Search
Контакт

5 причини зошто да научиш Software Testing

Полето за тестирање на софтвер никогаш не се соочило со намалена побарувачка. Дознај кои се главните 5 причини зошто да научиш Software Testing.
5-pricini-zosto-da-naucis-software-testing | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Дали знаеш дека тестирањето на софтвер е фасцинантен процес кој ќе ти овозможи да решаваш сложени и предизвикувачки проблеми?

Сите успешни компании зависат од квалитетот на своите продукти, а тестирањето на софтверот на тие продукти го овозможува токму тоа!

Сè додека софтверите се креираат, ажурираат или одржуваат, компаниите ќе имаат потреба од софтвер тестери, а накратко кажано – софтвер тестерите секогаш ќе бидат клучни играчи во опстанокот на една компанија. 

Доколку сакаш да придонесеш за извонредни перформанси на продуктите, а притоа да ги покажеш својата аналитичност, креативност и способност да размислуваш како корисникот, тогаш Software Testing е правилната професија за тебе.

Со совладување на вистинските вештини за софтверско тестирање ќе имаш пристап до бројни кариерни можности, а изборот на правилниот факултет е првиот чекор што секој software testing ентузијаст треба да го преземе.

Еден од предметите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) – првиот практичен ИТ факултет кај нас, е токму Тестирање на софтвер каде што студентите ќе се запознаат со начините и методите за тестирањето на софтвер и ќе научат како да ги препознаваат грешките и баговите и како да прават корекции. Дополнително, ќе се стекнат со вештини за системска анализа и внес на корективни акции.

5 причини зошто да почнеш да учиш Software Testing:

1. Зголемена побарувачка на софтвер тестери на глобално ниво

Помеѓу различните домени во ИТ светот постои интересен факт – полето за тестирање на софтвер никогаш не се соочило со намалена побарувачка. Напротив, побарувачката за квалитетни софтвер тестери од година на година бележи вртоглав пораст на глобално ниво. Веќе и компаниите се свесни за последиците на нивниот бизнис доколку не го сфатат сериозно тестирањето на софтверите. Историјата е преполна со примери на успешни компании кои изгубиле милиони само затоа што не се погрижиле ефективно да обезбедат квалитет на производот. Денешните компании се паметни и не сакаат да ги повторат грешките на другите, па затоа издвојуваат исклучително време и напори со цел да креираат добар тим на софтвер тестери.

2. Работа на проекти како freelancer

За софтвер тестерите можностите и начините на работење никогаш не завршуваат. Со самата флексибилност којашто ја нуди оваа професија, во денешно време, уште попопуларни се софтвер тестерите коишто одлучуваат да работат како freelancer-и. Ова ти нуди одлична можност да ги одбираш оние проекти во коишто најмногу ќе се пронајдеш, да изградиш богато портфолио со различни проекти и најважно од сé, да уживаш во целиот процес.

3. Секој продукт треба да е проверен од страна на софтвер тестер

Денес, повеќе од било кога досега, корисниците имаат огромен избор на продукти на пазарот. Ако не им се допаѓа опцијата А поради некоја причина (непријатен интерфејс, грешки, проблеми со перформансите), тие многу лесно ќе ја занемарат таа опција и ќе се префрлат на некоја којашто ќе биде во согласност со нивните барања и очекувања. Токму поради ова, компаниите се свесни дека секој продукт мора да е проверен од страна на софтвер тестер доколку сакаат да ја преживеат жестоката конкуренција.

4. Секоја компанија зависи од квалитетот на својот продукт

Квалитетот на продуктите им помага на компаниите да заработат лојалност на корисниците, да воспостават препознатливост на брендот и да управуваат со трошоците. Корисниците најчесто купуваат повеќе од компании на кои им веруваат, а со тоа компаниите можат да ги намалат трошоците поврзани со враќањето на продуктите поради дефекти при неговото користење. Секој продукт не е комплетен без да се изврши потребното тестирање коешто вклучува анализа на софтверот во однос на неговите индустриски стандарди, нивото на задоволство на корисниците и наоѓање на грешки и нивно поправање. Без тоа, производот не е одобрен како употреблив и не се пушта во продажба сé додека не ги помине сите потребни тестови од страна на софтвер тестерот.

5. Флексибилна професија со многу кариерни можности

Софтвер тестирањето важи за една од најфлексибилните професии со ветувачка, бескрајна иднина. Доколку сакаш да се пробаш во една од најбараните професии каде што ќе можеш да ги покажеш твоите знаења во програмски јазици и твојата аналитичност, оваа професија е вистинскиот избор за тебе.

Во продолжение, издвоивме дел од задачите на софтвер тестерите кои ќе ти помогнат полесно да ја разбереш нивната важност за секоја компанија: 

  • Преглед на барањата за софтвер и подготовка на сценарија за тестирање;
  • Извршување тестови за употребливост на софтверот;
  • Анализирање на резултатите од тестот за влијанието на базата на податоци, грешките и употребливоста;
  • Подготвување извештаи за сите аспекти поврзани со извршеното тестирање на софтверот и известување до дизајнерскиот тим;
  • Интеракција со клиентите за да се разберат барањата на производот;
  • Учество во прегледи на дизајнот и обезбедување информации за барањата, дизајнот на производот и потенцијалните проблеми.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!