Дали побарувачката за UX/UI сè уште ќе бележи вртоглав раст? Кои работни позиции ти се на располагање? Како да започнеш да ги учиш основите на UX/UI додека работиш на проекти од реалниот живот? На кој факултет треба да се запишеш за да ја подобриш шансата да ја стекнеш кариерата од твоите соништа?
Толку многу прашања! Но, не грижи се.
Во оваа блог објава, ќе добиеш одговор на секое од нив и ќе имаш јасна претстава за тоа што е UX/UI и дали ова е вистинскиот пат за кариера за тебе.

UX и UI: Која е разликата?
Што е дизајн на корисничко искуство (UX)?
UX дизајнот се однесува на дизајнот на корисничкото искуство – интеракцијата помеѓу корисникот и производот/услугата.
Фокусот на UX дизајнерот е поставен на тоа какво чувство предизвикува искуството кај корисникот и колку е едноставно за корисникот да ги постигне саканите дејства.
На пример: Колку е едноставен процесот на наплата кога купуваш онлајн? Колку е лесно да управуваш со твоите парични средства на апликација за онлајн банкарство?
Крајната цел на UX дизајнот е да создаде пристапни, релевантни, ефикасни и all-around friendly искуства за корисникот.
Запомни дека UX дизајнот не е за вижуали (тоа е работа на графичкиот дизајнер). Наместо тоа, тој се фокусира на целокупното чувство на искуството на корисникот.
Што е дизајн на кориснички интерфејс (UI)?
Додека UX дизајнот се фокусира на оптимизирање на производот/услугата за ефективна и пријатна употреба, дизајнот на корисничкиот интерфејс (UI) се фокусира на изгледот и чувството на производот или услугата, презентацијата и интерактивноста.
Дизајнот на интерфејсот го зема предвид изгледот, чувството и интерактивноста на производот/услугата кога станува збор за веб-страници и апликации.
Сето тоа е да се осигура дека корисничкиот интерфејс е што е можно поинтуитивен. Ова значи внимателно испитување на секој визуелен, интерактивен елемент со кој корисникот ќе се сретне.
Да сумираме, ова е главната разлика што треба да ја знаете:
- UX дизајнот се однесува за целокупното чувство на корисничкото искуство;
- UI дизајнот е за тоа како изгледа и функционира интерфејсот на производот/услугата.

Работни улоги за дизајнери на UX/UI
Сега, кога си запознаен со главните термини, ајде да ги видиме главните работни улоги што ги имаш на располагање:
UX/UI дизајнер
- Креирање кориснички текови, wireframes, прототипи и макети;
- Конвертирање на барањата во водичи за стилови, системи за дизајн, шеми за дизајн и привлечни кориснички интерфејси.
UX истражувач
- Градење на патот на купувачот и персони;
- Дизајнирање и извршување на посебни истражувања;
- Дефинирање, развој, тестирање и усовршување на прототипи;
- Дизајнирање истражувачки студии за генерирање на user-focused insights;
- Спроведување на различни истражувачки студии (корисничко тестирање, тестови за употребливост, концепт тестови, теренски студии, групни дискусии).
UX дизајнер
- Учество во истражување на корисниците и имплементирање на наодите за креирање UX стратегија и дизајн;
- Спроведување на тестирање на производи и развој на прототипи на производи врз основа на него.
UX Writer
- Истражување, развивање на стратегии и пишување user-friendly содржини;
- Создавање стратегија која работи со корисничкиот интерфејс за да ги води корисниците низ интуитивно искуство, лесно за користење.
Информациски архитект
- Обезбедување позитивно корисничко искуство преку планирање и развивање на информациска структура;
- Организирање информации и стратегии за дизајн врз основа на тоа како корисниците комуницираат со комуникациските системи на компанијата.
UX стратег
- Обликување и комуницирање на стратегии и дизајн на корисничко искуство;
- Дефинирање на целокупната UX визија низ дигиталниот екосистем.
UI дизајнер
- Дизајнирање и тестирање на екраните/страниците на производот/услугата;
- Создавање прототипи на интерфејс и водичи за стил на производи.
Дизајнер за интеракција
- Дизајнирање и корисничко тестирање на елементите за интеракција на производ/услуга;
- Развивање на product interaction прототипи.
Motion дизајнер
- Креирање и тестирање на подвижни елементи на производот како што се графики и анимации;
- Координирање на motion дизајни со UX стратегијата и корисничкото истражување;
- Развивање на product motion прототипи.
UX инженер
- Примена на програмски јазици како HTML, CSS и JavaScript за претворање на визуелните дизајни во работни прототипи;
- Трансформирање на motion дизајни и интеракција во product прототипи;
- Придонесување со технички совети и помагање на UX тимовите.
Девелопери на кориснички интерфејс
- Развивање, одржување и отстранување на скрипти и кодови за да се направи веб-страниците или апликациите да функционираат оптимално;
- Производство на дизајни во Photoshop и нивно претворање во кодови.
Дизајнери за интеракција
- Доставување дијаграми, навигација на flow charts и прототипи.
Бидејќи сите UX/UI кариери се тесно поврзани, не е потребно веднаш да одлучуваш по која патека сакаш да се движиш.
Започни со совладување на основите на UX/UI дизајнот за да имаш подобра идеја за тоа како сакаш да ја насочиш твојата дизајнерска кариера.
Како да започнеш да ги учиш UX/UI дизајн вештините?
Сега имаш можност да почнеш да ги учиш UX/UI вештините уште во факултетските клупи. Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) покрај досега познатата студиска програма по Софтверско инженерство и иновации, на идните студенти им нуди уште една уникатна програма по Графички и UX/UI дизајн. Кога на UX/UI дизајн вештините ќе се додадат графичкиот дизајн и нивната примената во ИТ-светот, добиваме уникатна професија со бескрајни можности за сигурна кариера и иднина.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации, и Графички и UX/UI дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
За повеќе информации, закажи средба сега!