Со рапидниот развој на дигиталната ера и појавувањето на многу нови методологии, алатки и практики во Front-End програмирањето, програмерите мора да се во тек со новите трендови со цел да ги надминат идните предизвици.
Иако предизвиците продолжуваат и понатаму, она на што можеме да се потпреме се трендовите во Front-End програмирањето што ќе заземат фокус во наредните месеци и ќе имаат големо влијание врз ИТ-светот.
Во продолжение, дознај кои се топ 5 трендови во полето на Front-End за 2023 година.
Progressive Web Apps (PWA)
Според неодамнешните студии, луѓето дневно поминуваат најмалку 1-3 часа користејќи ги своите мобилни уреди. Обидувајќи се да ги задоволат потребите на современите корисници, компаниите започнуваат да создаваат веб-апликации кои обезбедуваат одлични кориснички искуства прилагодени за мобилни телефони.
Прогресивните веб-апликации (познати како PWA) се веб-апликации кои не се разликуваат од домашните апликации за корисниците. Поради тоа што главниот дел од податоците се чуваат во cache, тие се брзи, се вчитуваат за само неколку секунди и не им е потребна интернет конекција за да работат, односно сите фунцкии можат да се извршуваат и доколку корисникот нема пристап до интернет во моментот. Секако, главната предност на PWA е радикалното подобрување на корисничкото искуство, што гарантирано ќе доведе до зголемување на стапката на конверзија.
CSS First
CSS како скриптирачки јазик се развива со многу брзо темпо. Тоа што е карактеристично за овој јазик е дека многу од работите што порано се правеа со JavaScript или пак се анимираа од страна на дизајнерите, денес, може да се направат само во CSS. Се очекува сите веб-страници и апликации сè помалку и помалку да се ослонуваат на JavaScript за креирање на разни визуелни ефекти, а главниот виновник за ова се токму новите опции на CSS за 3D трансформации, филтри, каскадни слоеви (layers) и слично.
Dark Mode
Темниот мод (dark mode) на веб-страници и веб-апликации сè повеќе и повеќе се враќа во мода. До пред 2 години ваквиот изглед на страниците и апликациите беше воглавно “geeky” работа карактеристична најмногу за програмерите и tech-ентузијастите, но ова полека се менува. Од минатата година и почетокот на оваа, сè повеќе големи и популарни страници и апликации добиваат темни верзии. Некои дури повеќе ја преферираат темната варијанта, па корисниците треба да ја сменат во светла ако тоа го сакаат, наспроти обратната ситуација што беше во практика порано. Интересно е да се напомене дека дури некои нови апликации сега се креираат само со dark mode, односно воопшто и немаат светла варијанта.
Видео базирани веб-страници и апликации
Брзината на интернетот со себе носи нови можности за дизајн на интересни веб-страници и апликации. Ако до пред неколку години користењето на видеа на веб-страници воглавно се избегнуваше бидејќи многу го успоруваше вчитувањето на содржината, денес разните видео формати и оптимизации што постојат, во комбинација со побрзиот оптички интернет на глобално ниво, овозможува појава на тренд на видео-базирани веб-страници и апликации.
Едноставност
Иако во изминатите неколку години корисниците се повеќе привлечени од фантастични анимации и смели дизајни на интерфејс, сепак минатата година и почетокот на оваа, фокусот повеќе почна да се насочува повторно кон веб-страници кои се поедноставни и лесни за употреба. Едноставноста нуди мнгоу предности за корисниците, а најважната е токму лесното користење и навигирање низ веб-страниците и апликациите. Секако предности од едноставноста гледаат и самите програмери.
Употребата на едноставнен код често работи побрзо и користи помалку ресурси, што доведува до подобри перформанси и приспособливост и помалку подложен на грешки и полесно се тестира, што доведува до апликации со повисок квалитет. Според ова, логично е еден од Front End трендовите за оваа година да биде едноставноста. Без разлика каков вид на производ создавате, обидете се да го одржувате едноставно и интуитивно.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации, и UI/UX и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
За повеќе информации, закажи средба сега!