За едукаторите правилно да ги мотивираат своите ученици, треба постојано да се во тек со најновите промени што технологијата ги има врз образованието. Како наставниците да ги искористат технолошките трендови во своја полза? Како да се создадат поефективни средини за учење предводени од технологијата?
Кои трендови во образованието ќе доминираат во 2022 година?
1. Онлајн учењето како флексибилен пристап
Технологијата го трансформираше образованието од корен. Компјутерите и интернетот го променија начинот на којшто учениците не само што можат да пристапат до информации, туку дури и до видеа од самите часови.
Од друга страна, учениците во секое време можат да ги прегледаат снимените часови и подобро да навлезат во едукативната материја без да го нарушат текот на часот.
2. Меките вештини ќе останат во фокусот
Според извештајот Future of Jobs, едни од најважните вештини на работните места се токму меките вештини како:
- Креативност
- Критичко размислување
- Решавање проблеми
- Управување со луѓе
- Емпатија
- Eмоционална интелигенција
- Емоционална контрола
- Комуникациски вештини
- Интегритет
- Eтичка одговорност
- Прилагодливост
- Себе-мотивација
- Самосвесност
3. Намален распон на вниманието
Како што се зголемува користењето на технологијата, така се намалува и распонот на вниманието кај учениците.
Овој пад на вниманието се должи на постојаната стимулација што технологијата им ја нуди на учениците.
За да го задржат вниманието на учениците, наставниците треба да подготват часови што ќе бидат визуелни, интерактивни и со компетитивен карактер.
4. Наставниците како поддршка на учењето
Со голем број на информации достапни со само еден клик, учениците денес ги имаат потребните алатки за самостојно да дојдат до знаење.
5. Доживотно учење како тренд
Тековната, четврта индустриска револуција веќе има влијание врз 50% од работните места. Големиот технолошки напредок го промени начинот на кој работниците ја вршат својата работа.
Наставниците треба да ги мотивираат учениците дека нивното учење не завршува со дипломирањето, туку трае цел живот.
За да дознаете повеќе за трендовите во образованието што ќе доминираат во 2022 година – https://hospitalityinsights.ehl.edu/education-trends-2022