BRAINSTER NEXT победија на Собранискиот хакатон за иновации 

Share

Студентите на BRAINSTER NEXT факултетот ја освоија победата на „Дигитален мост“ – Собраниски хакатон за иновации чија цел е зголемување на транспарентноста во јавниот сектор. Нивното победничко решение „Твоја платформа – твоја сила“: модел за машинско учење кој автоматски ги транскрибира собраниските седници преку вештачка интелигенција, ќе овозможува побрзо и полесно навигирање низ важни јавни записи. 

Тимот на BRAINSTER NEXT издвои победа во конкуренција со тимовите од ФИНКИ и СЕМОС по тридневниот хакатон. Студентите добија уникатна можност да работат заедно во една сосема нова средина. По првиот ден со запознавање и панел дискусии каде ескперите ги презентираа целите на хакатон, талентите ги презедоа работите во свои раце и работeа интезивно на креативно и иновативно решение.


Биди дел од образование кое работи на реални проекти за заедницата – студирај практично, студирај IT!


Нашите студенти се веќе подучени од нивното искуство на претходни хакатони организирани заедно со академиите од Brainster, како и од реалните проекти и напредните летни пракси. Па така, имаа можност уште еднаш да ги покажат своите вештини и знаења пред нова публика. 

Младите иноватори работеа интезивно за своите решенија и развој на проектот, искористувајќи ги менторските совети и техничката поддршка кои беа достапни на лице место.

„Горди сме на тоа што нашите студенти ги користат своите вештини за да придонесат и во јавниот сектор. Нивната победа во Собрание, нивната пракса, работата на реални проекти и хакатони се само почеток! Студентите на BRAINSTER NEXT со секој проект ја менуваат индустријата“ – Александар Клашниновски, CEO, BRAINSTER NEXT.

Победничкиот проект кој доби највисоко признание од жирито, постави нови стандарди кај нас! Со автоматската транскрипција преку AI на седниците, моделот на студентите ќе ја олеснува навигацијата низ огромна количина на податоци. Со тоа, граѓаните и медиумите ќе можат многу полесно да пребаруваат и да стигнат до информации. Решението му помага на јавниот сектор во зголемување на транспарентноста. Но, исто така ја потенцираше важноста на отворените податоци и примената на напредни технологии и вештачка интелигенција во јавниот сектор. 

Победата на студентите не само што е нивно огромно лично достигнување, туку и го покажува импактот што младите можат да го имаат на заедницата. BRAINSTER NEXT продолжува да ги поддржува и мотивира студентите со нови можности. Тимот Партнерства постојано работи на обезбедување на нови реални проекти преку кои студентите ќе ја развиваат својата креативност и иновативност и ќе ја менуваат индустријата во земјата и регионот.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!