Како да се заштитите од таргетирани реклами на социјалните мрежи што Ве нервираат?

Чувањето на личните информации е сè потешко во ерата на интернет и социјални медиуми. Современите техники за рекламирање во голема мера се потпираат на искористување на личните податоци на корисниците за да им помогнат на огласувачите подобро да ги продаваат своите производи. Што може да направите во врска со тоа?
zastita-od-targetirani-reklami | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Каде живеете, вашата плата, колку деца имате и каде купувате на интернет се само мал дел од информациите до кои огласувачите имаат лесен пристап кога сакаат да Ве таргетираат со реклами.

Многу современи техники за рекламирање како користење на дигитални отпечатоци од прсти, таргетирање засновано на локација и следење преку уреди, се потпираат на Вашите лични податоци за да ја постигнат целта.

Затоа, не е изненадување што приватноста на податоците, приватноста на интернет и рекламните тракери стануваат важни теми за секој што поминува време онлајн.

Извор: www.pexels.com

Скандали како Cambridge Analytica на Facebook, Capital One и Experian резултираа со разоткривање на лични информации на стотици милиони луѓе правејќи ги лесно достапни за хакерите.

Ова ги освести интернет корисниците за опасностите што постојат доколку нивните лични информации се слободно достапни на интернет.

Дали таргетирањето на интернет може да се спречи?

Со толку многу податоци што секојдневно ги разменуваме на интернет, колку е можно да ги спречите огласувачите да Ве таргетираат? За жал, многу малку.

Заклучокот е дека следењето од страна на огласувачите на интернет, во некоја форма, најверојатно ќе продолжи. За среќа, можно е да ги спречите огласувачите да ги следат барем повеќето од Вашите движења низ интернет просторот и да преземете одредена контрола врз информациите што тие ги знаат за Вас.

Како можете да го запрете или ограничите следењето на рекламите и да ја подобрите приватноста на Вашите податоци?

Извор: www.pexels.com

Ако сакате да ја ограничите количината на Вашите лични податоци што можат да ги следат огласувачите (и да ја зголемите приватноста на Вашите податоци), еве кои едноставни чекори може да ги преземете:

  1. Инсталирајте AdBlock за да ги блокирате рекламите и да ја заштитите Вашата приватност .
  2. Активирајте го списокот со филтри за EasyPrivacy (како дел од AdBlock) за да избегнете веб-бубачки, скрипти за следење и други собирачи на информации за да ја задржите приватноста на Вашата интернет активност.
  3. Овозможете ја опцијата “Do Not Track.” Ова е поставка што му овозможува на Вашиот прелистувач да бара од веб страни што ги посетувате да не ги собираат Вашите податоци од прелистувањето. 
  4. Исклучете ги таргетираните реклами на Фејсбук. Отворете го менито за поставки. Во полето реклами изберете „Поставки за реклами“ и исклучете се од насоченото рекламирање со избирање „Не е дозволено“ на опциите што ќе Ви се појават.
  5. Оневозможете ги колачињата во Вашиот прелистувач. Имајте на ум дека оваа активност автоматски ќе ги оневозможи и добрите колачиња, како на пример Вашите лозинки и шопинг листи.
  6. Користете “Incognito” прозорец (приватен режим на прелистување) што му овозможува на Вашиот прелистувач да ги игнорира колачињата за веб-локациите да не запомнат работи како што се Вашите лозинки.

Од каде да започнете?

Иако има многу начини како да ја зголемите приватноста на податоците, не треба да се обесхрабрувате дека огласувачите сепак ќе најдат начин како да стигнат до Вашите информации за рекламни цели.

Наш совет? Започнете со инсталирање AdBlock – неверојатно лесен начин да започнете на патот кон подобра приватност на податоците!

Извор: www.pexels.com

За да дознаете повеќе како да се заштитите од таргетираните реклами на интернет – https://blog.getadblock.com/introduction-to-data-privacy-how-to-limit-ad-tracking-and-protect-yourself-online-51091934756e

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!