За сите идни студенти кои сакаат да бидат дел од Brainster Next, првиот акредитиран практичен ИТ-факултет во земјата, имаме одлични вести! Уписите за академската 2025-2026 година за студентските програми Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн се отворени порано од планираното, поради огромниот интерес и веќе запишаните студенти. Не ја пропуштај оваа можност да студирате на факултет кој ти нуди практично и релевантно образование за потребите на ИТ-индустријата. Приемниот тест е отворен!
Но, Brainster Next не е за секого – ова е факултет е за оние кои не се плашат променат светот, да иновираат и да ги следат најновите трендови во технологијата. За оние кои не се плашат од предизвици и кои се подготвени да работат напорно за да ги остварат своите цели.
Нашата заедница од таленти е различна и ние се гордееме со тоа!

Дали Brainster Next е за тебе?
Ќе учиш практично:
Нашите студиски програми се креирани со современа методологија која се состои од 20% теорија и 80% пракса.
Во Brainster Next ќе учиш преку работа на реални проекти и ќе ги развиваш вештините што навистина ти се потребни за твојата кариера. Ќе работиш со експерти од индустријата, ќе имаш можност да учиш од професионалци и да бидеш препознаен додека студираш.
Нашите студенти веќе имаат креирано:
👉 модел за предвидување на стечај на компаниите со 89% точност
👉првата платформа-агрегатор за културни настан
👉модел за машинско учење кој автоматски ги транскрибира собраниските седници преку вештачка интелигенција
👉веб-платформа за реално шоу на стартапи
и многу, многу други продукти кои придонесуваат за нашата заедница!
Што ќе создадеш ТИ?
Ќе ја изградиш твојата кариера: 100% вработување и пракса за секој студент:
Не само што ќе добиеш поддршка и менторство од искусни професионалци, туку ќе ти помогнеме и да се поврзеш со компанијата во која ќе се вработиш по студирање! 100% од првата генерација на студенти ќе бидат со работен ангажман дури шест месеци пред дипломирањето.
Најдобрите студенти не одмараат летото, туку одат на напредни пракси во компании , придонесуваат кон развивање на значајни проекти и се подготвуваат за работната средина. Прочитај како студентите си поминаа на летни пракси во 2024 год:

Ќе бидеш дел од заедница
1️⃣ Ќе бидеш дел од заедница која заеднички расте и се развива. Овде можеш да го запознаеш твојот иден бизнис партнер, ментор или пријател за цел живот.
2️⃣Нашиот факултет има Student Success тим кој нуди персонализирана поддршка додека студираш. Овие се луѓето со кои комуницираш доколку имаш некакви потешкотии за да направите план како да ги надминете, или пак имаш некаква идеја што сакаш да ја споделиш.
3️⃣Ќе бидеш дел од заедница во која ќе припаѓаш и со други таленти и експерти од индустријата кои исто како тебе не се плашат да бидат различни.