Со сигурност можеме да кажеме дека со развојот на дигиталната ера и технологијата пред Full-Stack програмерите се појавуваат нови предизвици, методологии, алатки и практики.
Иако предизвиците продолжуваат и понатаму, она на што можеме да се потпреме се трендовите во Full-Stack програмирањето што ќе заземат фокус во наредните месеци и ќе имаат големо влијание врз програмерите низ целиот свет.
Во продолжение, дознај кои се топ 5 трендови во полето на Full-Stack за 2023 година.
Програмирање потпомогнато од вештачка интелигенција (AI-driven development)
Иако вештачката интелигенција не може да ги замени целосно програмерите, нејзиното воведување во работата на програмерите и воопшто на сите луѓе чиешто секојдневие е исполнето со дигитални професии е неизбежно. Веќе сме сведоци дека одговори за прашањата и проблемите што ги имаме наместо на Google, сè повеќе ги бараме на алатки како ChatGPT. Алатки што нудат автоматско дополнување на код (autocomplete) веќе се достапни во најпопуларните код-едитори и IDE-a како VSCode, а нивното инкорпорирање во секојдневната работа е задолжително за сите што сакаат да ја преживеат оваа трансформација кон AI.
JavaScript рамки
JavaScript рамките се однапред напишани библиотеки со кодови кои им обезбедуваат на програмерите однапред изградени функции и структури за да градат веб-апликации. Овие рамки се дизајнирани да го направат процесот на развој побрз и поефикасен преку обезбедување на заеднички решенија за вообичаени проблеми, дозволувајќи им на програмерите да се фокусираат на пишување код за специфична апликација. Нивната популарност не е новост, но JavaScript рамки како React, Angular и Vue.js се очекува да продолжат да бидат популарни и во 2023 година, бидејќи тие се често користени за градење богати и интерактивни веб-апликации.
Вештачка интелигенција и машинско учење
Вештачката интелигенција се однесува на симулација на човечка интелигенција во машини кои се дизајнирани да извршуваат задачи кои обично бараат човечка интелигенција, како што се визуелна перцепција, препознавање говор, одлучување и превод на јазик.
Машинското учење е подмножество на вештачката интелигенција која вклучува развој на алгоритми и статистички модели кои им овозможуваат на компјутерите да извршуваат задачи без експлицитни инструкции, туку преку учење од податоци. Како што вештачката интелигенција и машинското учење продолжуваат да напредуваат, сè повеќе и повеќе Full Stack програмери ги инкорпорираат овие технологии во нивните проекти, користејќи ги за да изградат поинтелигентни и поперсонализирани апликации.
Serverless at the edge
Serverless начин на сетирање на веб-апликациите не е новина и се практикува веќе неколку години, меѓутоа serverless-at-the-edge и менување на cloud со fog архитектура и за Serverless апликации е нешто за што се борат неколку гиганти во таа сфера како AWS, CloudFlare, Google Cloud, итн. Serverless не значи дека нема сервер, туку дека програмерите не се задолжени за негово конфигурирање и прилагодување. Апликациите се хостираат преку конфигурирање функции на cloud провајдерот кој е задолжен за сите натамошни задачи и за скалирања на апликациите. Дистрибуцијата во повеќе data-центри (всушност од таму е и -at-the-edge наставката) не само што нуди поголема редундантност, туку нуди и побрзо сервисирање на барањата на клиентите поради поголема географска близина на корисниците со серверите каде што се хостира страницата или апликацијата.
Архитектура на микросервиси
Со зголемената популарност на микросервисите, се повеќе компании се оддалечуваат од монолитна архитектура кон системи базирани на микроуслуги. Архитектурата на микросервиси претставува шема за дизајн на софтвер во која голема софтверска апликација е поделена на помали и независно поврзани услуги. Секој микросервис работи во свој процес и комуницира со други микросервиси преку API.
Главната предност на оваа архитектура е тоа што овозможува поголема флексибилност, приспособливост и толеранција на грешки. Бидејќи секој микросервис е независна единица, може да се направат промени на една услуга без да се влијае на целиот систем. Дополнително, микросервисите може да се распоредуваат, ажурираат и да се зголемуваат независно, што го олеснува управувањето со големи, сложени апликации.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации, и Графички и UX/UI дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
За повеќе информации, закажи средба сега!