Тимската работа е важна во образованието

Тимската работа е клучен сегмент во секојдневниот живот, а во продолжение, ги издвоивме најважните 7 придобивки на тимската работа во образованието.
timskata-rabota-e-vazna-vo-obrazovanieto | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Терминот тимска работа го означува процесот на соработка со група луѓе за да се постигне една цел. Во едно современо социјализирано општество, тимската работа често е клучен дел од животот на поединците со цел да се постигнат најоптималните резултати во најоптимален временски период. Иако, луѓето се учат да бидат тимски играчи уште додека се деца, клучниот период каде што тимскиот дух треба да се развие кај нив претставува периодот на средно училиште и факултет, односно од нивната 14-годишна возраст, па сè до 24-тата година.


Тимската работа ги учи основните комуникациски и социјални вештини, како што се активно слушање и ефективно зборување. Кога работат како тим, студентите учат како да ги слушаат нивните ментори и професори за да ги извршуваат своите индивидуални улоги. Тие учат како да се слушаат едни со други за да функционираат како кохезивна единица.

Тимската работа ги учи студентите како со почит и самоувереност ефективно да ги изразат своите идеи и мислења во групно опкружување, а воедно им дава и самодоверба дека нивните гласови се почитуваат и вреднуваат. Знаењето дека студентот ќе биде ислушан од своите колеги помага да се изгради самодоверба кај него, истовремено охрабрувајќи го понатамошното учество во групните активности.

Така, ова станува самоодржлив циклус: учеството во тимските активности ги учи учениците како да бидат подобри комуникатори, што пак му помага на секој член на тимот да се чувствува ценет и почитуван. Па, како резултат на тоа, дури и најинтровертните и најтивките членови на тимот можат да станат активни учесници и да научат да уживаат во тимските активности.

Ова се едни од главните причини зошто на Brainster Next College – единствениот акредитиран практичен ИТ факултет во Македонија кај студентите се поттикнува тимската работа и меѓусебната соработка.

Ова се постигнува преку организирање на постојани задачи кои од студентите бараат работа во групи, brainstorming и давање на поддршка и сослушување. Воедно, во текот на тригодишните студии по Софтверско инженерство и иновации, студентите ќе работат тимски на реални проекти за реални клиенти преку кои покрај тоа што ќе имаат можност да развијат технички вештини и знаења, ќе работат и на развивање на меките вештини како:

  • Вештини за решавање проблеми;
  • Емоционална интелигенција;
  • Лидерски способности;
  • Силна работна етика;
  • Тимска работа;
  • Комуникациски вештини;
  • Прилагодливост.

7 придобивки од тимската работа во образованието

Подобро решавање на проблеми

Алберт Ајнштајн ја добива сета заслуга за откривањето на теоријата на релативноста, но вистината е дека тој се потпирал на разговори со пријателите и колегите за да го усоврши својот концепт. И ова е многу чест случај во секојдневниот живот.

Зад секој гениј стои тим. Кога луѓето ги разменуваат вештините и знаењето едни со други, тие можат да создадат решенија кои се практични и корисни.

Науката ја зајакнува идејата дека многу мозоци се подобри од еден. „Откривме дека групите со големина три, четири и пет ги надминуваат најдобрите поединци. Ние ја припишуваме оваа изведба на способноста на луѓето да работат заедно за да генерираат и усвојат точни одговори, да отфрлаат погрешни одговори и ефикасно да обработуваат информации“, вели д-р Патрик Лафлин, истражувач на Универзитетот во Илиноис во Урбана-Шампејн.

Зголемен потенцијал за иновации


Според Frans Johansson (Франс Јохансон), автор на книгата The Medici Effect (Ефектот Медичи), некои од најиновативните идеи се случуваат на „раскрсницата“ – местото каде што се судираат идеи од различни индустрии и култури.

„Повеќето луѓе мислат дека успехот доаѓа од опкружувањето со други кои се како нив. Но, вистинскиот успех и пробивната иновација вклучува непријатност. Непријатноста ве турка да растете. Ова е местото каде што се појавуваат разликите во искуството, мислењата и перспективите. Различноста е добро документирана патека за отклучување нови можности, надминување на нови предизвици и стекнување нови сознанија“, вели Јохансон.

Зајакнат личен раст


Можеби нема „јас“ во тимот, но да се биде дел од тим може да ви помогне да растете не само како тимски играч, туку и на лично поле. Со споделување информации, секој поединечен член на тимот може да го зајакн својот личен раст. Можеби ќе откриете нови концепти од колегите со различни искуства. Можете исто така да научите од туѓите грешки, што ви помага да ги намалите вашите идни грешки, а можеби дури и ќе научите нешто ново за себе.

Сите ние силни страни за кои можеби не сме свесни, а повратните информации од некој член на тимот може да ги разоткријат токму тие. Препознавањето на овие силни страни и решавањето на слабостите може да ве направи подобар член на тимот, па дури и подобра личност. Можеби работејќи во тим ќе откриете дека би можеле да бидете подобар слушател. Тоа е вештина во која можете да растете и да ја користите во секој аспект во својот живот.

Помалку исцрпеност

Споделување на товарот и поделбата на работата меѓу членовите во тимот придонесува до поголема фокусираност и подобро извршување на задачите.

Членовите на тимот можат да си пружат емоционална поддршка еден на друг бидејќи честопати ги разбираат барањата и притисокот од завршувањето на задачите и проектите коишто треба да се завршат до определен временски период.

Попаметно преземање ризик


Кога сами ги извршувате задачите, можеби би дошле до точка каде што ќе се двоумите како да постапите во одреден момент или пак која идеја би била подобра. Кога работите во тим, знаете дека ја имате поддршката од целата група за да се вратите во случај на неуспех. Таа безбедност вообичаено им овозможува на тимовите да преземаат ризици што создаваат „Еурека!“ идеи.

Воедно, истражувањата покуваат дека најдобрите идеи често доаѓаат од мали тимови, поради тоа кај поголемите тимови често може да дојде до поголеми несогласувања и неефективност во brainstorming-от што може да го попречи патот до големите идеи.

Едно истражување направено во бизнис школата Вартон, открило дека на тимовите од две лица им биле потребни 36 минути за да изградат фигура на Лего, додека на тимовите од четири лица им биле потребни 52 минути (повеќе од 44% подолго) за да ја завршат истата работа.

Не постои дефинитивна идеална големина на мал тим, но интересно правило има извршниот директор на Amazon, Џеф Безос: без разлика колку е голема вашата компанија, тимовите не треба да бидат поголеми од она што може да го нахранат две пици.

Помалку грешки


Ако тимот има добра енергија и согласување – се охрабрувате и инспирирате еден со друг, и се забавувате заедно, а со тоа и членовите ќе чувствуваат помалку стрес и притисок. Тимското работење и консултацијата помеѓу членовите на тимот допринесува за намалување на стапката на грешки кои се прават во текот на извршувањето на проектите.

Проширена креативност


Кога луѓето со различни перспективи ќе се здружат во групни сесии на brainstorming, иновативните идеи можат да излезат на површина – со едно предупредување. Истражувањата покажуваат дека ова може да се случи само кога комуникацијата во тимот е отворена и колаборативна. Најкреативните решенија можат да се најдат само кога постои ниво на доверба што им овозможува на членовите на тимот да поставуваат „инстантни“ прашања, да предлагаат идеи и да се чувствуваат комотно да дадат и добијат конструктивна критика.

Прочитајте повеќе:

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи информативна средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      |

      Онлајн Q&A сесија на 12-ти април,  19:00 часот!

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“  👉

       

      |

      Онлајн Q&A сесија

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ 👇

       

      12-ти април,  19:00 часот!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!