Студентите од втора година од Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College добија уникатна можност, својот последниот испит по предметот Имплементација на решение да го полагаат пред клиентот во Cineplexx!
Тие ги презентираа своите решенија на големите екрани во една од кино-салите пред колегите, професорите и реалните клиенти – претставниците на Cineplexx, еден од најголемите ланци на кино во светот. Испитната задача беше да изградат апликација која ќе му помогне на клиентот да добие подобар увид во навиките на своите корисници.
Александар Клашниновски, генералниот менаџер на Brainster Next College, го изрази своето задоволство од генерацијата и фактот дека работат на реален проект кој се базира на машинско учење и користење на вештачка интелигенција. Тоа е особено значајно во денешно време кога е зголемена побарувачката за инженери за AI и конкретно инженери за машинско учење:
Студентите со стекнатите знаења и вештини во областа на податочната наука и машинското учење стигнаа до одлични решенија. На своите презентации, тимски ја претставија задачата што се состоеше од препроцесирање на добиените податоци, изработка на кластери, проверка на точноста и изработка на dashboard за прикажување на податоци. Со помош на овие информации, клиентот понатаму ќе може да креира соодветни маркетинг кампањи.
Милица Спасова, студентка на програмата, го сподели својот впечаток од работата на предметот и го потенцираше значењето за работа на реален клиент:
По завршувањето на презентациите, Билјана Јанкуловска, претставничката на клиентот Cineplexx им порача на студентите:
Горјан Поповски, професорот на Brainster Next College, изјави дека е многу горд на своите студенти кои ја сфатија сериозноста на испитот:
Студентите од софтверско инженерство и иновации се покажаа извонредно на испитот Имплементација на решение, демонстрирајќи високо ниво на вештини и тимска работа. Со нивната посветеност и креативност, тие успеаја да развијат апликации кои овозможуваат подобар увид во навиките на корисниците, што претставува значителен придонес кон технолошкиот напредок. Нивниот успех на овој испит е потврда за нивната подготвеност да се соочат со идните предизвици во индустријата и да продолжат да иновираат во полето на софтверското инженерство.