Brainster Next College: Новости / октомври 2022

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ факултет кај нас. Дознај за сите новости кои го одбележаа месец октомври 2022.
bilten-oktomvri | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Во годината кога Brainster – лидерот во неформалното образование во Македонија го слави својот 7-ми роденден, го отвори Brainster Next College – првиот акредитиран практичен ИТ факултет кај нас. Brainster, од организација со само неколку вработени во 2015 година, денес е компанија со 50+ full time вработени и 150+ соработници, обединети од интелектуална љубопитност и пасија за креирање на квалитетни образовни продукти. Една од најважните цели на Brainster е да обезбеди висококвалитетно образование за професиите од 21-от век и денес, после 7 години постоење, низ академиите и курсевите имаат поминато над 11.000 студенти од 4 држави од кои на повеќе од 80%, Brainster им има помогнато да ја лансираат посакуваната кариера. А, со долгогодишното искуство и примената на најдобрите научени практики на Brainster Next College, се стремиме за остварување на уште поголеми успеси во иднина.

Новостите од месец октомври се однесуваат на: успешно започната студиска програма по Софтверско инженерство и иновации со 46 студенти, првиот академски час на Brainster Next College, успешно реализиран проект за финансирање на студиите „Студирај сега, плаќај по вработување!“ и сертификација на Brainster академиите од Brainster Next College – првиот практичен ИТ факултет во Македонија.

Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College

prv-akademski-cas-studenti-softversko-inzenerstvo | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Студиската година ја започнавме со 47 студенти на програмата Софтверско инженерство и иновации

Овој месец ги отвориме вратите од нашиот факултет за првата генерација студенти на првиот акредитиран практичен ИТ факултет кај нас. Им посакавме добредојде на сите 46 студенти кои довербата за своите студии и иднина ни ја доверија нас, а ние ветуваме дека ќе ги исполниме нивните очекувања!

Ги раскажавме приказните на дел од студентите на Brainster Next College. Валериа, Вељко, Андон, Давид, Марко, Атанасија, Владимир, Филип, Виктор, Милица, Сергеј, Леонид, Никола, Петар и Стефан во текот на тригодишните студии ќе се стекнуваат со најпотребните ИТ знаења и вештини преку технологии кои ќе им ја отворат вратата кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет, на студиска програма која е практична, акредитирана и пред сè креирана според реалните потреби на пазарот за труд.

studenti-prv-akademski-cas | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Го одржавме првиот академски час на Brainster Next College

На 5-ти октомври 2022, токму на Светскиот ден на учителите, започнавме нова образовна приказна и нашата прва генерација студенти за првпат седна во студентските клупи. Срамежливи, возбудени, со мала доза на трема, но сепак насмеани и пресреќни што почнуваат нова животна авантура, која ќе ги однесе кон сигурен и успешен пат. Првите впечатоци беа одлични и денот беше исполнет со многу совети за полесно поминување на студентските денови и охрабрување да дадат сè од себе за совладување на сите препреки коишто ќе се појават пред нив во текот на овие 3 години, а и во иднина. А, студентите на Brainster Next College добија значајни и корисни совети и од алумни студенти на Brainster кои со голема пасија и деталност им го објаснија нивното искуство со Brainster и како истите практики ќе им помогнат и на нив при стекнување на нови вештини движејќи се сè поблиску до посакуваната кариера. Прочитај повеќе како си поминавме на првиот академски час на Brainster Next College!

Join-generation-next-SNPL | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Успешно го реализиравме проектот „Студирај сега, плаќај по вработување!“

Brainster Next College инвестираше 2.5 милиони евра за да им овозможи на идните студенти пристап до квалитетно високообразование и го креираше проектот „Студирај сега, плаќај по вработување!“ Главниот мотив зад оваа инвестиција на Brainster Next College и отпочнувањето на овој проект беше да помогне во оттргнување на примарната грижа на студентите и нивните родители при одлуката за избор на студии – а тоа се финансиите. Овој фактор при изборот на факултет и областа на студирање е оној кој најчесто ги одвлекува студентите од посегнување по квалитетните и напредните програми. Преку проектот Студирај сега, плаќај по вработување!, Brainster Next College ја дава можноста и сигурноста овој фактор повеќе да не претставува проблем. Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува. Дознај повеќе за финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување!“.

studenti-prv-akademski-cas | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Започнаа првите предавања и бевме сведоци на продуктивната соработка помеѓу студентите и професорите

Една од најважните работи за успехот на студентите е да имаат одлични професори и ментори коишто ќе бидат со нив во текот на целиот процес и ќе им пружаат помош и поддршка во секое време. Поведени од фактот дека професорите се најважниот дел од една високообразовна институција, професорскиот тим на Brainster Next College го создадовме од врвни професионалци кои покрај екстензивното теориско познавање, имаат и значително искуство од работа во реалниот ИТ сектор. Ова е особено важно за студентите чија цел е отпочнување на кариера во оваа динамична индустрија каде што успехот е возможен само преку директна инволвираност во релевантните процеси и технологии. Дополнително, студентите за време на студирањето од професоритe во континуитет ќе добиваат менторска поддршка со цел да го утврдат и применат знаењето кое го стекнуваат и да развиваат дополнителни вештини како: решавање на проблеми, критичко размислување, агилност и адаптибилност и способност за работа во тим. Секој од нашите професори има цел да го поттикне личниот и професионалниот развој на студентите преку несебично споделување на своето знаење, експертиза и искуство. Дел од професорите, студентите ги запознаа уште на Отворениот ден и Кариерниот ден коишто ги одржавме пред затворањето на уписниот рок на Brainster Next College каде што веднаш остварија добра комуникација и пријателски однос. Прочитај повеќе за Ивица Пешовски, Петар Јолакоски, Никола Кусибојовски, Мартина Миц, Горјан Поповски, Дамјан Обал, Томи Бошковски, Дарјан Раденковиќ – дел од академскиот кадар на Brainster Next College.

akademii-brainster-sertificirani | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Brainster академиите добија дополнителна вредност – сертифицираност од Brainster Next College – првиот практичен ИТ факултет во Македонија

Kако прв практичен ИТ факултет во нашата држава, Brainster Next College, покрај 3-годишната додипломска студиска програма по софтверско инженерство и иновации, која е главно наменета за матурантите и сите оние што се заинтересирани да поминат низ формалниот високообразовен процес, влезе во партнерство со Brainster. Иновативните образовни програми на Brainster, кои на илјадници поединци им овозможија подготовка на кариерен развој, преку совладување дигитални и други вештини релевантни во новиот работен свет, добија уште една голема вредност – сертификација од првиот акредитиран практичен ИТ факултет – Brainster Next College. Отсега, по успешно завршување на Brainster академиите, студентите ќе добиваат два сертификати – еден од Brainster и еден од Brainster Next College, што Brainster академиите стануваат единствени академии во Македонија што се сертифицирани од ИТ факултет, односно високоoбразовна институција. Прочитај повеќе за сертифицирањето на академиите на Brainster од Brainster Next College!

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи информативна средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!