Предизвиците ме прават посилна личност

Милица Ристевска сака предизвици, и смета дека практична програма по Софтверско инженерство и иновации на нашиот факултет е вистинскиот предизвик за неа којшто и го дава вистинскиот мотив за успех.
zapoznaj-gi-studentite-milica-ristevska | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Милица Ристевска е студентка на Brainster Next College, првиот акредитиран ИТ факултет во Македонија, која средното образование го завршила во гимназијата „Георги Димитров“. За себе вели дека е секогаш позитивна и насмеана личност, има голема љубов кон книгите, бидејќи смета дека во хартијата се крие лекот за сѐ. Ја сака природата и таму го наоѓа својот мир. Милица сака предизвици кои ја прават посилна личност, а токму еден голем предизвик ја очекува во октомври, кога почнува со студиите на нашиот факултет.

Таа за малку ќе завршела на aкадемија на Бреинстер (Brainster). Но еве, што било пресудно да се запише на факултетот:


„Најпрво сакав да се запишам на Академијата за Full Stack програмирање во Brainster, но случајно еден другар во „5 до 12“ ми кажа дека постои Brainster Next College и одма го сменив мислењето. Понатаму се разбира дека сѐ ќе зависи од мојата упорност и истрајност, а знам дека сите од тимот ќе можат да го извлечат најдоброто од нас и да ни отворат нови врати за во иднина“, вели Милица.

Таа средно училиште завршила во Скопје и има забелешки за тоа како е конципирано македонското образование.

„Средното училиште ми помина многу брзо и интересно. Системот на македонското образование не ми се допаѓа, бидејќи ништо не се објаснува сликовито и практично за да може секоја личност да го примени во текот на животот“.

Да ја запознаеме подобро!

Милица, што најмногу те привлекува кај Софтверското инженерство и иновации, зошто одбираш кариера во овој правец?

Во светот на софтверското инженерство и иновации најмногу ме привлекуваат веб-апликациите и многу сакам видео игри и дизајнирање на веб-страници. Мојата одлука дојде интуитивно, но и поради тоа што секако гледам перспектива во оваа област.

Што ти се допаѓа најмногу кај Brainster Next College?

Од предметите на Brainster Next College сѐ ми се допаѓа, немам што да издвојам, бидејќи за да станеш дипломиран инженер по информатички технологии – софтверско инженерство и иновации треба да извлечеш максимум од знаењето на професорот и предметот. Мојот предизвик при совладување на предметите е да бидам уникатна и најдобра во оваа професија, да се издвојам на пазарот.

Какво е твоето претходно предзнаење за ИТ областа, како всушност ја засака оваа област?

Јас никогаш не сум се замислувала дека ќе го учам ова, бидејќи сум мислела дека е нешто сосема друго од тоа што навистина е. Но, случајно отидов на еден отворен ден во едукативен центар и сфатив дека ова е навистина е за мене. Толку се внесов во кодирањето, што ништо друго досега не ме заинтересирало вака. Така знам дека ова ќе биде најдоброто нешто за мене.

Што те инспирира во животот, на што си најмногу посветена имаш ли можеби некое интересно хоби?

Мене ме интересира буквално сѐ во животот. Сакам сѐ да научам, да видам, да направам. Не можам да издвојам едно хоби, поради тоа што имам многу и ја слушам мојата интуиција и душа за што да правам во самиот момент. Живеам за моментот и многу сакам предизвици кои ќе ме направат подобра верзија од себе.

Каде се гледаш себеси во иднина, што би сакала да постигнеш во животот? 

Во моментот не размислувам за иднината бидејќи сегашниот миг да го живеам за мене претставува успех во животот. А моите одлуки и цели што ги имам донесено моментално, сакам да ги пуштам да ја искреираат мојата неочекувана најдобра иднина за мене.

Дали ќе ја искористиш финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“, како помина на тестот и што мислиш за оваа поволност која е прва од ваков тип кај нас?

Кога слушнав дека ја има оваа можност за „Студирај сега, плаќај по вработувањето”, веднаш го отворив квалификацискиот тест и го решив. Прашањата навистина беа многу логички и интересни, а највеќе што ми се допадна е тоа што ја вклучија мојата логика. На тестот поминав многу добро, не ги очекував тие резултати, но и резултатите ме охрабрија и беа дел од мојата одлука да се запишам на Brainster Next College. А за самата структура како е сѐ смислено сум одушевана и можам да кажам браво за целиот тим.

Има ли некоја посебна личност во животот на која ѝ се одушевуваш и зошто? 

Искрено немам, бидејќи јас сакам да направам мој идол од себе во текот на мојот живот. Идоли не постојат, тие се во самите нас, само треба да ги разбудиме.


Уписот на првиот акредитиран ИТ факултет во земјава, Brainster next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.

Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      |

      Онлајн Q&A сесија на 12-ти април,  19:00 часот!

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“  👉

       

      |

      Онлајн Q&A сесија

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ 👇

       

      12-ти април,  19:00 часот!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!