Економијата на креатори ги поттикна луѓето да иновираат и да се изразат себеси користејќи ја технологијата во своја полза. Како што се развива технологијата, така се развива и економијата на креатори, но и потребата од човечки и технички вештини што ќе помогнат креаторите на содржини да го задржат своето место на тронот.
1. Како започна економијата на креатори?
Економијата на креатори започна кога луѓето го открија вистинскиот потенцијал на интернетот. Благодарение на Web 2.0, се промени основната парадигма на интернетот.
Денес постојат многу можности за луѓето да ги изразат своите мисли и чувства на интернет, што овозможува економијата на креатори да расте експоненционално.
Социјалните медиуми дополнително ја поттикнаа економијата на креатори како место каде што тие можат да ги промовираат своите продукти и услуги и да ја материјализираат својата активност.
2. Како можете да станете успешен креатор?

Статистиката покажува дека потребни се само 1.000 клиенти за да стекнете основна заработка како занаетчија, музичар, дизајнер, фотограф или писател. Со други зборови, дури и ако немате милиони фанови, сепак можете да имате солидна заработка.
Доволно е само да имате барем 1.000 лојални следбеници (клиенти) кои би вложиле по 100 долари годишно за да го купат Вашиот продукт или услуга за да имате стабилен и успешен бизнис.
3. Како креаторите можат да заработат пари онлајн?
Во минатото, за да заработите за живот од Вашите креативни напори, моравте да работите со традиционални издавачки куќи, филмски компании или музички куќи. Сега, како креатори, можете сами да заработите пари дури и без ангажирање на менаџери или строго доверливи договори.

Денес има бројни интернет пазари каде што можете да ja продавате вашaта креативност:
- Amazon Publishing (за писатели)
- eBay (за продажба на продукти)
- Etsy (за рачни изработки)
- Tumblr, WordPress, Medium (за блогери)
- Instagram и Pinterest (за фото и видео промоција)
- YouTube и TikTok (за видео промоција)
4. Кои се добрите и лошите страни на економијата на креатори?
Една од главните придобивки од економијата на креатори е можноста луѓето да профитираат од својата пасија или вештина.
Главниот недостаток е тоа што мнозинството луѓе не успеваат да заработат доволно пари. Ако сакате ова да биде Вашата единствена работа, треба да се фокусирате кон наоѓање спонзори или преку инфлуенсер маркетинг.

5. Како се промени традицоналната перцепција за “славни личности”?
Социјалните мрежи создадоа нов вид на “славни личности”. Современите популарни личности не се повеќе филмските ѕвезди или фудбалерите, туку тоа се тинејџери кои прават смешни видеа на YouTube и TikTok или гејмери кои го споделуваат својот напредок на одредена игра.
Музичарите чија музика се слуша сè уште се славни. Но истата популарност ја имаат и младите кои креираат видео клипови за социјалните мрежи.
6. Што е разликата помеѓу инфлуенсер и креатор?

Иако постои тесна врска помеѓу инфлуенсерите и креаторите, има и голема дистинкција:
- Инфлуенсер е човек што има моќ да влијае кај своите следбеници на нивните одлуки за купување, најмногу поради својот авторитет, знаење во одредена област или работна позиција. Но, не ретко се насочени и кон зголемување на својата популарност преку објавување спонзорирана содржина од брендови за финансиски надомест.
- Креаторите на содржини се повеќе фокусирани на создавање и објавување оригинална содржина од своите вештини.
За да дознаете повеќе за економијата на креатори – https://influencermarketinghub.com/creator-economy/