full-Stack Академијата на модулот за JavaScript, но и како part-time програмер.

„Во овој период, од 2019 до денес имав можност да се запознаам и да едуцирам повеќе од 200 луѓе кои ги посетувале Академиите на Brainster што ме прави особено среќен и горд. Како програмер во Brainster, креатор сум на повеќе веб-апликации, но најдрага ми е платформата за учење, students.brainster.co, која навистина им помогна на студентите со учењето во периодот на пандемијата“, вели Никола.

Кусибојовски присуствуваше на Отворениот кариерен ден на Brainster Next College, каде што имаше можност да го раскаже своето кариерено искуство како PHP програмер.

Nikola-Kusibojovski-open-career-day| Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

„Најдобро се учи во група, секоја вежба е важна и треба да се учествува на секој натпревар за програмирање. Мора да се трудите и да учите. И не очекувате успех или пари преку ноќ“, рече тој во своето излагање.


Во овој период тој ги привршува своите подготовки за полагање на испит за добивање на сертификат за познавање на AWS сервисите.

Тука можете да прочитате неколку негови статии.

Запознајте го Никола Кусибојовски – професор на студиската програма Софтверско инженерство и иновации

Име и презиме: Никола Кусибојовски

Студиска програма: Софтверско инженерство и иновации

Предмет: Веб апликации

Професија: Софтверски инженер

Искуство: 6+ години

Како се роди интересот за ИТ областа и пред сé програмирањето?

Интересно е дека уште како многу мал јавував интерес кон компјутерите кои беа нешто ново за времето во кое растев. Моите родители многу инвестираа во моето образование, па се сеќавам дека од мал посетував едукативни центри за компјутерски вештини. Како созревав, особено во средношколските денови математиката ми беше појака страна, па така кога бирав факултет знаев дека ќе биде комбинација од математика и компјутери и затоа ФИНКИ тогаш беше идеалниот избор. Искрено, дури откако се запишав на факултет го сфатив потенцијалот кој го има ИТ индустријата. Од моментот кога видов дека имам можност директно да влијаам во разни софтверски решенија, сфатив дека ИТ индистријата е местото каде припаѓам и каде се гледам во наредните години.

Зошто е важно да се учи Веб апликации на студиите по софтверско инженерство?

Преку предметот Веб апликации, студентите ќе добијат основи за сé што ќе им треба во светот на веб програмирањето. Ќе се запознаат со начинот на којшто функционира самиот веб, ќе добијат основи во веб-дизајн и ќе научат како да изградат основни веб-страници и едноставни веб- апликации користејќи веб-сервиси. Овој предмет ќе им ги отвори вратите на студентите понатаму да изучуваат покомплексни технологии.

Најважниот совет што би им го дал на студентите:

Според мене најскапоценото нешто што го имаме на овој свет е времето. Тоа не можеме да го вратиме назад. Затоа би ги советувал да го искористат моментот и целосно да се фокусираат на мисијата „потенцијални софтверски инженери“. Би им рекол да уживаат во сите моменти кои ги нудат факултетските денови, но секогаш да знаат која е зацртаната цел. Би ги советувал да останат фокусирани во учењето и себе-надградувањето, а за да успеат во тоа ќе треба да се оттргнат од сите работи кои бесцелно им го трошат времето. Последно, би ги советувал да ги пратат секогаш новите трендови во ИТ светот и да се вмрежуваат и да бидат опколени со квалитетни луѓе.

Да се биде професор, учител, ментор е секако многу благородна мисија. Како лично ја доживуваш оваа работа?

Ја доживувам како одлична можност да го пренесам моето знаење на идните софтверски инженери. Израснат сум во фамилија на учители, па од прва рака, од мајка ми и баба ми, имам сфатено каква благородна работа е учителството. Искрено сум многу среќен што ќе можам да влијаам во образовниот процес на студентите во Brainster Next College, но исто така сум среќен што и јас ќе учам премногу од младите и амбициозни студенти.

Како се добива довербата на студентите. Кој е најуспешенниот метод?

Според мене тоа секогаш е искреноста и приземноста. Мора да се пристапи максимално професионално, но истовремено и другарски со студентите. Мора да се биде отворен за секој еден студент, за студентите да не се чувствуваат ограничено или подредено.

Која е книгата што најмногу влијаела на твојот кариерен развој?

Би рекол дека сите книги кои во текот на студиите ми помогнаа да научам многу работи влијаеа на мојот кариерен развој. Кога би морал да издвојам некоја би ја спомнал „Clean Code: A Handbook of Agile Software Craftsmanship“ од Robert C. Martin

Омилен цитат или совет што секогаш го следиш при носење на важните одлуки:

При програмирање секогаш се водам од мислата „Think twice, code once“. Никогаш не сакам избрзани или привремени решенија.

Исто и во животот, секогаш сакам да размислам 2 пати пред да донесам некоја одлука, затоа што не би сакал да се каам подоцна. Обично ја практикувам онаа поговорка „Утрото е попаметно од ноќта“ па така најчесто поголемите одлуки сакам да ги донесам наутро, со ладна глава.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Join Generation Next – и преземи го првиот чекор за квалификација за уникатниот финансиски модел Студирај сега, плаќај по вработувањето преку решавање на онлајн тестот за компетенции!

Местата се ограничени, затоа закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Префрли се на Brainster Next College! Можност за трансфер до 15 октомври!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!