Search
Контакт

Имплементација на решение: Ребрендирање на фестивалот ТАКСИРАТ

Студентите на Brainster Next Collеge на своите излагања ја разјаснуваа филозофијата и истражувањето зад своите одлуки. Преку изработениот brandbook зборуваа за својата инспирација и креативниот процес. 
Share

Студентите на Brainster Next Collеge од студиската програма UX/UI и графички дизајн го полагаа последниот годишен испит – Имплементација на решение. За разлика од другите факултети, нашите студенти ги покажуваат своите знаења со презентација на реален проект и изработка на реален продукт за реален клиент. На овој испит, задача на студентите беше да изработат бренд идентитет за култниот фестивал „Таксират“.

На испитните презентации, студентите го презентираа своето решение пред колегите, пред своите инструктури и ментори, како и пред клиентите од Пасворд продукција. Почетокот на испитот го најави Александар Клашниновски, генералниот менаџер на колеџот:

„Денешното полагање е круна на вашата целогодишна работа. Дојде време да го покажете своето знање во реална средина и за реален проект. Овој предмет е она што дава живот на вашите вештини. Би сакал и јас на ваша возраст да имав ваква можност, но среќен сум што вие ја имате“.

Студентите создадоа одлични решенија

На испитот, студентите се појавија подготвени за да ги претстават своите оригинални дизајн-концепти. За потребите на своите решение, тие го имаа истражено и значењето на фестивалот „Таксират“ за нашата култура и историјата на овој културен настан. Некои од студентите се инспирираат и од самото значење на името на фестивалот (ТАКСИРАТ – лоша среќа/судбина, малер). Понатаму, на база на своите развиени концепти, тие го покажаа изработениот бренд идентитет за клиентот: логоа со по неколку верзии, симболи, примарна и секундарна типографија, избор на колорна палета, промотивни материјали, постери и визуелна комуникација за социјалните медиуми. 


Ако сакаш да студираш на практичен начин и уште во првата година од студиите да работиш реални проекти за компании, аплицирај за последниот уписен рок


Бојана Коцевска, студентка на програмата, сподели колку е горда на презентациите на своите колеги:

„Сметам дека работата на реалниот проект ми се исплатеше најмногу од сè во текот на целата година. Ова е совршен начин да се покажеме, не само пред менторите, туку и пред самите себе. Најважно на крајот на денот е да сме горди на нашите дизајни. Колективно си имаме многу помогнато во текот на годината и имаме постигнато многу како група“.

Студентката Матеја Николовска искажа задоволство од својата презентација и од презентацијата на останатите во групата и додаде:

„Работата за реален клиент беше одлично искуство. Со работењето на реален проект можеме да провериме што сме научиле и што сме постигнале. Ова е најдобрата припрема за праксите и за идната наша работа“.

Што имаат да кажат професорите и клиентите?

Инструкторите Михајло Тунев и Дијана Димитриевска беа задоволни од излагањата на своите клиенти.

„Не само што ние сме многу задоволни од нивната квалитетна работа, туку и клиентите се исто така задоволни. Студентите завршија одлична работа, сите поминаа супер и навистина се потрудиле во своите решенија. Задоволен сум што ги прифатија и нашите дополнителни совети“, изјави Тунев.

Нела Пешовска, како претставник на клиентите од Пасворд продукција беше воудешевана од посветеноста на студентите. Таа го изрази своето задоволство, споделувајќи дека е среќна што младите таленти кои се помлади од постоењето на самиот фестивал стигнале до одлични креативни решенија:

„Ова беше поплава од различни идеи! Ни дадовте многу убава и нова енергија. Видовме како го доживувате фестивалот и ги слушнавме сите ваши мислења, а претпоставувам и дека сите сте возбудени за фестивалот. Нѐ мотивирате и нас и ви благодарам и затоа“.


Студентите на своите излагања ја разјаснуваа филозофијата и истражувањето зад своите одлуки. Преку изработениот brandbook зборуваа за својата инспирација и креативниот процес.  Изработката на бренд идентитет за клиент како што е „Таксират“, ќе им помогне на студентите и да си го збогатат своето портфолио со одличен проект.


Ако сакаш да студираш на практичен начин и уште во првата година од студиите да работиш реални проекти за компании, аплицирај за последниот уписен рок


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!