Што се прогресивни веб апликации?

Дознај што се прогресивни веб апликации (PWA), нивните предности и ограничувања, и кои се едни од најпознатите компании коишто користат вакви апликации.
progressive-web-applications | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Интернетот е неверојатна платформа. Неговата мешавина на сеприсутност низ уредите и оперативните системи, неговиот безбедносен модел фокусиран на корисникот и фактот дека ниту неговата спецификација ниту неговата имплементација не се контролирани од една компанија, го прави интернетот уникатна платформа за развој на софтвер. Во комбинација со неговата вродена поврзаност, корисникот може да го пребарува и да го сподели она што го нашол со секого, каде било. Секогаш кога одите на веб-локација, таа е ажурирана, а вашето искуство со таа страница може да биде минливо или трајно колку што вие ќе посакате. Веб апликациите можат да стигнат до секого, секаде, на кој било уред со само една база на кодови.

Модерните веб апликации може да се изградат на многу начини. Се чини дека секоја година излегуваат сѐ повеќе начини на креирање на веб апликации преку различни фрејмворци (frameworks), библиотеки, користејќи различни концепти и техники. Веб светот е жив и напредува. За изработка на една веб страница се потребни многу часови на планирање, дизајнирање, креирање и тестирање. 

Корисниците очекуваат дека на крајот ќе добијат една прекрасна апликација со убав дизајн, со глатки анимации при навигирање од страна на страна, високи перформанси, брзо лоадирање и одличен Search Engine Optimization (SEO). 

Сепак, и овие апликации имаат свои недостатоци, посебно кога ги користиме преку веб пребарувач на мобилен телефон. Во споредба со нативните апликации кои максимално ги користат хардверските можности на уредот, веб апликациите се ограничени во тој поглед.

Така се раѓа и идејата за прогресивни веб апликации (progressive web applications – PWA), односно, што би било кога би можеле да креираме веб апликација која се однесува и се чувствува како нативна апликација, која повеќе ги користи хардверските можности на уредот како жироскоп, GPS, блутут, NFC, читач за отпечаток од прсти (fingerprint) итн.

Што се прогресивни веб апликации (PWA)?

Како што самото име ни кажува, тоа се веб апликации кои преку користење на одредени технологии (сервис воркери, манифести и др.) во комбинација со прогресивно подобрување (progressive enhancement) ни носат корисничко искуство поблиско до мобилните апликации.

Кои се предностите на прогресивните веб апликации?

  • Може да бидат инсталирани на уредот (мобилен или лаптоп) како нативна апликација.
    При првото користење на веб апликацијата, ќе добиете известување дека имате можност да ја инсталирате оваа апликација на вашиот уред. Доколку прифатите, ќе ја имате оваа апликација исто како оние што ги симнувате од маркетите.
  • Користат повеќе хардверски можности на уредот (блутут, геолокација, NFC, читач на отптечаток на прсти или лице, снимање на аудио, жироскоп, препознавање на глас и други).
    Ова е всушност револуционерниот дел од приказната за прогресивни веб апликации. Ова се тие работи кои прават веб апликацијата да се чувствува повеќе како нативна и да ја однесат до следното ниво.
  • Може да ги користите и кога сте офлајн.
    Преку кеширање на одредени податоци, апликацијата е достапна за користење дури и кога немате пристап до интернет.
  • Може да ги поставите на маркетите за апликации на Google (Play store) и Apple (App Store).

Кои се ограничувањата на прогресивните веб апликации?

Иако звучат премногу добри за да се реални, прогресивните веб апликации сепак имаат недостатоци. Имено, сепак станува збор за веб апликација, што значи дека се опслужува од интернет пребарувач. Поради тоа, се потпира на можностите на пребарувачот, наместо дирекно на можностите на уредот. Тоа додава уште еден слој во комуникацијата до хардверските можности на уредот. Со нативните апликации тоа е дирекна комуникација, затоа тие се сѐ уште неприкосновени во односот на перформанси. 

Исто така, бидејќи се ослонуваат на интернет пребарувач, тоа остава простор за компаниите кои ги поседуваат интернет пребарувачите да го диктираат темпото на развој на прогресивните веб апликации. Имено, Google со својот Chrome пребарувач има најдобра поддршка за прогресивни веб апликации и е главниот двигател за нивно поголемо користење. До неодамна, Apple со својот Safari скоро и да не даваше никаква поддршка. Тоа полека се менува, бидејќи од iOS 15.4, Safari ќе поддржува повеќе додатоци кои се во корист на прогресивните веб апликации.

Компании кои користат прогресивни веб апликации

  • Starbucks

Апликацијата му овозможува на корисникот да го пребарува менито дури и кога е офлајн и да стави продукти во кошничката, за кога подоцна ќе се врати онлајн да ја изврши порачката. Прогресивната веб апликација е 99.84% помала од нативната iOS апликација, што ја прави многу популарен избор меѓу корисниците.

  • Uber

Направена е со намера да овозможи користење на услугите дури и при многу слаба интернет конекција (2G мрежи). Оваа апликација е околу 50 килобајти и се лоадира за 3 секунди на 2G мрежа.

  • Pinterest

Откако Pinterest ја претстави својата прогресивна веб апликација, корисниците поминуваат 40% повеќе време споредено со претходната обична веб апликација, трошат 44% повеќе и се 60% повеќе ангажирани.

  • Spotify

Споредено со истата нативна апликација, прогресивната веб апликација на Spotify е значително побрза со својот адаптивен и уникатен кориснички интерфејс. Како и со сите останати прогресивни апликации, корисниците имаат можност да ја додадат на својот почетен скрин на уредот, правејќи ја достапна во секој момент.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Нова студиска програма на Brainster Next College!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!