Виртуелното учење има широк спектар на придобивки, особено за студентите. Иако часовите во живо и социјалната интеракција помеѓу колегите имаат свои предности, сепак еве дел од причините зошто онлајн учењето е новиот тренд:
1. Флексибилност на учење
Без разлика на која локација и да се наоѓа, студентот може да учи во време што најдобро се вклопува со неговиот дневен распоред.
2. Адаптирано темпо на учење
Преку онлајн настава, студентите добиваат можност да учат со темпото што најмногу им одговара, наместо да се прилагодуваат на брзината на предавање на професорот.
3. Достапни ресурси
4. Подготовка за работа од дома
Онлајн предавањата им покажаа на студентите како би изгледало работењето од дома. На овој начин, тие самите можат да проценат дали преферираат да работат од комфорот на својот дом или да одат во канцеларија.
5. Привлекување на поголем број на студенти
Ако порано во еден амфитеатар можеше да се соберат стотина студенти, со онлајн наставата, оваа бројка е неограничена. Самото ова ги прави образовните институции попривлечни за студенти коишто не живеат на подрачјето на факултетот, а имаат желба да се запишат на истиот.
6. Заштеда на ресурси
Пари за патување, за сместување, сметки и храна се само дел од трошоците што се намалија со адаптирање на онлајн начинот на учење.
За да дознаете повеќе за бенефитите од учењето од далечина – https://www.software2.com/resource-centre/remote-learning/higher-education-benefits