Search
Контакт

Brainster Next College: Новости / март 2023

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас. Дознај за сите новости кои го одбележаа месец март 2023.
bilten-mart-2023 | Brainster Next College
Share

Во месец март, фокусот го ставивме на кои се најновите трендови коишто ќе ја одбележат 2023 година во индустриите кои им се достапни на нашите студенти за време на студирањето и по дипломирање на првиот практичен ИТ-факултет Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

Дел од новостите од минатиот месец беа и најдобрите Ted Talks за UX дизајн, најчестите грешки кои ги прават UI/UX дизајнерите, деталниот водич за секој UI/UX ентузијаст, најпопуларните книги за дизајн, како примената на вештачката интелигенција и ChatGPT го менуваат образованието и корисни совети за како да го намалиш стресот додека студираш.

Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College

trendovi-2023-full-stack | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
  • Трендови за 2023 година

Без разлика во која индустрија ќе одлучиш да го градиш твојот кариерен пат, треба да знаеш дека трендовите што се популарни и треба да се следат се менуваат од година во година. Поради тоа што софтверската и дигиталната индустрија се во постојан развој и промени, потпирањето на најновите трендови е она што ќе ги „спаси“ сите што ќе одлучат да истражат повеќе за нив. Прочитај повеќе за најновите трендови во најпопуларните и најбрзорастечките ИТ-индустрии:

Графички дизајн
UI/UX дизајн
Full-Stack програмирање
Front-End програмирање
Data Science
najpopularni-knigi-za-graficki-dizajn | Graficki i UI/UX dizajn | Brainster Next College
  • Најпопуларни книги

Одличните графички и UI/UX дизајнери имаат една заедничка работа: постојано сакаат да читаат книги и да применуваат нови идеи во пракса.

Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во индустријата и постојано информирање.

Ако сакаш да станеш еден од најдобрите и најкреативните дизајнери, постојано мора да учиш и да ги развиваш своите вештини за да го прошириш своето знаење.

Дознај кои се најпопуларните книги за:

Графички дизајн
UI/UX дизајн
vodic-za-ui-ux-dizajn | Graficki i UI/UX dizajn | Brainster Next College

Доколку знаеш што е графичкиот дизајн, но имаш дилеми околу вистинското значење и работата на UX/UI дизајнерот, овој водич е наменет токму за тебе. Дознај што е UX, а што UI дизајн, кои се работните улоги на еден UX/UI дизајнер и најважно, како можеш да започнеш да ги учиш вештините на UX/UI дизајнот!

Ted-Talks-za-UX-dizajn | Graficki i UI/UX dizajn | Brainster Next College

Ако често гледаш TED Talks, веројатно знаеш како тие ти го отвораат умот кон нова перспектива. Погледни ги најдобрите TED Talks за UX дизајн. Целта на UX дизајнерот е да создаде производ кој е лесен за употреба, визуелно привлечен и ги задоволува потребите на целната публика. Па, доколку размислуваш за додипломски студии во UX дизајнот, во овој блог пост ги издвоивме најдобрите TED Talks кои со сигурност ќе ти ја зацврстат љубовта кон оваа професија.

10-najcesti-greski-za-ui-ux-dizajn | Graficki i UI/UX dizajn | Brainster Next College

Целта на секој UX/UI дизајнер е да создаде беспрекорно и интуитивно искуство за корисниците. Сепак, дури и најискусните UX/UI дизајнери можат да направат грешки коишто можат негативно да влијаат на корисничкото искуство. Прочитај го овој блог пост и дознај кои се најчестите 10 грешки кои некогаш ги прават UX/UI дизајнерите и како да ги избегнеш истите.

pridobivki-od-koristenje-na-AI-vo-obrazovanie | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Вештачката интелигенција (AI) стана сè поважна алатка во многу области од нашиот живот, вклучувајќи го и образованието. Како што напредува технологијата, истражувачите наоѓаат нови начини за како да ја користат вештачката интелигенција за да го подобрат искуството при учењето и да им обезбедат на учениците персонализирано внимание и поддршка. Во овој блог пост, ќе дознаеш како вештачката интелигенција моментално се користи во образованието, како и кои се потенцијалните придобивки и предизвици на оваа технологија.

Статистиката покажува дека во текот на наредните 5 години, употребата на вештачка интелигенција во образованиот систем ширум светот ќе порасне за 50%. Иако многу образовни експерти веруваат дека присуството на наставниците не може да се замени со оваа технологија, сепак таа целосно ќе го трансформира начинот на којшто се организираат и спроведуваат наставните програми.

chatGPT-go-menuva-obrazovanieto | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Во последниве години, образовните институции го истражуваат потенцијалот на новата ИТ-сензација, чет-ботовите, со цел да го подобрат искуството за учење на учениците. Денес, чет-ботовите со вештачка интелигенција се една од најкористените апликации на вештачката интелигенција во образованието. Овие чет-ботови се дизајнирани да симулираат човечки интеракции и да им помогнат на учениците со нивните потреби за учење.

Познавајќи го фактот дека секој ученик учи и разбира со различна брзина, што отсекогаш било тешкотија за образовните институции, користењето на чет-ботовите во учењето имаат потенцијал да го персонализираат искуството за учење на студентите, да дадат непосредни повратни информации и да им помогнат полесно да ги совладаат нивните студии.

kako-da-go-namalis-stresot-dodeka-studiras | Brainster Next College

Периодот којшто студентите го поминуваат за време на факултетските години е возбудливо искуство исполнето со стекнување на нови познанства, знаење и вештини, но воедно овој период за многумина може да биде неверојатно стресен.

Со бескрајни задачи, рокови, општествени притисоци и постојан притисок да се успее, не е изненадување што многу студенти се борат со своето психофизичко здравје и благосостојба.

За среќа, постојат многу ефективни стратегии кои ќе ти помогнат да успееш да управуваш со стресот и да му дадеш приоритет на твоето ментално здравје за време на факултет, а и понатака во животот и истите можеш да ги дознаеш во овој блог пост.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и Графички и UI/UX дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Psst...😎 Првиот уписен рок заврши!

      Група 1 и група 2 се
      пополнети и веќе им
      кажавме welcome на
      новите студенти.

      Приемниот тест е отворен до 1 април!
      Не е шега 🤯

      Регистрирај се на листата на
      чекање за следниот уписен рок!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!