Продолжуваме да ги споделуваме резултатите од ова лето од напредните пракси на студентите од практичнот IT факултет Brainster Next . Летото беше исполнето со многу учење, труд, излегување надвор од комфорт зоната, а како резултат се постигнаа значајни иновации и проекти.
Студентите од втора година на Brainster Next факултетот работеа на платформата The Founder Games за нашите партнери НЕТВОРКЕР — платформа која има можност да го обликува стартап екосистемот глобално. The Founder Games е платформа која ги поттикнува претприемачите, амбициозните стартап основачи и сите оние кои сакаат да создадат свој бизнис да се пријават за учество во шестмесечната програма и реално шоу. Целта на програмата е да ги мотивира учесниците да размислуваат, учат и дејствуваат на вистински начин.

Задачата на студентите беше да ја изработат платформата каде корисниците ќе можат да се пријават за учество и ќе бидат водени во процесот на започнување и водење бизнис. Работата на The Founder Games за студентите кои беа дел од напредната пракса во НЕТВОРКЕР претставуваше голема можност да се вклучат во проект кој има потенцијал да направи значајна разлика во стартап екосистемот.
“Мислам дека ова беше едно многу големо искуство за нас кое ќе ни придонесе премногу за понатаму. Работевме на нешто што е доста иновативно и веруваме дека ќе биде исклучително корисно и за во иднина.“ — Кристијан Кралевски, студент на Софтверско инженерство и иновации.
“При работата на оваа платформа имаше многу нервози и многу непроспиени ноќи, но беше една од подобрите искуства од кога стапнавме на факултетот. Ова е многу значајно за нас, бидејќи чувствуваме дека сме дел од нешто поголемо.” — Ангела Апостоловка, студент на Софтверско инженерство и иновации.
Основачката на НЕТВОРКЕР, Сања Митровска, и менторот Теди Пејовски беа воодушевени од резултатите на студентите и нивната посветеност во текот на процесот.
“Огромна благодарност до Теди Пејовски што беше тука за нас, за да ни помогне и да ни биде поддршка во секој момент.” — Кристијан Кралевски.
Платформата The Founder Games не само што е значајна за студентите кои беа вклучени во проектот, туку и за сите амбициозни стартап основачи кои се стремат да го развијат својот бизнис. Работата на овој проект, преку Brainster Next факултетот и НЕТВОРКЕР, е уште еден доказ дека младите генерации, кога имаат пристап до вистинската поддршка и ресурси, можат да креираат иновации кои ќе ја обликуваат иднината.