Search
Контакт

Прва платформа-агрегатор на културни настани во Македонија

Изработката на овој реален проект има исклучително значење за заедницата. Првата платформа-агрегатор за културни настани придонесува одлична прегледност на случувањата. Студентите од Софтверско инженерство и иновации од Brainster Next College одлично и професионално одговорија на тежината и вредноста на задачата.
Share

Студентите на Brainster Next College го полагаат предметот Имплементација на решение како последен предмет од нивната година преку работа на реален проект. На овој начин, тие најдобро можат да проверат што сѐ имаат научено во претходните семестри. На овој испит, студентите од Софтверско инженерство и иновации ги извршија своите задачи за три реални клиенти: „Лабораториум“, Национална опера и балет и Пасворд Продукција. Тие одлично се покажаа презентирајќи ја својата работа во последните неколку недели: изработка на прва платформа-агрегатор на културни настани во Македонија.

Александар Клашниновски, генералниот менаџер на Brainster Next College го отвори почетокот на испитите обраќајќи се кон студентите: „Сега е времето да го употребите своето текстуално знаење и научените вештини“. Тој потенцира дека ова не е исто како работење во изолирана средина, ова е работа на реален клиент и на реален продукт.

СИТЕ ПОЛОЖИВТЕ!


Задачата на студентите не беше мала. Но, ваквата работа ќе им помогне да влезат поспремни на своите први работни места. Студентите од Софтверско инженерство и иновации го применија стекнатото знаење и со програмските јазици креаираа комплетно апликативно решение. Тие работеа заедно во тим, демонстрирајќи одлична меѓусебна соработка. Ја искористија својата имагинација и своите ИТ-вештини за да креираат интуитивна платформа. Под менторство на своите професори и напорна тимска работа, студентите успеаа да стигнат до одлични решенија. По завршувањето на испитот, им честиташе професорот Ивица:  „СИТЕ СТЕ ПОЛОЖЕНИ!

Иако повеќето студенти избраа да работат тимски во изработка на платформата, студентката Ива Чекарова одлучи својот испит да го презентира самостојно. На прашањето поставено од професорот Пешовски, за искуството како е да се работи сама на толку голем проект, Ива одговори:

 „Изработката ми одзема премногу време. Но, не трпеа другите предмети. Мислам дека ако некој е спремен и одлучи да работи сам, може многу да научи ако се реши на овој чекор“. 


Ако сакаш да студираш на практичен начин и уште во првата година од студиите да работиш реални проекти за компании, аплицирај за последниот уписен рок!


Студентот Кристијан Кралевски кој работеше во тим сподели дека имале одлична соработка:

 „Сакам да се заблагодарам на мојот тим, сите вложивме максимално труд. Би сакал и понатаму да продолжам да работам за нив. Предметот ги надмина сите мои очекувања, навистина научив многу. Сакам да се заблагодарам на Ивица и Анастазија за целата поддршка во текот на проектот“. 

Задоволни ментори и клиенти

Професорот Ивица Пешовски им кажа на студентите дека го радува тоа што секој од тимовите додава нешто уникатно на решенијата: респонзивен стил, срциња за броење колку луѓе се пријавени, одлуката на Ива самостојно да работи, интеграција на Google Maps“, итн. За работат на студентите тој сподели:

„Она што можам јас да го споделам за искуството со предметот е дека немав многу ангажман со повеќето од вас и така треба да биде тоа. Ангажманот за мене како професор е најмногу за време на предметите и предавањата, како и на вежбите каде треба да ви помогнам и да ве насочам“.

Јована Јовановска Кануркова од тимот „Партнерства“ им честита на студентите и им се заблагодари на клиентите што се вклучија на овој проект:

 „Оваа платформа сакаме да ја претставиме пред повеќе клиенти и да се користи како едно место за сите културни настани, прво во Скопје, а понатаму и во земјата. Мојата мисија е да ја промовираме оваа платформа пред други клиенти за да можеме да ја користиме сите и да може да заживее“.

Нела Пешовска од Пасворд продукција ги сподели своите импресии за презентациите:

 „Како некој што ги следи сите забавни и едукативни настани во држава, многу е тешко да се најдат сите и да се исфилтираат. Ова што го правите е доста едноставно решение, а придонесува во самото следење на настаните и е во интерес на сите корисници. Самото додавање и едитирање на настанот е направено за секој да може да се снајде“.

Изработката на овој реален проект има исклучително значење за заедницата. Првата платформа-агрегатор за културни настани придонесува одлична прегледност на случувањата. А, студентите од Софтверско инженерство и иновации од Brainster Next College одлично и професионално одговорија на тежината и вредноста на задачата.


Ако сакаш да студираш на практичен начин и уште во првата година од студиите да работиш реални проекти за компании, аплицирај за последниот уписен рок!


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!