Search
Контакт

Brainster Next College: Новости / ноември 2022

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ факултет кај нас. Дознај за сите новости кои го одбележаа месец ноември 2022.
bilten-noemvri-2022 | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Во месец ноември, фокусот го ставивме на тоа зошто изборот на најдобрата високообразовна институција е клучен за успехот во иднина и колку е важно идните студенти навреме да се информираат за една од најважните одлуки во нивниот живот – изборот на факултет каде што ќе се надградуваат како академски личности и ќе стекнуваат вештини со цел да станат компетитивни на пазарот на труд, што го прави Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) како прв практичен ИТ факултет поинаков од останатите и кои принципи и методологија ги употребува.

Дел од новостите од минатиот месец беа и најпопуларните вебинари на професорите на Brainster Next College, а додадовме и неколку корисни tips and tricks за подобрување на вештините и организацијата, и споделивме и интересни ИТ информации.

Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College

prv-prakticen-it-fakultet-aleksandar-klasninovski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Петте принципи коишто го прават Brainster Next College поинаков од останатите

1. Прв применет (практичен) ИТ факултет во Македонија

Наставната програма на секој од предметите е создадена на начин при што прво се определува што треба практично да знае студентот по положување на испитот, па потоа со reverse engineering метод се креира програмата при што 50-70% од истата е практична (вклучувајќи ги и испитните задачи).

2. Професори со академска позадина и искуство од индустријата од земјата и странство

Покрај македонските професори, дел од нашиот професорски тим се и странски професори и предавачи, и гостински предавачи – експерти и професионалци од најголемите глобални ИТ компании како Meta (Facebook), Alphabet (Google), Apple, Amazon, Netflix.

3. Методологија на учење базирана на работа во мали групи и индивидуален и менторски пристап

Практичниот начин на учење на Brainster Next College изискува работа во мали групи и тимови сè со цел подобро стекнување на знаењата предвидени со секој предмет и успешно имплементирање и завршување на реалните проекти.

4. Student Success тим наместо класична студентска администрација

Една од главните цели на Student Success тимот ќе биде и кариерното насочување на студентите кое ќе го прават заедно со целокупниот професорски тим како и лидерскиот тим на колеџот, сè со цел овозможување на студентите да се пронајдат во ИТ кариера која ќе е соодветна на нивните силни страни и преференци за тоа каде се гледаат во иднина.

5. „Студирај сега, плаќај по вработување“ – единствен ваков проект во целиот регион, а можеби и во Европа

Целта на овој модел на студирање е да овозможиме на најдобрите студенти без разлика на финансиските можности да добијат пристап до квалитетно и практично ИТ образование. Овој модел ја демонстрира и довербата што ја имаме не само во нашите студенти туку и во квалитетот на сопственото образование бидејќи сме сигурни дека сите студенти што ќе успеат да дипломираат на Brainster Next College и се здобијат со звање Дипломиран инженер по информатички технологии, ќе бидат вработени пред или веднаш по дипломирањето. 

Прочитај повеќе за принципите на Brainster Next College.

prv-akademski-cas-studenti-softversko-inzenerstvo | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Трите главни причини зошто изборот на најдобрата високообразовна институција е клучен за успехот во иднина

1. Правилниот избор на високото образование ги определува идните кариерни можности

На Brainster Next College преку студиската програма за Софтверско инженерство и иновации, студентите ќе успеат да се стекнат со голем број на ИТ вештини и технологии, отворајќи им ја вратата кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет како програмери на различни видови на софтвер и апликации, тестери или аналитичари на софтвер, софтверски инженери за бази на податоци и слично.

2. Правилниот избор на високо образование значи квалитетно вложено време и средства

Главната цел и мисија на Brainster Next College е да го подобри образованието за вие да го подобрите светот. Со тоа, сакаме да обезбедиме висококвалитетно образование на што поголем број на лица кои веруваат и сакаат да ја остварат оваа мисија заедно со нас. Поради тоа, овозможуваме голем број на финансиски поволности и олеснувања за овозможување поголема пристапност до нашите студиски програми.

3. Студиската програма и наставниот кадар на високообразовната институција се појдовна точка за иден успех

Статистиките покажуваат дека кога професорите се повеќе достапни за студентите и им посветуваат поголемо внимание, поголема е веројатноста студентот да покаже подобри резултати за време на предавањата и во иднина. Затоа на Brainster Next College целиме кон квалитет наспроти квантитет на кадарот којшто го создаваме и со цел секој студент да го добие потребното внимание воведовме мали квоти со што на студентите ќе им биде многу полесно да се поврзат и помеѓу себе и со професорите.

Прочитај повеќе зошто навремениот избор на најдобрата високообразовна институција е клучен за успехот во иднина.

najpopularnite-vebinari-Ivica-Damjan-Nikola-Grojan | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Најпопуларните вебинари на професорите на Brainster Next College

Ивица Пешовски, Никола Кусибојовски, Горјан Поповски и Дамјан Обал се едни од професорите коишто предаваат на првата генерација студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College – првиот практичен ИТ факултет кај нас. Нивните вебинари ги опфаќаат темите:

– Frontend VS Backend – A Beginner’s dilemma

– Напиши го твојот прв код во JavaScript

– Дали Data Science е кариерата за тебе?

– Design Experiences For The New Normal

Погледни ги целосните вебинари.

studio-based-learning
  • Deep dive во методологијата на Brainster Next College

Studio Based Learning претставува процес на учење кое е базирано на работа на проект од страна на студентите и менторство од страна на професорите за време на изработка на истиот. Овој пристап на учење ги поттикнува студентите активно да се ангажираат во насочувањето на сопственото учење.

Причината поради која овој метод е толку популарен и користен е бидејќи содржи 3 важни елементи на учење: се базира на решавање проблем, активно учење преку кое се искусува реално работно искуство и целото знаење се развива како резултат на интеракција.

Прочитај повеќе за придобивките од Studio Based Learning и зошто Brainster Next College го применува овој метод.

Т-shaped методологија за учење ќе им помогне на студентите да станат експерт за една одредена област и дополнително да развијат знаење и за други области.

Ваквите методологии се употребуваат на реномирани високообразовни институции како што се техничките факултети во Западна Европа, особено кога станува збор за изучување на технички или ИТ науки, а предностите коишто тие ги нудат се многубројни.

Прочитај повеќе за придобивките од T-shaped методологија на учење и зошто Brainster Next College го применува овој метод.

kako-programiranjeto-vlijae-na-mozokot-aneta-dimoska | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Интересни теми поврзани со програмирање

Како програмирањето влијае на работата на мозокот. Интересот помеѓу научниците да го проучуваат човековиот мозок во ситуација кога чита, анализира или пишува код е доста голем и направени се повеќе студии кои потврдуваат дека програмирањето неизбежно вклучува активација на повеќе центри од мозокот како од левата, така и од десната хемисфера. Заклучоците одат уште понатаму, истакнувајќи дека програмирањето не само што влијае на мозокот, туку и на начинот на кој личноста размислува.

Прочитај го целиот стручен труд на Анета Димоска, Front-End developer во тимот на Brainster.

Web3. Дали ти се познати поимите блокчејн, криптовалути и NFT, но сепак не си сигурен што всушност тие значат? Сите тие се дел од новата еволуција на Web, позната како Web3. Застапниците тврдат дека Web3 ќе создаде нови економии, нови класи на производи и нови услуги онлајн, дека ќе ја врати демократијата на мрежата и дека тоа ќе ја дефинира следната ера на интернетот.

Прочитај повеќе за патот од Web1 до Web3.

postavuvaj-gi-vistinskite-prasanja | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Tips & Tricks за подобрување на вештините и подобра организација

Како до добра презентација – топ 3 Ted Talks

Како да престанеш со бесцелното „скролање“ по социјалните мрежи

Како да престанеш да ги одложуваш обврските

Изненадувачката моќ на вистинските прашања

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!