5 предизвици на онлајн учењето и како да се надминат

Пандемијата предизвикана од Ковид-19, принуди многу образовни установи да се пренасочат кон онлајн учењето. Кои се најголемите предизвици за учениците што учат онлајн и како можат истите да се надминат?
predizvici-od-onlajn-ucenje | Softversko inzenerstvo | Brainster Next Collage
Share

Статистиката покажува дека онлајн часовите им помагаат на учениците за 77% поефективно да го совладат наставниот материјал. Сепак и покрај големата флексибилност за учење, виртуелните часови носат со себе недостатоци што треба да се совладат за непречено едукативно искуство.

Кои се најголемите предизвици на онлајн учењето и како да се надминат?

Предизвик #1: Постојана дистракција од домашната околина

Решение:

Размислете во кој дел од денот сте најпродуктивни. Одредете си неколку часа за непрекинато учење во овој период од денот и тргнете ги сите крадци на време.

Дури можете и да си ги додадете овие неколку часа во Google календар како резервирано време за учење. На овој начин ќе останете одговорни пред самите себе.

Предизвик #2: Недостиг на мотивација

Решение:

Наградете се себеси после секоја успешно научена тема или завршена домашна задача. Доколку тоа не Ви успее, можеби треба да размислите за промена на локацијата за учење.

Наместо од дома, пробајте да учите од парк или во најблиското кафуле и забележете дали ќе има некаква промена.

predizvici-onlajn-ucenje
Извор: www.pexels.com
Предизвик #3: Технички проблеми со интернет

Решение:

Штом забележите дека Ви паднал интернетот или друга некаква техничка препрека, веднаш информирајте го наставникот.

За разлика од порано, денес наставниците се флексибилни за ситуацијава и веќе имаат однапред подготвени решенија – како снимање на часот за да можете подоцна да го прегледате.

Предизвик #4: Заостанување со знаењето поради исклучени камери

Решение:

При онлајн часови, наставниците не можат да го видат добро говорот на телото на учениците и да го прилагодат темпото според нив.

Затоа, многу е важно учениците отворено да се изразат (макар и преку чат), доколку имаат прашање или проблем со совладување на одредена тематика. Наставниците треба да ја охрабруваат отворената комуникација на секој можен начин.

Извор: www.pexels.com
Предизвик #5: Намалена социјализација

Решение:

Во моменти кога социјалната интеракција е сведена на минимум, наставникот може да организира онлајн средби за дружење или дружење на отворено.

Овие средби може да бидат тематски или само отворен разговор на тема што најмногу ги засега учениците. 

За да навлезете подлабоко во предизвиците од онлајн учењето – https://meratas.com/blog/5-challenges-students-face-with-remote-learning/

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!