Топ 5 UI/UX дизајн трендови за 2023 година

Трендовите во секоја индустрија се менуваат од година за година. Во овој блог пост ги издвоивме најважните 5 трендови за UI/UX дизајн за 2023 година.
trendovi-2023-ui/ux-dizajn | Graficki i UI/UX dizajn | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Дизајнот на корисничко искуство (UX) и дизајнот на интерфејс (UI) се едни од највозбудливите, најкреативните и најбараните полиња во tech индустријата.

Но, бидејќи софтверската индустрија бележи раст и развој со секој изминат ден, нови технологии, производи и услуги се појавуваат многу брзо, а однесувањето на клиентите постојано се менува.

Иако предизвиците ќе продолжат и понатаму, она на што можеме да се потпреме се трендовите во UI/UX дизајнот што ќе заземат фокус во наредните месеци и ќе имаат големо влијание во светот на дизајнот на корисничко искусто и кориснички интерфејс.

Во продолжение, дознај кои се топ 5 трендови во UI/UX дизајн за 2023 година.

Употреба на AI во дизајн процесот

Вештачката интелигенција е револуција во процесот на дизајнирање, а нејзиното влијание може да се види во зголемената употреба на дизајни кои се генерирани со нејзина помош. Во 2023 година, очекувајте да видите повеќе дизајни што се создадени со вештачка интелигенција, без разлика дали тоа е преку употреба на генеративни алатки за дизајн или употреба на вештачката интелигенција за оптимизирање и подобрување на постоечките дизајни.

Motion дизајн

Motion дизајнот станува составен дел од UI/UX дизајнот. Континуираната еволуција на анимацијата и компресијата на видеата, поврзана со зголемените капацитети на интернетот, прелистувачите и уредите, овозможи посложени и нијансирани движења во интерфејсите без да се жртвува брзината или ефикасноста. Со присуството на интуитивни програми за анимација и библиотеки за анимација, дизајнерите се чувствуваат посигурни да експериментираат со анимации за подинамично и визуелно привлечно искуство.

Emotional дизајн

Емоционалниот дизајн постои и секогаш е поврзан со целокупното UX истражување. Терминот го нагласува фактот дека луѓето ги засноваат своите одлуки на емоции, а не на логика. Сведоци сме на дигитални продукти каде што новитетот и функциите не се доволни за да се издвојат од конкуренцијата. Оние кои ќе се одлучат да работат како UX истражувачи, потребно е да прават длабоки истражувања за емоционалните потреби и очекувањата на корисниците при секојдневните интеракции, со цел да изградат извонредни производи.

Употреба на Gradients

Можеби сте ја приметиле популарноста на градиентите на социјалните мрежи и во модата, а по сѐ се чини дека 80-тите и 90-тите се враќаат. Како во модата, така и во дигиталниот свет, од враќањето на градиентите, до усвојување на брутализмот и шарените палети. Градиентите се голем тренд кој беше усвоен и прифатен оваа година и неговата популарност ќе остане и во следните неколку години.

Гласовен UI

Гласовниот кориснички интерфејс е еден од најголемите трендови што ќе продолжи да доминира и оваа година, толку многу што тастатурите и глувчињата нема да се користат. Гласовниот UI може да ги води корисниците и да им помогне да навигираат во сложени дигитални производи без значителна помош од други функции, како што се екраните. Најзначајната предност на користењето на гласовниот интерфејс е тоа што го елиминира барањето за графички кориснички интерфејс и го подигнува на едно друго ниво корисничкото искуство на веб-страницата или апликација.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и Графички и UI/UX дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      |

      Онлајн Q&A сесија на 12-ти април,  19:00 часот!

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“  👉

       

      |

      Онлајн Q&A сесија

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ 👇

       

      12-ти април,  19:00 часот!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!