Во последните денови од 2022 година најголемиот фокус го ставивме на тоа како учат студентите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и кои кариерни можности им се достапни на студентите по дипломирање на првиот практичен ИТ-факултет кај нас.
Па така, новостите од месец декември се однесуваат на опишување на предметите на студиската програма Софтверско инженерство и иновации низ очите на професорите, deep dive во ИТ-кариери, и дополнителни причини зошто стекнувањето со вештини од ИТ-светот треба да биде на листата со цели за наредната година на секој ИТ-ентузијаст.
Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College



- Го започнавме серијалот Предметите одблизу
Еден од главните предизвици на образованието денеска е да биде агилно во прилагодувањето кон новите вештини, алатки и методологии на работа кои со мошне динамично темпо се развиваат во рамки на дигиталните индустрии. Ние во Brainster Next College, на располагање имаме повеќе механизми за обезбедување на агилност во курикулумот, но многу важен аспект се предметите и она што го изучуваат нашите студенти што студираат Софтверско инженерство и иновации. Со цел детално да ги опишеме предметите и како учат нашите студенти го создадовме серијалот Предметите одблизу.
Еден од предметите без кои не може да се замисли студиската програма на Brainster Next College е Веб апликации. Професорот Никола Кусибојоски нѐ запознава одблизу со сето она што се изучува на овој предмет.
„Прво се започнува со историјата на интернетот, вебот и како функционираат веб-апликациите. Потоа продолжуваме со изучување на конкретни технологии. Најпрво, HTML 5, па CSS 3 и на крај JavaScript“, вели Кусибојоски.
Прочитај повеќе како професорот Никола Кусибојоски го опиша предметот Веб апликации.
Покрај редовните професори, експертите од индустријата од земјава и од странство, нашите студенти ќе имаат шанса да учат и од гостинските предавачи по одредени предмети, кои се докажани професионалци во своите области. Тие на практичен начин ќе им ја приближат теоријата на студентите и ќе ги подготват за најбараните вештини на пазарот на труд.
Еден од нашите гостински предавачи со кој нашите студенти навистина уживаа е Горјан Јовановски, креаторот на познатата апликација Мој воздух, еко-активист и софтверски инженер.
Прочитај повеќе за искуството на Горјан Јовановски како гостински предавач по предметот Веб апликации на Brainster Next College.
Линеарна алгебра е предметот со кој нашите студенти веднаш се запознаваат уште во првиот семестар. Совладувањето на сите поединости на оваа математичка гранка е од особена важност за идниот процес на учење и способноста за решавање проблеми, што на нашите студенти од Brainster Next College ќе им биде важно за понатамошниот кариерен равој.
Двете општи цели на предметот се зголемена свесност и знаење за важноста на линеарната алгебра во различни теми од компјутерски науки, и знаење на студентите за важноста на линеарна алгебра при манипулација на податочни структури, но она е интересно и за првпат се применува кај нас, е тоа што предметот е целосно имплементиран во програмскиот јазик Python.
Токму на ова бил најмногу фокусиран Петар Јолакоски додека ја подготвувал програмата. Прочитај повеќе за предметот Линеарна алгебра низ очите на професорот Јолакоски.



- Го креиравме серијалот Кариери во ИТ – Deep dive
Со сигурност можеме да кажеме дека во ИТ светот се „кријат“ најпопуларните и најпросперитетните кариери во денешницата. Со цел да ги претставиме сите кариерни можности коишто им се достапни на нашите студенти по дипломирање на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College го креиравме серијалот Кариери во ИТ – Deep dive каде што ги опфативме областите на:
– Software Testing
Животниот циклус на развојот на софтвер не е целосен без фазата на тестирање. Тестирањето е од витално значење за да се обезбеди севкупен квалитет на финалниот производ.
Режимот на тестирање може да биде различен, но сепак, крајната цел е иста – софтверот да биде без грешки објавен во јавноста и да ги задоволи потребите на крајните корисници.
Од таа причина, побарувачката на софтвер тестери постојано бележи раст на глобално ниво бидејќи на секој софтвер му е потребен тестер.
Креирана по најсовремени стандарди, програмата на Brainster Next College ќе им овозможи на студентите да се стекнат со најбараните вештини во денешницата коишто ќе им ги отворат вратите кон многубројни работни професии.
Од софтверски инженер (Software Engineer) до аналитичар за обезбедување квалитет (Quality Assurance Analyst) – дознај кои се 7-те најпопуларни Software Testing професии;
– Data Science
Нема сомнеж дека науката за податоци ја обликува иднината. Како што бизнисите стануваат сѐ повеќе дигитализирани, улогата на Data Science станува сѐ поважна.
Data Science се занимава со процеси кои ги извлекуваат информациите од податоците. Спој на математика, статистика и компјутерски науки, со цел да се анализираат големи количини на податоци кои ќе овозможат подобро донесување на одлуки.
Целта на Data Science е да им овозможи на организациите да донесат подобри одлуки за тоа како и каде да ги распределуваат своите ресурси, како да оптимизираат деловни процеси, а воедно и да го подобрат искуството на своите клиенти.
На студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, студентите на Brainster Next College ќе имаат можност да се стекнат со знаења и вештини од Data science сферата преку предметот Податочна наука кој го предава професорот Горјан Поповски.
Креирана по најсовремени стандарди, програмата на Brainster Next College ќе им овозможи на студентите да се стекнат со најбараните вештини во денешницата коишто ќе им ги отворат вратите кон многубројни data science професии.
Од научник за податоци (Data Scientist) до инженер за машинско учење (Machine Learning Engineer) – дознај кои се 7-те најпопуларни Data Science професии;
– Програмирање
Програмерскиот свет нуди најперспективни и најплатени кариери со сигурна иднина. Факт е дека способноста да се напишат компјутерски програми е една од најдобрите и најkick-ass вештини што може да ја развиеш во денешницата.
Па така, со сигурност можеме да кажеме дека денес програмирањето е една од највозбудливите области за работа за која има многу кариерни можности. Се користи за развој на апликации, веб-страници, софтвер и многу повеќе!
Започнувањето на кариера во светот на програмирањето понекогаш знае да биде предизвикувачки процес и листата на вештини коишто треба да се научат, на прв поглед може да изгледаат „застрашувачки“.
Затоа, на Brainster Next College, студентите имаат можност постепено да ги учат сите вештини коишто ќе ги направат незаменливи програмери на пазарот на труд. Дополнително, со индивидуалниот пристап, studio-based learning и T-shaped методологијата на учење, студентите на Brainster Next College ќе имаат можност да студираат на факултет во Македонија којшто ги применува најдобрите светски практики.
Постојат неколку патеки по кои можеш да се движиш доколку сакаш да започнеш кариера како програмер, a убавата работа е што кариерата во tech индустријата можеш постојано да ја развиваш во која насока сакаш.
Од Full-Stack програмер до Аналитичар на сајбер безбедност – дознај кои се 7-те најпопуларни професии за програмирање.



- Причини зошто да научиш…
Доколку спаѓаш во толпата на луѓе на коишто им се потребни низа причини зошто да направат нешто, тогаш овие блогови се токму за тебе!
– 5 причини зошто да научиш JavaScript
JavaScript е еден од програмските јазици кои се изучуваат на предметот Веб апликации на Brainster Next College, a професорот Никола Кусибојоски со задоволство сите свои знаења и вештини ги пренесува на студентите од првата генерација на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.
„Многу често добивам прашања од пријатели и познаници, доколку сакаат да започнат со програмирање, што прво треба да направат, кој програмски јазик да го изберат. Порано ова прашање ми создаваше потешкотии незнаејќи што точно да им одговорам, а да не погрешам. Денес, од оваа гледна точка, одговорот ми е секогаш ист, а тоа е JavaScript“, вели Никола.
Прочитајте ги 5-те главни причини коишто Никола ги издвојува зошто JavaScript е програмскиот јазик со којшто секој почетник треба да започне.
– 5 причини зошто да научиш Software Testing
Дали знаеш дека полето за тестирање на софтвер никогаш не се соочило со намалена побарувачка?
Тестирањето на софтвер е фасцинантен процес кој ќе ти овозможи да решаваш сложени и предизвикувачки проблеми. Денес, сите успешни компании зависат од квалитетот на своите продукти, а тестирањето на софтверот на тие продукти го овозможува токму тоа!
Доколку сакаш да придонесеш за извонредни перформанси на продуктите, а притоа да ги покажеш својата аналитичност, креативност и способност да размислуваш како корисникот, тогаш Software Testing е правилната професија за тебе.
Еден од предметите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College е токму Тестирање на софтвер каде што студентите ќе се запознаат со начините и методите за тестирањето на софтвер и ќе научат како да ги препознаваат грешките и баговите и како да прават корекции. Дополнително, ќе се стекнат со вештини за системска анализа и внес на корективни акции.
Прочитај повеќе кои се главните 5 причини зошто да научиш Software Testing.
– 10 причини зошто треба да научиш HTML и CSS
Во денешен свет застапеноста на програмерите е широко распространета, а токму сè поголемата потреба и побарувачка од ИТ професионалци на пазарот на труд ги мотивира луѓето да се насочат кон оваа сфера и да се стекнат со вештини од една од најплатените денешни кариери.
Ако прашаш било кој искусен програмер како започнал да навлегува во ИТ светот, со сигурност ќе ти каже дека основното разбирање на веб развој и програмирање започнува со програмскиот јазик HTML. A, секако, неминовно каде и да го слушнеш или прочиташ зборот HTML следно нешто што се споменува е токму CSS.
Иако досега многумина, дури и оние коишто не се заинтересирани да навлезат подлабоко во светот на програмирање ги имаат слушнато овие два поими, не на секој му е јасно што всушност претставуваат истите и зошто се толку застапени. Затоа, во оваа блог објава ќе се задржиме токму на основите на програмирањето и ќе се обидеме детално да ти објасниме што е HTML, а што CSS и зошто се тие толку застапени и значајни. Прочитај повеќе!
Тимот на Brainster Next College ти посакува Среќна Нова Година и среќни празници!
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
За повеќе информации, закажи средба сега!