Софтверските решенија се значаен двигател на деловниот успех на една компанија. Но, како што компаниите растат, може да се појават недостатоци од софтверот што веќе го користат.
Но, овде доаѓа моментот кога компаниите со средна големина се соочуваат со тежок избор: дали да ја надоградат постоечката алатка, да бараат алтернатива или да креираат свое софтверско решение?
Зошто бизнисите развиваат свој софтвер?
Најчесто надоградбите на софтверот со повеќе опции се скапи и не успеваат да ги пополнат недостатоците детектирани од претходно. Ова би значело малку или никаков поврат на потрошените пари.
Но, понекогаш, едноставно нема достапен софтвер што ќе го реши уникатниот проблем на бизнисот.
Потребата од свој софтвер е нагласена во средните и големи бизниси
За малите компании, обично е полесно (и скоро секогаш поевтино) да се посегне по рачни решенија кога нивниот оперативен софтвер не е на бараното ниво на задачата.
Но, големите и средните компании може да изгубат многу пари и да го намалат растот со користење алатка што не одговара на нивните бизнис потреби.
Кога Вашата компанија треба да развие сопствен софтвер?
1. Доволен буџет за човечки ресурси
Во зависност од комплексноста на софтверот, бизнис со средна големина може да има еден програмер или целосен оддел за програмирање.
Бидејќи развивањето на сложен софтвер бара најмалку 3-4 инженери, ќе Ви треба и координатор што ќе го надгледува овој процес и ќе се осигура дека сите задачи се насочени кон крајната цел.
2. Спремност за апдејтирање на софтверот
Кога развивате сопствен софтвер, треба постојано да го одржувате, не само за да им излезете пресрет на потребите на корисниците, туку и за спречување на потенцијални сајбер напади.
Паралелно, програмските јазици стареат, па на секои 5 до 10 години, софтверот ќе треба да се кодира одново, а тоа ќе значи и повеќе трошоци.
3. Фокус на софтверски операции
Ова значи и ангажирање на луѓе што ќе прават обука како се користи овој софтвер, стручно лице за тестирање на сите функционалности и техничка поддршка ако работите не функционираат како што е предвидено.
Пред да започнете да развивате свој софтвер, имајте ги на ум реалните трошоци за да успеете на долг рок. Креирајте софтверско решение за коешто сте сигурни дека Вашиот бизнис е способен и останете отворени за можноста за негово надоградување во иднина.
За да прочитате повеќе на оваа тема – https://hbr.org/2021/12/when-should-your-company-develop-its-own-software