Сакам да ги инспирирам другите

Во серијалот Запознајте ги студентите на Brainster Next College, ви ги претставуваме нашите први запишани студенти.
zapoznaj-gi-studentite-veljko-korica | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Амбициозен, посветен, љубопитен авантурист што сака теретана, а кога е во прашање студирањето, најмногу очекувања има од професорите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). Вака со една реченица може да го опишеме Вељко Корица, еден од првите запишани студенти на нашата тригодишна програма за Софтверско инженерство и иновации.

Вељко е матурант од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово. Вели дека средношколските денови ќе ги памети по тоа што учеле буквално сѐ, и она што треба и она што не треба, и фокусот му бил на општо образование. Една и пол година не оделе во училиште и учеле онлајн, но останатото време со соучениците било вредно за паметење и создавање убави спомени. Кога би имал некоја моќ да смени нешто во македонското образование, би земал примери од успешни модели од развиените земји и би вовел практична настава и поголеми инвестиции.

За Brainster Next College дознал од неговите родители. Првично размислувал да се запише на некоја од Академиите на Бреинстер, но откако ги дознал деталите за колеџот, сфатил дека  тоа е најдобрата опција.

„Имам навистина големи очекувања“, вели Вељко.

Но, да го запознаеме малку подобро!

Сигурно си информиран за можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“. Што мислиш за оваа понуда, која е прва од ваков тип во Македонија и дали ќе ја искористиш?

– Лично нема да ја искористам оваа можност, но е добра идеја за некои студенти кои сакаат да студираат, имаат капацитет, амбициозни се и ја сакаат ова област, но можеби не се во финансиска состојба да си приуштат, што е многу многу често во Македонија. Мислам дека е добра идеја и дека треба да има повеќе вакви опции и на другите факултети и колеџи.  

Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто одбираш кариера во овој правец?

– Бидејќи сметам дека во оваа област се крие голема иднина и дека во оваа област можам да постигнам многу. И тоа не само не само јас, туку и други што имаат големи амбиции во животот. 

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College, предметите, наставниот кадар, праксата…Што ќе ти биде најголем предизвик?

-На мене сѐ ми е интересно, на пример предметите што ги разгледував, но најмогу ми се допаѓа тоа што ќе работиме во пракса. Ќе биде голем предизвик тоа што ќе патувам од Куманово до Скопје, хаха. И можеби тоа времето, бидејќи сѐ сакам веднаш во даден момент, но успехот не се случува преку ноќ.

Што те инспирира во животот, на што си најмногу посветен, имаш ли можеби некое хоби?

– За себе имам големи амбиции и соништа. Одам во теретана, не би рекол дека е хоби, но одам доста сериозно. Секогаш работам на себе, секој ден гледам да сум подобар во секој можен аспект, да научам што повеќе во сите области. Буквално сѐ ме интересира и во сѐ сакам да сум прв. Инспирација имам од некои луѓе и тоа што имаат постигнато во нивните животи, но мислам дека тоа не е ништо и дека можам да постигнам многу повеќе, за потоа, некој друг да биде инспиран од мене. Тоа ми е целта во животот. На ова би сакал да додадам дека на сите ни се дадени картите за да ги искористиме до крај, но не е сѐ во нашата контрола.

Што ти е најважно кај еден професор, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College? 

– Најважно нешто кај професорите е да имаат добра комуникација со учениците. Оттука понатаму сѐ е полесно и за професорите и за учениците. Секој проблем ќе може да се надмине со добра комуникација.

Уписот на првиот акредитиран ИТ колеџ во земјава, Brainster Next College е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.

Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!