5 придобивки од користење на AI во образованието

Вештачката интелигенција расте со потенцијал масовно да го промени обликот на образовниот сектор. Дознај како нејзината примена ќе го подобри образованието.
pridobivki-od-koristenje-na-AI-vo-obrazovanie | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Вештачката интелигенција (AI) стана сè поважна алатка во многу области од нашиот живот, вклучувајќи го и образованието. Како што напредува технологијата, истражувачите наоѓаат нови начини за како да ја користат вештачката интелигенција за да го подобрат искуството при учењето и да им обезбедат на учениците персонализирано внимание и поддршка. Во овој блог пост, ќе дознаеш како вештачката интелигенција моментално се користи во образованието, како и кои се потенцијалните придобивки и предизвици на оваа технологија.

Статистиката покажува дека во текот на наредните 5 години, употребата на вештачка интелигенција во образованиот систем ширум светот ќе порасне за 50%. Иако многу образовни експерти веруваат дека присуството на наставниците не може да се замени со оваа технологија, сепак таа целосно ќе го трансформира начинот на којшто се организираат и спроведуваат наставните програми.

Во продолжение, прочитај кои се 5-те начини како вештачката интелигенција може да го подобри образовниот систем.

Автоматизација на рутински задачи

Вештачката интелигенција се користи во различни индустрии за автоматизирање на задачите, а истите придобивки може да ги понуди и во образовниот сектор. Покрај примарната цел што ја имаат професорите, да го предадат своето знаење на студентите, тие се соочуваат и со многу административни задачи како:

  • Oценување тестови;
  • Прегледување на домашната задача;
  • Поднесување на документација;
  • Правење извештај за напредокот на ученикот;
  • Организирање материјали за предавања;
  • Управување и споделување на наставни материјали.

Овие активности се рутински и дефинитивно одземаат скапоцено време коешто може да се пренасочи на активности кои ќе им дадат поголема вредност на студентите.

Улогата на вештачката интелигенција настапува токму тука. Со внимателно користење на вештачката интелигенција ќе можат да се автоматизираат овие задачи за наставниците и тие да имаат повеќе време и енергија да се фокусираат на пренесување знаење, наместо на административните рутински задачи.

Персонализирано учење

Вештачката интелигенција (AI) може да гарантира дека образовниот софтвер е персонализиран за поединци. Веќе има адаптивен софтвер за учење, игри и програми за студенти. Оваа употреба на вештачката интелигенција е веројатно една од нејзините најзначајни во образованието.

Овој систем ги нагласува потребите на секој ученик, истакнувајќи специфични теми во кои студентите се слаби и повторувајќи ги предметите што не ги совладале. Вештачката интелигенција може да го персонализира образовниот систем на следниов начин:

  • Адаптирање на материјали за учење според нивото на знаење на секој ученик;
  • Подготовка на персонализирани текстови за секој ученик;
  • Подготовка на дополнителни ресурси за ученици коишто сакаат подлабоко да навлезат во одредена тема;
  • Помош со приспособени материјали за темите што не се добро совладани.

Ова ќе создаде околина каде што наставниците ќе понудат поддршка и помош само кога им е потребна на учениците.

Универзално флексибилно учење

Образовните училници можат да станат глобално достапни за сите ученици преку алатки за вештачка интелигенција, дури и оние кои имаат оштетен слух или вид или зборуваат различни јазици. Со приклучокот за PowerPoint, како што е Преведувачот на презентации, учениците имаат преводи во реално време за сè што ќе каже наставникот. Ова отвора нови можности за учениците кои треба да учат на различни нивоа, кои сакаат да учат предмет недостапен во нивното училиште или се отсутни од училиштата. Вештачката интелигенција може да ги разбие силосите помеѓу традиционалните нивоа на одделенија и училиштата.

Ажурирана содржина за учење

Вештачката интелигенција може да им помогне на наставниците да создадат паметна содржина со која наставата и учењето ќе се направат поинтересни за студентите.

Со воведување на вештачката интелигенција, наставните програми нема веќе да имаат фиксна содржина во текот на целата академска година.

Содржината за учење ќе може редовно да се ажурира со помош на вештачката интелигенција. На овој начин, наставниците ќе бидат сигурни дека сите информации што ќе ги споделат со учениците се актуелни и проверени.

24/7 помош за учење

Една од новите сензации во вештачката интелегенција е зголемената употреба на чет-ботовите.

Традиционално, учениците добиваат решенија за нивните проблеми само кога ќе се сретнат со нивните наставници или професори и имаат шанса да им поставуваат прашања во училницата. За среќа, овој проблем го решаваат токму чет-ботовите кои им се достапни за помош на студентите во секое време од денот.

Некои чет-ботови се специјално изградени за образованието како сектор. Тие работат како асистенти на учениците деноноќно за да дадат одговори на нивните прашања во секое време.

Сепак, тоа што треба да го знаеш дека како и со секоја технологија, постојат потенцијални предизвици, а ова важи и кога станува збор за употребата на вештачката интелигенција во образованието.

Од споделување на приватните податоци до преголемо потпирање и намалување на креативноста, студентите мора да се внимателни при користење на оваа напредна технологија.

Преголемото потпирање на системите за вештачка интелигенција може да доведе до намалување на вештините за критичко размислување и креативност кај студентите. Тие може да станат премногу зависни од алатките за вештачка интелигенција за да решаваат проблеми, наместо да развиваат свои вештини.

Затоа, треба да запамтиш дека вештачката интелигенција и нејзините алатки се тука за да ти помогнат да ја поттикеш твојата креативност и имагинација, а не да ги замени.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и Графички и UI/UX дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!