Зошто кодирањето сè уште е најважната работна вештина

Побарувачката на кадар што има вештини за компјутерско кодирање е зголемена како никогаш досега. Затоа, ви издвоивме неколку добри причини зошто кодирањето и во иднина ќе биде една од најважните работни вештини.
kodiranje-profesija-na-idninata | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Речиси и да не постои земја во која техничката револуција буквално не ја зазема секоја пора на општеството. Како никогаш досега, сега се потпираме на компјутерските системи, првенствено за да се поттикне раст на нашата индустрија.

И не само тоа, нашата храна, транспорт, валута, образование, здравство, сѐ ни е зависно од информатичката технологија. Затоа, не е ни чудо што побарувачката на работници што имаат вештини за компјутерско кодирање е зголемена. Бидејќи, на крајот, секој компјутерски систем е онолку добар колку што е програмскиот код што го придвижува. Ова е причината зошто вештините за кодирање се толку високо ценети, а едукацијата во оваа сфера е сѐ побарана.

Треба само да ги погледнете и платите на работниците од ИТ секторот во Македонија,  за да видите зошто Академиите за програмирање, и високото ИТ- образование станаа толку популарни.

Според последниот извештај на Државниот завод за статистика, просечната исплатена месечна нето-плата по вработен за ИТ-секторот (компјутерско програмирање) за месец јули оваа година изнесува 81.579 денари и е нависоката просечна плата во земјава.

Сепак, стекнувањето на вештини за кодирање е вистински предизвик за секој што сака кариера во оваа област. Ние ви издвоивме одлични причини зошто кодирањето сè уште е една од најважните работни вештини и зошто побарувачката за овој кадар уште долго време ќе биде на цена.

Фото: Pixabay


Ова се само неколку добри причини зошто да изберете кодирање:

Вештините за кодирање се добри за вашите можности за кариера

Учењето кодирање е одлично за општеството, но е уште подобро за вас. Зголемената побарувачка за вештини за кодирање доведе до повисоки плати, намалена невработеност и повозбудливи можности во овој енергичен сектор. Не само тоа, туку и вештините за кодирање можат навистина да ги подобрат вашите можности за кариера. Учењето да кодирате не само што ја демонстрира вашата подготвеност за учење и интерес да продолжите напред, туку го прави вашиот сет на вештини навистина привлечен за потенцијалните работодавци.


Трошиме на ИТ повеќе од кога било

Бизнисите инвестираат многу средства во ИКТ производи и услуги за информатичка технологија, пред сѐ поради потребата да се биде во тек со најновите случувања. Еден значаен тренд на трошење на компаниите е во cloud-based сервиси, особено со трансформацијата на работните места и работата од дома, наметната после пандемијата. Сите ние, трошиме многу средства за ИТ-уредите без кои не може да се замисли животот.


Електронската трговија расте со неверојатна брзина

Во анализа на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија која се базира на податоци добиени од Народната банка, е-трговијата продолжува да расте и во првото полугодие од 2022 година. Имено, и во текот на првата половина од 2022 година, Македонците најмногу купувале од домашните е-продавници, но темпото на пораст во однос на двете последни години е со помал интензитет. После остварениот пораст од 169% во првата половина од 2020 година и 83% во 2021 година, во текот на првите шест месеци од 2022 година, Македонците со домашни картички кон домашни е-продавници потрошиле речиси 195 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 22% во однос на истиот период претходната година.

Бројот на трансакции кои што Македонците ги направиле кон домашните е-трговци изнесува 6.1 милион и претставува пораст од 15% во однос на истиот период минатата година, па соодветно расте и вредноста на просечната трансакција која изнесува 32 евра и тоа кај физичките лица  – 30 евра, а кај правните субјекти – 37 евра.

Ова, пак има огромно влијание на конкуренцијата за стекнување и задржување на онлајн клиенти, која е сѐ поголема. Погодете кој е многу важен во овој процес? Услугите што ги обезбедуваат оние кои се во работни улоги поврзани со кодирање станаа клучен фактор за успех во малопродажбата. Клиентите имаат големи очекувања од нивните шопинг искуства и бараат поволни цени, брзина и информации за да се одржи лојалноста кон брендот.


Побарувачката за работни места со вештини за кодирање расте

Програмирањето е област што зазема голем замав во секоја земја. На пример, работната улога на програмерите за софтвер и апликации се зголеми навистина многу во последните пет години и се очекува да продолжи со истиот позитивен тренд додека се движиме кон 2023 година. Кодирањето е барана вештина која дефинитивно вреди да се научи.


Повеќе работни улоги сега бараат вештини за кодирање

Бројот на работни места кои не вклучуваат некој елемент на вештина за кодирање се намалува. Примери на работни улоги кои некогаш се засновале на традиционални вештини, но сега бараат експертиза за кодирање се:

  • Графички уметници: Креирањето само на дизајнерските елементи на веб-страницата веќе не е доволно. На денешните графички уметници им требаат неколку вештини за веб-развој за да и дадат практична примена на својата уметност.
  • Научници за животна средина: Научното знаење е навистина важно за истражување на животната средина, но анализите на овие истражувања често се потпираат на развојот на соодветни компјутерски модели.
  • Бизнис-аналитичари: Способноста за манипулирање и разбирање на big data сега е клучна за деловниот успех.


Вештините за кодирање се меѓу најплатените

Платите во ИТ- индустријата растат со голема брзина и буквално не постојат граници за професионалците од овие области бидејќи повеќето работат онлајн. Како што спомнавме и претходно, ИТ секторот неколку години наназад е со најголеми просечни плати во нашата земја.

Фото: Pixabay

Постојано расте потребата за сајбер-безбедност

Личните и деловните податоци сега се многу на цена. Бизнисите можат да се кренат и да паднат поради нивното собирање податоци, манипулации и начинот на кој се третира big data. Побарувачката за работни места во областите на сајбер- безбедноста е зголемена, бидејќи бизнисите трошат многу повеќе за да се заштитат.


Кодирањето е добро за вашиот мозок

Ако некогаш сте пробале кодирање, ќе знаете дека тоа подеднакво бара концентрација и креативност. Овој вид на стимулација е како да му давате на вашиот мозок тренинг во теретана и затоа, никогаш не е доцна да започнете. Како што учите некоја вештина, невронските мрежи во вашиот мозок формираат нови врски и одличната работа во врска со учењето на вештините за кодирање е тоа што можете да ги видите возбудливите резултати од тие нови врски уште од самиот почеток.


Кариера која ќе расте со вашите вештини

Како што се развиваат вашите вештини за кодирање, ќе стекнете појасна идеја за тоа каде сакате да се специјализирате. Ова е свет што е многу возбудлив и постојано се менува и во кој ќе продолжат да се појавуваат нови можности. Како што напредува вашата кариера, ќе сакате да стекнете нови вештини за кодирање преку понатамошно практично искуство и курсеви за програмирање.

На, крајот придобивките од кодирањето се непроценливи за самите студенти, бидејќи помага да се зголеми самодовербата. Кодирањето ги наоружува студентите со применливи вештини како што се креативност, решавање проблеми и упорност, но исто така ги прави посигурни при соочувањето со различни предизвици и можности.



Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање. За повеќе информации закажи средба сега!


Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!