Вештачката интелигенција сè почесто станува дел од нашите животи како најнова алатка во последнава деценија. Но, дали таа може да го автоматизира регрутирањето на нови вработени?
Вештачката интелигенција при регрутирање – што подразбира тоа?
Како и во секој сектор и индустија, потребата за алатка која автоматски ќе ја регулира дел од работата и ќе им овозможи на вработените да се фокусираат на други обврски, во моментот е повеќе од потребна.
Дел од работните задачи кои ќе го олеснат работењето на секторот за човечки ресурси од страна на вештачката интелигенција се следниве:
1. Обработка на листата на кандидати
Согласно потребните квалификации за работната позиција (како искуство и вештини), вештачката интелигенција ќе може да ги обработува и селектрира оние кандидати кои ги исполнуваат потребните услови.
2. Подобро лично искуство на кандидатите при селективиот процес
Вештачката интелигенција ќе биде програмирана да даде објективен одговор при процесот на селекција на самите кандидати.
Навремениот одговор ќе резултира со намалување на работата на вработените во секторот за човечки ресурси, но и стресот и лутината на самите кандидати.
3. Фокус на вештини и искуство
Дискриминацијата при избор на кандидат во многу индустрии е чест пример. Затоа, вештачката интелигенција ќе се фокусира на вештините и искуството кое го имаат кандидатите како основа при селекција.
Негативни страни на вештачката интелигенција при регрутирање
Меѓутоа, важно е да се посочи дека вештачката интелигенција колку и да ни го прави животот полесен, има свои негативни страни:
1. Занемарување на атипични квалитети и искуства
Кога станува збор за избор на кандидати, самата вештачка интелигенција може да дојде до судир при избор на кандидадот, односно на кој кандидат да му даде приоритет.
2. Ограничувања во работата на вештачката интелигенција
Самиот софтвер на вештачката интелигенција може да има застој во работата бидејќи самата програма разбира онолку сценарија колку што се внесени во софтверот.
3. Човечки предрасуди
Софтверот за вештачката интелигенција може да носи одлуки засновани врз прерасуди.
Вештачката интелигенција и вработувања во угостителството
Што доколку софтверот за вештачка интелигенција точно може да ви каже дека вашиот следен кандидат има голема веројатност да има добри резултати во вашата компанија или дека најдобро би се вклопил во друга средина?
Во ера во која се среќаваме со многу компании и брендови, самите кандидати не се сигурни дали би се адаптирале во компанијата во која аплицираат.
Дали вештачката интелигенција ќе го замени човечкиот ,,допир’’ при носење одлука?
Лице во лице интервјуата им овозможуваат на менаџерите да се „поврзат“ со потенцијалните вработени и да ја разберат и проценат ситуацијата на начин на кои софтвер нема да може. На вештачката интелигенција можеби и недостасува човечки допир, но самиот систем би работел побрзо и објективно.
Можеби вештачката интелигенција едноставно би можела да се користи за селекција на профилите на кандидати и за подобрување на ефикасноста, додека интервјуата и процесите за донесување конечни одлуки да останат како обврска на менаџерите.
Вештачка интелигенција како наша иднина
Факт е дека вештачката интелигенција е дел од нашите животи. Таа стана неизбежен дел од повеќето индустрии и прашање на време е кога ќе биде имплементирана во секој аспект од нашето секојдневие.