5 начини како вештачката интелигенција може да се користи во образованието

Освен интернетот, постои уште една технологија што расте со потенцијал масовно да го промени обликот на образовниот сектор - вештачката интелигенција. На кои начини користењето на вештачка интелигенција ќе го подобри образованието?
vestackata-inteligencija-vo-obrazovanieto | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Статистиката покажува дека во текот на наредните 5 години, употребата на вештачка интелигенција во образованиот систем ширум светот ќе порасне за 50%. 

Иако многу образовни експерти веруваат дека присуството на наставниците не може да се замени со оваа технологија, сепак таа целосно ќе го трансформира начинот на којшто се организираат и спроведуваат наставните програми.

5 начини како вештачката интелигенција може да го подобри образованието

1. Автоматизација на рутински задачи

Како што вештачката интелигенција се користи за автоматизирање на рачните задачи во различни индустрии, истата примена ќе ја има и во образовниот сектор.

Наставниците наместо да трошат време и енергија за организациски и административни задачи, ќе можат истите да ги автоматизираат, како на пример:

  • Oценување тестови;
  • Прегледување на домашната задача;
  • Поднесување на документација;
  • Правење извештај за напредокот на ученикот;
  • Организирање материјали за предавања;
  • Управување и споделување на наставни материјали.

 

Извор: www.pexels.com

Вештачката интелигенција ќе ги автоматизира овие задачи за наставниците да имаат време и енергија да се фокусираат на пренесување знаење, наместо на административни задачи.

2. Персонализирано учење

Вештачката интелигенција може да го персонализира образовниот систем на следниов начин:

  • Адаптирање на материјали за учење според нивото на знаење на секој ученик;
  • Подготовка на персонализирани текстови за секој ученик;
  • Подготовка на дополнителни ресурси за ученици коишто сакаат подлабоко да навлезат во одредена тема;
  • Помош со приспособени материјали за темите што не се добро совладани.

 

Ова ќе создаде околина каде што наставниците ќе понудат поддршка и помош само кога им е потребна на учениците.

3. Флексибилно учење

Вештачката интелигенција ќе ги направи онлајн предавањата достапни за ученици со оштетен слух или вид. 

Дури и учениците што зборуваат поразличен јазик од наставникот, ќе имаат можност да го следат часот со превод во реално време.

Извор: www.pexels.com
4. Ажурирана содржина за учење

Со воведување на вештачката интелигенција, наставните програми нема веќе да имаат фиксна содржина во текот на целата академска година.

Содржината за учење ќе може редовно да се ажурира со помош на вештачката интелигенција. На овој начин, наставниците ќе бидат сигурни дека сите информации што ќе ги споделат со учениците се актуелни и проверени.

5. 24/7 помош за учење

Досега, учениците добиваа одговор на своите прашања при следната средба со наставникот. Но, оваа практика нема да трае уште долго. 

Извор: www.pexels.com

Со помош на ботови со вештачка интелигенција, учениците ќе можат да добијат помош за совладување на било која тема во секое време од денот.

Овие ботови ќе работат како асистенти за учениците инстантно да добијат одговор на нивните прашања.

За да дознаете повеќе за придобивките од вештачката интелигенција врз образованието – https://trainingmag.com/top-7-ways-artificial-intelligence-is-used-in-education/

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!