Во Brainster Next, првиот практичен акредитиран IT факултет во земјата, веруваме дека светот се менува не само преку учење, туку и со работа и практично иновирање. Нашите студенти веќе играат клучна улога во општеството и работат со реномирани компании и создаваат продукти кои ги менуваат стандардите.
Нашиот тим е горд на нашите студенти кои не се плашат да го менуваат светот. Тие се креативни, иновативни и посветени да го подобрат светот во којшто живеат.

Како нашите студенти ја менуваат заедница?
- Студентите учествуваа на хакатон организиран од Ways2Help и Women in Tech Macedonia, каде развиваа платформа за собирање на средства за лекување на луѓе во странство, која се базира на месечни донации.
- Студентите учествуваа на AirCare хакатон, каде развија апликацијата Breathe.mk за пријавување на загадување на воздухот во Скопје.
- Создадоа модел за предвидување на стечај на компаниите со 89% точност за Таргет Груп
- На Собранискиот хакатон создадоа и модел за машинско учење кој автоматски ги транскрибира собраниските седници преку вештачка интелигенција
Ова се само неколку примери за тоа како нашите студенти го менуваат светот. А, ние сме тука да ги поддржиме нашите студенти во нивните соништа и во нивните иновации, без разлика дали сакаат да започнат свој бизнис, да работат на свој продукт или да работат во реномирани компании. Ние сме тука да ги поддржиме во секој чекор.

Како ги поддржуваме нашите студенти?
- Имаме партнерска мрежа од повеќе од 200 локални и интернационални компании со кои соработуваме. Тие им нудат на нашите студенти можности за практична соработка, учество во реални проекти и можности за вработување.
- Нашиот иновативен финансиски модел овозможува достапност на образованието за сите, со можност студирање без почетни трошоци, а плаќање по добивање на вработување.
- Создаваме заедница која вклучува експерти, индустриски професионалци и академски наставници, кои играат улога на ментори, како и тим кој обезбедува персонализирана поддршка на студентите во текот на нивните студии.
Веруваме дека нашите студенти се иднината и постојано инвестираме во развојот на нивните вештини. Но, Brainster Next не е за секого! Brainster Next е факултет за оние кои не се задоволуваат со просечното и сакаат да бидат changemakers во индустријата. Brainster Next е за оние кои сакаат да работат, да создаваат и да иновираат. А, ние сме тука да им обезбедиме поддршка за остварување на нивните соништа и поддршка за почеток на успешна кариера во конкурентниот пазар на труд.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Ако си матурант/ка кој/а не се плаши да го менува светот, тогаш ова е твојата можност да се приклучиш на нашата заедница. Новиот уписен рок е отворен – реши го приемниот тест! Оваа година примаме само 125 студенти!